Среда, 06 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1982 (32)

1ege2888890

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

По повод празникот на светите браќа Кирил и Методиј и во 1982 година во Рим престојуваше делегација на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, како и државната, односно културната делегација и се одржа манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил".

Црковната делегација која престојуваше од 19 до 27 мај, ја предводеше американско-канадскиот митрополит г. Кирил, а членови на делегацијата беа преспанско-битолскиот митрополит г. Петар и протојереј-ставрофор Методи Гогов, професорна Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски" во Скопје.Југословенската делагација, пак, ја сочинуваа: Ерос Секви (СР Србија), Душко Белиќ (САП Војводина) и Цветан Станоевски (СР Македонија).

Манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил" се одржа од 24 до 31 мај, чијашто програма ги имаше следните содржини: се одржа средба и разговори на група југословенски и италијански писатели на тема „Југословенската и инталијанската литература денес".

Учесници од СФРЈ беа Ерос Секви (СР Србија), Слободан Вујачиќ (СР Црна Гора), како и Слободан Мицковиќ и Веле Смилевски (СР Македонија), а од италијанска страна учествуваа Алдо Дејако, Марио Лунета, Фабио Добликер и други. Средбата се одржа во салата на Клубот на книжевниците „Рема Кроче".

Се одржа солистички концерт на пијанистот Владимир Крпан од СР Хрватска, а камерниот хор на Музичкиот центар на САП Војводина, во катедралата „ Света Њезе ин Агоне" настапи со југословенска програма. Во продолжение во салата „Агика" се изврши проекција на филмот „Бановиќ Страхиња" во режија на Ватрослав Мимица и се одржа кратка програма од три цртани филма на авторите Петар Глигоровски,  Дарко Марковиќ и Мирослав Грчев . Исто така, се одржа разговор на тема „Југословенско-италијанската соработка во филмот и телевизијата".

Во текот на престојот членовите на културната делегација беа при мени во Министерството за надворешни работи на Италија од генералниот директор на културната дирекција на Министерството, амбасадорот Серѓо Романо. Црковната делегација, пак , беше примена во Секретаријатот за единство на христијаните од заменик-секретар архиепископот Торела и советниците монсињорите Дипре и Вирвол.

Притоа митрополитот Кирил ги пренесе срдечните поздрави од новиот архиепископ охридски и македонски Неговото Блаженство г. Ангелариј, кој по упокоението на архиепископот г. Доситеј, минатата година беше избран за поглавар на МПЦ. Митрополитот г. Кирил од негово име и од името на членовите на Светиот архијерејски синод искажа искрена благодарност за братското разбирање во текот на сите овие години на поклонување и оддавање почит на македонскиот и сесловенскиот рамноапостол закрилник свети Кирил Солунски во Рим.

Тој искажа особена благодарност за овозможените прилики повеќемина постдипломски студенти од Македонија да ги прошират своите теолошки знаења на понтификалните теолошки институции и да се оспособат за научна работа во Богословијата и Богословскиот факултет на Македонската православна црква. Исто така, митрополитот Кирил ја истакна особената помош што во текот на изминативе години беше пружена од сега покојниот кардинал Фрањо Шепар.

Во програмата на црковната делегација влезе и посетата на словенечкиот колеџ „Словеникум" на чиј влез на посетителот му паѓаат во очи врежаните зборови на мермерната плоча: „Словенците ширум светот, благодарни за дарот на верата, по повод 1200 години од, покрстувањето на словенечкиот народ му го подаруваат Словеникум и во иднина да му го пази пламенот на верата и факелот на културата".

Во овој колеџ работат десетина истакнати професори на понтификалните институти и дваесетина постдипломски студенти од Словенија. На приемот и ручекот, што по повод делегацијата на Македонската православна црква беше приреден од ректорот д-р Максимилијан Језерник, беа разменети здравици.

Исто така, црковната делегација присуствуваше и на литургијата во храмот на „Русикум", а потоа го посети Словачкиот институт „Свети Кирили Методиј", каде беше пречекана од монсињор Франческо Шкода. Притоа, митрополитите Кирил и Петар зборуваа за значењето на рамноапостолското мисионерско дело на светите браќа Кирил и Методиј и нивните најистакнати и нај познати ученици и продолжувачи на нивното дело во Македонија, подвлекувајќи го особено значењето на Светиклиментовиот универзитет во Охрид за развојот на христијанството меѓу словенските народи.

Истиот ден, делегацијата го посети Ирскиот понтификален колеџ, каде се сретна со монсињор Шон и со ректорот на Институтот монсињор Ханли. Во разговорот монсињор Шон ја искажа радоста што во нивниот институт престојува поранешниот студент-постдипломец, сега преспанско-битолски архијереј митрополит г. Петар, покрај чиј живот и однесување даде непосредна можност тие да се запознаат со древните молитвени и монашки традиции на Македонската православна црква и со автентичниот примерен христијански живот на тој истакнат член од нејзината висока епархија.

1ege28888900 1ege288889000

На 24 мај, на празникот на светите Кирил и Методиј, точно на пладне, пред гробот на свети Кирил Солунски, во криптата на базиликата „Свети Климент Римски", каде што со векови почиваат светите мошти на сесловенскиот рамноапостол, започна најсвечениот чин од манифестацијата. Најпрво амбасадорите на СФРЈ во Италија и Светата столица, г. Марко Косини г. Звонимир Стенек, положија венци пред светиот гроб, а потоа со чинодејствувањето на митрополитот Кирил, а во сослужение на митрополитот Петар и протојереј-ставрофор Методи Гогов, го отслужи молебенот на македонски јазик.

На свеченоста учествуваше хорот на „Русикум", кој под диригенство на јеромонахот Људевико Пихлер на македонски јазик го пееше тропарот на свети Кирил. Молебенот со внимание го следеа покрај амбасадорите, делегацијата и голем број словенски претставници на Римокатоличката црква, на Понификалниот хрватски завод „Свети Ероним", на чело со ректорот д-р Ратко Периќ, на колеџот „Словеникум", на чело со ректорот д-р Максимилијан Језерник, бројни професори, свештеници и постдипломци од Ориенталиот институт и од Русикум, претставници на Ирскиот колеџ и Словачкиот институт во Рим, како и голем број свештеници, монаси и монахињи.

Од името на ватиканскиот државен совет присуствуваше монсињор Минас Сајна, а од името на Секретаријатот за единство на христијаните, монсињор Никола Вирвол. Беше присутен и словенечкиот асистент на Исусовата дружба, монсињор Петар Галаунер. По завршувањето на молебенот митрополитот Кирил одржа слово во кое говореше за делото на свети Кирил Солунски и постигањата на Македонската православна црква во светлоста на 15-годишниот јубилеј од обновувањето на нејзината автокефалност. Притоа, тој, меѓу другото, истакна: 

... Овој свет молебен над твојот гроб, светителе наш и возљубен учителе Кириле, го извршуваме со посебна радост, зашто годинава прославува и се радува целата Македонска православна црква. Го прославуваме петнаесетгодишниот јубилеј од обновувањето на автокефалноста на нашата Света црква. Прославуваме со нов поглавар на нејзиното светиклиментово кормило, зашто нејзиниот обновител, блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, веќе една година е заедно со тебе во паното Аврамова, молејќи се заедно со тебе за своето дело во кое го втемели сето свое земно чекорење. 

Радувај се свети оче Кириле, радувај се со нас и со твојто свет ученик Климент. Радоста наша, која се извива во пламен во срцата на сите верни македонски чеда, принеси ја денес пред престолот на Севишниот Бог како твој дар, како заслуга на твојот апостолоподобен ученик свети Климент, зашто се што правиме е само нов чекор врз вашето чекорење, нов цвет и нов плод врз од вас посадено евангелско дрво на плодното македонско тло.

Нашата празнична радост, принесена во царството на небесната Божја црква, споделена со венецот на светителите и опеана со песните на ангелите, веруваме ќе ги одмрзне и ќе ги растопи замрзнатите и закоравените срца за љубов на ова парче земја во космосот, та меѓу сите луѓе да зацари мирот, рамноправноста и братољубието .

Во текот на престојот во Рим, делегацијата на Македонската православна црква беше примена и се задржа на ручек кај амбасадорот г. Звонимир Стенк, каде присуствуваа и амбасадорот г. Марко Косин, г. Антониј Јерков, г. Веле Смилевски, дописник на РТВ Скопје и секретарот на југословнеската амбасада при Светата столица г. Петар Кастелин.

Другиот ден делегацијата беше примена од кардиналот Рацингер, кој е секретар за вероисповедание, а во Понтификалниот универзитет „Салезијана" делегацијата ја пречека монсињорот Анџела Амато. На овој факултет постдипломски студии посетува теологот г. Петко Златески, за кого беа искажани бројни пофални зборови. Исто така, делегацијата беше примена од архиепископот Поџи, заменик-државен секретар за надворешни работи на Ватикан, како и од кардиналот Каприо и од професорот Шпидлик во Ориенталниот институт.

На јавната аудиенција, пак, папата Јован Павле II ја прими делегацијата на Македонската православна црква што ја предводеше митрополитот Кирил. Тој срдечно ја поздрави делегацијата која возврати со благодарност за искажаното внимание на поглаварот на Римокатоличкатацрква на Светата столица во целина. Притоа, митрополитот Кирил ги пренесе поздравите од поглаварот на Македонската православна црква, изразувајќи му ја трајната благодарност за досегашната соработка во евангелско-екуменските односи.

Потоа делегацијата беше примена од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Аугустино Казароли, при што митрополитот Кирил ја пренесе желбата на поглаварот на Македонската православна црква да биде примен во приватна аудиенција кај Неговата Светост папата за да му ја предаде својата благодарница за прогласувањето на светителите Кирил и Методиј за созаштитници на Европа заедно со свети Бенедикт. Кардиналот Казарели се заблагодари за посетата и рече дека лично ќе се заложи да биде исполнета желбата на поглаварот на Македонската православна црква.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.