Среда, 13 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
ПЕТНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1983 ГОДИНА (33)

1seve3ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

По повод одржувањето на традиционалната манифестација „Југославија во чест на свети Кирил" од 23 до 25 мај годиава во Рим престојуваа делегации на СР Македонија и на Македонската православна црква. Државната делегација јапредводеше потпретседателот на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија и претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници г. Кочо Тулевски, а членови беа: д-р Борис Петковски, професор на Филолошкиот факултет во Скопје, Цирил Злобец, писател и публицист од СР Словенија, Аника Сковран, стручњак од Народниот музеј во Белград, СР Србија и д-р Тонка Маројевиќ, соработник во Центарот за историски науки на СР Хрватска.

Црковната делегација, пак, ја предводеше преспанско-битолскиот архијереј митрополитот г. Петар, заедно со ѓаконот Славе Пројковски. И оваа година програмата за манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил", што ја организира Националниот синдикат на писателите на Италија беше богата и се состоеше од следните содржини: за првпат во Италија се организира изложба на македонската резба, што се одржа во една од најрепрезентативните сали во Рим – „Палацо Венеција". Изложбата ја отвори г. Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за култура на Македонија.

Потоа во истиот музеј се одржа тркалезна маса на тема „Југославија-Италија: пораки и зачетоци во културата на осумдесетите години", при што д-р Борис Петковски, Аника Сковран, Цирил Злобец и д-р Тонак Маројевиќ зедоа учество како членови на југословенската културна делегација, додекаод италијанска страна настапија Фабио Доблигер, член на претседателството на националниот синдикат и писателите Чезаре де Сада и Ѓулијано Манакорда, а се изврши и промоција на новоизлезените книги од југословенските автори на италијански јазик и тоа: ,,Фонетика на македонски јазик" од проф. д-р Нуло Муниси, Наум Китановски и Умберто Чинкве и „Во регистратурата" од Анте Ковачевиќ. 

На 24 мај на Денот на светите Кирил и Методиј, во црквата „Свети Климент Римски", делегацијата на Македонската православна цркваотслужи благодарствен молебен над гробот на свети Кирил, на којприсуствуваа околу осумдесет гости. Тука, положија венци државнатаделегација, предводена од г. Кочо Тулевски, како и југословенските амбасадори во Рим и Ватикан. На крајот од молебенот митрополитот г. Петар произнесе свечено слово во кое говореше за потребата од правда, мир и слобода меѓу сите луѓе во светот. Тој, меѓу другото, рече: 

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух

„Дивен е Господ во своите светии"

Денес, насекаде каде се слуша милозвучниот словенски збор и ширум светот, на светите браќа Кирил и Методиј им се пеат пофални и благодарствени песни. И нас, на ова свето место, самиот Господ Бог не собра да им благодариме заеднички и да им се помолиме. Не собра како поклоници на Вистината, на Правдата и Мирот, на Љубовта и Слободата, зашто Бог е Љубов. 

Слободата и Мирот, Вистината и Правдата без Љубовта ја немаат онаа животворна сила која овие божји дарови ги издигнува над земното и телесното. Проткаени со љубовта и темелени во срцата на луѓето, како полната на божеството, тие човечкото достоинство го издигнуваат до небеска височина. Со таква определба во срцата денес од името на целата МПЦ над гробот на Свети Кирил отслуживме благодарствен молебен, прославувајќи го Бога во делата на неговите светии. 

Наоѓајќи се овде, над овој свет гроб и доживувајќи го духовното присуство на рамноапостолните свети браќа Кирил и Методиј, во своите души го оживуваме секој нивни чекор на земајта, секој нивни збор и нивните горешти молитви кон Бога за соединување на сите Божји цркви и за остварување на Царството Божја на земјата како и на небото. 

Тие добро знаеја дека Царството Божја на земајта, Царството на љубовта, се остварува не со оружјето на силата и себичноста туку со оружјето на верата, надежта и љубовта. Но тие, исто така, знаеја дека оружјето не е нивно, туку им е дадено од Бога за да се прослави Бог на земјата. И токму затоа, за се што постигнаа во својот живот на земјата, слава и благодарност Му оддаваа на Бога, радувајќи се во страданијата и одбегнувајќи ги земните почести ...

За време на престојот во Италија, југословенската културна делегација го посети Институтот за славистика на Универзитетот во Рим и Универзитетот во Неапол каде беа подарени комплет книги од македонски автори од областа на литературата и лингвистиката. Исти такви книги им беа подарени и на југословенските амбасади во Рим и Ватикан.

1seve33

Охрид

Делегацијата на Македонската православна црква, пак, го посети Секретаријатот за единство на христијаните, Ориенталниот институт, хрватскиот завод „Свети Ероним", ирскито колеџ и словенечкиот колеџ „Словеникум", каде имаше средби во кои евангелската љубов можеше да се доживее преточена во едно вистинско заемно почитување и уважување. Тоа беа средби во кои доминираше она што го соединува човекот, без оглед на реалните различија и посебности. Беа тоа моменти кои посведочуваа дека посебностите и особеностите не се нешто што разединува и што ги руши мостовите на пријателството, туку предизвик за што поголемо заемно запознавање и доживување во христијанскиот дух.

Исто така, за време на престојот на делгациите на СР Македонија и на Македонската православна црква ги прими папата Јован Павле II во Ватикан. На средбата која помина во срдечна атмосфера, во сообразност со традиционално добрите односи на Македонската православна црква и Светата столица, присуствуваше и амбасадорот на СФРЈ при Светата столица г. Звонимир Стенек. При средбата Неговата Светост папата Јован Павле II, обраќајќи се на митрополитот Петар, на г. Кочо Тулевски и на другите присутни на приемот изрази најдобри желби за успех во работата на Македонската православна црква, при што рече: „Да е благословена од Бога вашата црква и вашиот народ". 

Потпретседателот г. Кочо Тулевски беше примен и од членот на италијанската влада и потсекретар на Министерството за надворешни работи г. Бруно Карти. Во разговорот стана збор за мошне успешниот развој на односите меѓу Италија и Југославија и за соработката на Македонија со италијанската покраина Емилија Ромања, која неодамна ја посети делегација на СР Македонија. На средбата Карти-Тулевски се разговараше и за значењето на манифестацијата во Рим, што се одржува во знак на почит и признание кон делото на големиот просветител свети Кирил.

Цветан Грозданов: „Портрети на светителите од Македонија од /Х до XVIII век" , изд. Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје 1983, стр. 321.

Според воведот на оваа комплексна студија, предметот на проучување е насочен кон откривање на еден дел од влијанието на македонските Славени во создавањето на уметничките дела што се однесува на изборот и претставувањето на светителските личности, чиј култ имал основни жаришта во Македонија. Првиот дел од книгата Цветан Грозданов им го посветува на портретите на словенските првоучители Кирил и Методиј, а во истата истражувачка рамка свое внимание ќе им посвети и на портретите на Климент и Наум Охридски, како и на композицијата на Седмочислениците во живописот по црквите и манастирите. Особено поширока анализа е извршена врз портретите на Климент.

Посебен дел им е посветен на портретите на другите светители од Македонија, како што се петнаесетте тивериополски маченици, Еразмо-Размо Лихндиски, Прохор Пчињски, Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Иларион Мегленски и др. Авторот се задржува и врз проследувањето на културното движење во Македонија, конкретно во охридската диецеза во рамките на историјата на уметноста од XVIII век. На тој план се разоткриваат влијанијата настанати меѓу Охрид и Москополе во збогатувањето на иконографијата и посебното влијание

врз Карловачката диецеза и врз Света Гора. Во тој контекст се проучуваат и портретите на Јован Владимир, Самоиловиот брат Давид и на Теофилакт Охридски, а е истакната и творечката дејност на Христофор Жефаровиќ.

Никола Бошале: „Климент Охридски и школата на хуманизмот“; Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, Охрид 1983, 9-169.

Авторот на овој труд пополнува една празнина, еден аспект на согледување на хуманизмот во средновековниот период, поврзан за Охридската книжевна школа и Климент Охридски. Меѓутоа, за да се сфати феноменот Охрид авторот се задржува на значајната предисторија на овој град, времето на антиката и предхристијанскиот период. Бошале ги претставува Лихнидос и Хермелеја, култот кон непосредните и живи односи, за да и даде акцент на Климентовата школа на хуманизмот, на одразот во народната традиција. Се разбира целокупниот социолошки приод кон оваа тема ја чини книгата занимлива, а авторот со оваа социолошка студија пополнил еден значаен вакуум во изучувањата на засегнатата проблематика од средниот век.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.