Среда, 27 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
СЕДУМНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1985 ГОДИНА (35)

1aci3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во 1985 година, по традиција кога се одбележува 1100-годишнината од смртта на свети Методиј во Рим, се одржа манифестацијата „Во чест на свети Кирил", втемелувачот на словенската писменост и култура. Во рамките на програмата на оваа значајна манифестација се одржа изложба на уметнички колор-фотографии „Светлините на Охрид" од талентираниот охридски фотограф Ристо Шапкар, којашто претходно беше подготвена по повод вклучувањето на Охрид во УНЕСКО-виот список на објекти од светско значење, а д-р Јосип Братулиќ, професор на Филозофскиот факултет во Загреб, одржа предавање на тема: „Наследството на Константин-Кирил и Методиј на Балканот".

Државната делегација ја сочинуваа: проф. д-р Данчо Зографски, шеф на делегацијата, дописен член на Македонската академија на науките и уметностите и директорот на Институтот за национална историја во Скопје, потоа д-р Јосип Братулиќ , професор на Филозофскито факултет во Загреб, Алберт Бубичиќ, советник за култура во амбасадата на СФРЈ при Република Италија и Михаил Банде, помошник – претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, која беше и организатор на манифестацијата.

Црковната делегација, пак, ја сочинуваа митрополитот австралиски г. Тимотеј и свештеникот Спасе Стефановски. Манифестацијата отпочна во Рим на 20 мај 1985 година со свеченото отворање на изложбата „ Светлините на Охрид" чија ликовна-графичка спрема на каталогот и експозицијата на изложбата ја направија Нико и Жарко Този, а се изврши во присуство на преку 120 гости, меѓу кои беа и амбасадорот на СФРЈ при Република Италија Анте Скатеретико и амбасадорот на СФРЈ при Светата столица Звонко Стенек, директорот на музјот г. Бернини, претставници на Министерството за надворешни работи на Италија и Ватикан, поголем број истакнати јавни и културни работници од главниот град на Италија и други гости. 

Воведен збор, со мошне топла и н тонација, имаше г-ѓата Барбеилини Амидеј, заменик на диркторот на музејот, а изложбата ја прогласи за отворена шефот наделегацијата проф. д-р Данчо Зографски, чијшто говор на италијански јазик го прочита проф. Лионело Константини, шеф на Одделот за србокроатика при Институтот за славистика на Универзитетот во Рим.  На изложбата беше претставен репрезентативен каталог и изложени 180 примероци од поранешните изданија на италијански јазик на посебната публикација „Gloria а ѕап Cirillo", и на специјалниот број на списанието „La battana", коешто беше посветено на Македонија.

На 23 мај во Рим, проф. д-р Јосип Братулиќ го одржа своето предавање на тема: „Наследството на Константин-Кирил и Методиј на Балканот", кое наиде на мошне добар прием кај присутните.

Традиционалната церемонија, којашто беше одржана на 24 мај 1985 година на гробот на свети Кирил во црквата „Сан Клементе" во Рим, помина пригодна и достоинствено. Најпрвин, делегацијата и амбасадорите на СФРЈ положија венци и свежо цвеќе, а делегацијата на МПЦ одржа молебен со асистенција на хорот на „Русикум".

Во текот на манифестацијата се организираа неколку средби и при еми. Така, на 22 мај 1985 година двете делегации беа примени од кардиналот Силвестрини, кој ја врши фунцкијата министер за надворешни работи на Ватикан.

Иако со мошне задоцнета најава, на 23 мај двете делегации во придружба на амбасадорот Звонко Стенек беа· примени во посебна аудиенција кај папата Јован Павле II. Во разговорот што се водеше спонтано на македонски, односно на повеќе јазици, беше изразено обостраното задоволство од позитивниот придонес на манифестацијата којашто помага во продлабочувањето и проширувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Исто така, на 23 мај проф. д-р Данчо Зографски , во придружба на амбасадорите Анте Скатеретико и Звонко Стенек, беше примен и во Министерството за надворешни работи на Република Италија, каде што имаше подолга пријателска среба со г . Бартоломео Атолико, директор на Културната дирекција за надворешни работи, задолжен за културна и научна соработка со странство.

Потоа д-р Зографски заедно со советникот за култура при амбасадата на СФРЈ, Алберто Бабиќ, го посети директорот на Архивот на Министерството за надворешни работи, проф. д-р Енрико, при што стана збор за можноста македонски историчари да истражуваат во овој Архив дипломатски документи од значење за македонската историја.

Во текот на манифестацијата, а во чест на државната делегација на Македонската православна црква, двајцата југословенски амбасадори приредија свечен прием, на којшто меѓу гостите присуствуваа и високи функционери од Министерството за надворешни работи на Итаија, од Ватикан и повеќе истакнати јавни и културни работници, како и раководители

на стопански и други претставништва во Рим. Исто така, културната делегација имаше средба и разговори со проф. д-р Лионело Константини, кој се интересираше за издавање поголема едиција литературни преводи.

1aci33

И оваа година манифестацијата „Во чест на свети Кирил" доби забележително место во средствата за јавно информирање, како во Македонија, така и во Италија.

МАНУ ја одбележа 1100-годишнината од смртта на Кирил Солунски, а во 1985 година и годиншнината од смртта на Методиј. По повод 1100-годишниот јубилеј беше организиран научен собир на тема „Кирилометодиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија". Собирот се одржа под покровителство на Советот на академиите на науките и уметностите на СФРЈ. Собирот се одржа од 1 до 3 октомври во Скопје.

Целта на собирот беше да се долови поширок приод кон разоткривањето и запознавањето на состојбите во Македонија во старословенскиот период и на живата кирилометодиевска традиција во Македонија.

Претседател на Организациониот одбор беше академик Блаже Конески, кој и го отвори симпозиумот. Собирот го поздравија: претседателот на Советот на академиите - Сурја Пуповци, претседателот на МАНУ - Јордан Поп Јорданов, и претседателот на Републичкиот комитет за образование и наука - Анатоли Дамјановски, ректорот на Универзитетот „Кирил и Методиј" од Скопје - Христо Андонов-Полјански .

На собирот учествуваа 35 излагачи. Покрај југословенските научници, настапија и претставници од Австрија и Полска.

На 6 август 1985 година, претседателот на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, Драгољуб Ставрев, во Охрид ја отвори изложбата „Словенска писменост", по повод 1100-годишниот јубилеј на свети Методиј. Од оваа година изложбата прерасна во „Постојана изложба на словенската писменост" во Охрид.

Експозицијата ги претстави собрани на едно место спомените на словенската писменост од сите словенски подрачја, од IX век, се до појавата на современите словенски книжевни јазици.

На изложбата беше поделен каталогот „Словенска писменост", Охрид 1985.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.