Среда, 04 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
ОСУМНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЧЕСТ НА 1100 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА СВЕТИ МЕТОДИЈ ВО 1986 ГОДИНА (36)

1klu3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Единствено во Рим тече постојана река на посетители, кои можат во сите четири годишни времиња да ги разгледуваат монументалните уметнички галерии, споменици од минатото, низ улиците, на плоштадите, во центарот и периферијата на градот. Овој музеј и единствена светска галерија има свој центар, најпосетениот уметнички паметник – црквата „Свети Петар".

До неа е сместен и Ватикан, со не помалку значајните експонати, канцеларии, голема библиотека. Овде некаде беше и центарот на одржаниот Интернационален славистички конгрес. На славистичкиот конгрес учествуваа научници-слависти од словенски и несловенски земји. Македонската делегација ја сочинуваа четворица научни работници: акад. Петар Илиевски, проф. Радмила Угринова-Скаловска, проф. Вера Стојчевска-Антиќ и д-р Наум Целаковски.

Во аулата на Универзитетот „Урбанизам", каде што се одржуваше Конгресот, беше поставена изложбата „Македонска книга", којашто се состоеше од 200 книги. Насловите се однесуваа на областите: историја, литература, култура, јазик, уметност и наука. Во оваа аула славистите разговараа, ги минуваа паузите од работата и имаа можност да добијат претстава за македонската издавачка дејност. За одредени наслови постоеше и поголем интерес.  Конгресниот комитет изрази благодарност за подарените книги, коишто ќе останат во трезорите на ватиканската библиотека.

Во секцијата литургија-култ-археологија, проф. Јижи Марија Весели говореше за современите културни дострели во Македонија, базирани врз традицијата. Посебно се осврна на значењето на култот, на поширок план, во којшто го вклучи дејствувањето на браќата Кирил и Методиј. Со длабочината на културниот култ, засведочен во Македонија, треба поблиску да бидат запознати европските и другите народи.

Како продукт на браќата се појави плодотворниот Климент Охридски, Охридската книжевна школа во Охрид и Македонија. Преку неговото дело кирилометодиевскиот култ продолжи да живее и да се шири и надвор од Македонија. Весели посебно ги истакна специфичностите на Славените, кои не се зародиле во новата татковина. Свети Кирил и Методиј ним им дале многу културни продобивки, но и тие самите не почнале тогаш од нултата точка. Тој истакна дека на градот Охрид му претходела долговековна културна традиција.

Учесниците на Конгресот ги посетија гробовите на значајните христијански проповедници и мисионери, меѓу кои и на свети Петар и на свети Кирил.

По повод 1100-годишнината од смртта на свети Методиј во повеќе словенски и европски центри се одржаа разновидни манифестации и изложби. Во Рим покрај Славистичкиот конгрес, беше отворена изложба од копии на македонски фрески од средниот век (IX-XIII) во уметничката галерија „La Pigna". Изложбата траеше од 5 до 19 октомври и ја посетија голем број посетители, и домашни и странски.

За оваа изложба посебен свој придонес даде проф. Јижи Марија Весели, во соработка со Републичката комисија за културни врски со странство од Скопје.

Ве чест на прославите на свети Кирил и Методиј во Рим беа приредени повеќе изложби. Меѓу нив треба да се апострофираат изложбата на средновековните македонски икони и изложбата на новопронајдените теракотни икони од Виница, коишто ги подготви д-р Коста Балабанов.

Во јубилејната 1985 година во Болоња (од 20 декември до 12 јануари) беше отворена изложба на фотографии од Ристо Шапкар, од македонските фрески од IX до XIII век, по повод соработката меѓу Република Македонија и регионот Емилија Ромања во Италија.

Чествувањата во Рим и Италија беа проследени и со заеднички научни собири, со предавања од повеќе научни области и во разновидни научни и културни институции, како и во цркви, уметнички галерии и сали.

Во јубилејната 1985 година беше снимен документарен филм во два дела во копродукција на Италијанската телевизија (РАИ) и Телевизија Скопје со наслов „Учениците на Методиј". Филмот го режираше Роберто Алтамура од Рим, а сценариото го подготвија професорите Јижи Марија Весели, археолог од Универзитетот „Свети Томазо" во Рим и Вера Стојчевска-Антиќ од Универзитетот „Кирил и Методиј" во Скопје. 

Од 13 до 17 јануари 1986 година, откако филмот беше реализиран, Вера Стојчевска-Антиќ, со уредникот на Телевизија Скопје - Васил Тоциновски, престојуваа во Рим за дефинитивното одобрување на филмот. По долги дискусии забелешките беа заеднички прифатени. Всушност, филмот се состои од три дела. Првиот дел е работен од РАИ, а вториот и третиот дел се снимени речиси целосно во Македонија, поточно во Охрид во 1985 година.

1klu33

Рим

На приемот кај папата, по повод Интернационалниот славистички конгрес во знак на јубилејот за свети Методиј, проф. Вера СтојчевскаАнтиќ му беше претставена на папата Јован Павле II од страна на проф. Јижи Марија Весели. Разговараа околу реализираниот филм, за учеството на Телевизија Скопје, при што папата го изрази своето задоволство, бидејќи веќе го гледал филмот.

Во февруари 1985 година, по повод прославата од смртта на свети Кирил во Рим, на првата програма на РАИ се емитуваше триделниот документарен филм за браќата свети Кирил и Методиј и нивните ученици. Филмот беше прикажан и во други европски земји, во Република

Македонија, а посебен третман доживеа во Германија. Директорот на документарната редакција од РАИ, господинот Ѓузепе Лизи, изрази задоволство од заедничката работа и пројави интерес за нови остварувања. Филмот наиде на одѕив во информативните гласила во Италија и Македонија.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.