Среда, 01 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
ДЕВЕТСНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1987 ГОДИНА (40)

1dev999

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во 1987 година културна манифестација „Во чест на свети Кирил" започна во Рим и траеше од 19 до 26 мај. Во текот на прославата беа одржани повеќе манифестации на културно и на верско ниво, со коишто се дава придонес во традиционалното одбележување дишнината од смртта на еден од творците на словенската писменост и култура свети Кирил.

Делегацијата во Рим ја предводеше Борислав (Борче) Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура, а во неа беа вклучени: д-р Борис Петковски, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, академик Крум Томовски, секретар на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, и академик Војислав Кораќ, член на Академијата на науките и уметностите на Србија и професор на Филозофскиот факултет во Белгард.

Црковната делегација ја предводеше митрополитот австралиски г. Тимотеј. Во изведувањето на програмата со свое предавање се вклучи и проф. д-р Томислав Марасовиќ од Филозофскиот факултет од Сплит и директорот на Заводот за градителско наследство од Сплит. Преведувач на делегацијата беше Наум Китановски, виш предавач на Филолошкиот факултет во Скопје.

Манифестацијата почна со две предавања што професорите В. Кораќ и К. Томовски ги одржаа на Универзитетот „Ла Сапиенда". Пре давањето на професорот Кораќ на овдешната публика ѝ ја претстави архитектурата на словенските народи и нивни те византиски корени, додека професорот Томовски ги изложи основните одлики на македонската архитектура во средниот век. Професор Томислав Марасовиќ одржа посебно предавање на сакралната архитектура на високиот среден век на источниот брег на Јадран на Ватиканскиот универзитет „Свети Тома Аквински". Професорите Кораќ и Томвоски одржаа слични предавања во Неапол на тамошниот универзитет. На предавањата на Римскиот и Неаполскиот универзитет присуствуваа голем број студенти и професори од отсеците архитектура и славистика.

Југословенските претставници од името на Универзитетот ги поздрави професор Лионело Константини од отсекот за книжевност и славистика на Римскиот универзитет. На предавањето присуствуваа и амбасадорите на СФРЈ при Светата столица, Штефан Цигој, како и претставници на амбасадата на СФРЈ во Италија.

Сите овие предавања оставија силен впечаток и уште еднаш го побудија интересот за југословенската наука во Италија, во Ватикан, па и пошироко. Нивното значење е во тоа што сите предавања ќе бидат објавени, што значи дека ќе бидат ставени на увид на светската научна јавност. Инаку, не само предавањата, туку и целата манифестација беа атрактивни за италијанската манифестацијата го доби во италијанскиот печат. Водечките италијански весници како што се „Република", „Ил Месерџеро" и „Опсерваторе Романо" објавија најави и пошироки текстови за предавањата што беа одржани.

1dev9999

Архангел Михаил

Пред одржувањето на предавањата на Римскиот универзитет, делегацијата ја прими и поздрави продеканот проф. Франческо Питочо, кој ѝ подари публикации за развојот на оваа установа. А, Ш. Цигој зборуваше за личноста на падре Јиржи Мариа Весели и за неговата книга „Grideranno /е pietre" („Ќе врескаат камењата"), издадена од Институтот Шилер во Рим на италијански јазик, а чија промоција беше изведена по овој повод.

Книгата е коментар на папската енциклика за словенските апостоли светите Кирил и Методиј, и додека првиот дел е научно-теолошка студија за дејствувањето на браќата свети Кирил и Методиј, вториот дел е приказ на соработката помеѓу Италија и СРМ во областа на археологијата и уметноста (снимање филмови од страна на РАИ и Санпаоло филм од Рим за кирилометодиевската проблематика), прашањата поврзани со изложбата на македонските икони во Рим 1986 итн.

На 21 мај, културната делегација беше примена во приватната библиотека на папата Јован Павле ii, со што за првпат ѝ е даден толку висок третман и од протоколарната страна. Поздравувајќи го папата, претседателот Наумовски го истакна посебното значење на манифестацијата, со која се одбележува денот на св. Кирил. Притоа ја нагласи и конкретната помош што Светата столица и нејзините институции ја даваат при реализацијата на културните приредби што се одржуваат во Италија и Ватикан веќе 19 години.

Заблагодарувајќи му се на папата за помошта, а посебно за онаа од минатата година кога во Музеите на Ватикан беше организирана познатата изложба на икони од Македонија, претседателот Наумовски додаде дека во Југославија мошне високо се цени придонесот што го дава папата во развојот на односите меѓу СФРЈ и Светата столица, за неговиот придонес за подобро разбирање меѓу народите, за мир во Европа и во светот, за развојот на културната соработка итн.

Одговарајќи на поздравната реч на претседателот Наумовски, папата евоцираше спомени од неговите студентски денови и студирањето на старословенскиот јазик, „што му овозможува целосно да го разбира македонскиот јазик, но не е во можност на тој јазик и да се изразува".

Во продолжение го истакна значењето на манифестацијата и изрази задоволство што на најсвечен начин се искажува поврзаност и оданост кон светите браќа кои имаат огромни заслуги за евангелизацијата на словенските народи и нивниот културен развиток.

Непосредно пред средбата со папата, културната делегација беше примена и од надбискупот А. Силвестрини, секретар на Советот за јавни работи во Црквата. Во разговорот, Силвестрини изрази големо задоволство што секоја година по традиција доаѓа до средба со културните и црковните делегации. „Светата столица, истакна Силвестрини, мошне позитивно ги оценува напорите за што посвечено да го одбележи Денот на сесловенските просветители". Според Силвестрини, посебно место во одбележувањето на Денот и припаѓа на минатогодишната изложба на икони од Македонија, како првокласна културна приредба.

Потоа делегацијата беше примена во Министерството за надворешни работи на Италија од Стефана Д'Андреа, ополномоштен министер (задолжен за спроведување на Осимските спогодби). Разговорот на кој присуствуваше и амбасадорот на СФРЈ во Рим А. Скатеретико, беше содржаен и корисен и како основна тема ја имаше годинешнава манифестација „Во чест на свети Кирил", а беше проширен и со теми од целокупната културна соработка меѓу двете земји.

На разговорот со министерот Д'Андреа се разгледани и плановите за јубилејната годишнина на манифестацијата „Во чест на свети Кирил" (1988), а третирани се и други теми од културната соработка меѓу двете земји, како што се актуелизирањето на прашањето за одржување изложби, симпозиуми, научни собири и средби, соработка меѓу универзитети и други институции.

Министерот Боланзино, кој присуствуваше на разговорот кај Д'Андреа, информира за научната соработка и за претстојното заседание на заедничката Комисија за обнова на научниот протокол, објаснувајќи ги конкретните и мошне елаборирани ставки кои фигурираат во документот особено на планот на соработката на институти, универзитети итн.

Шефот на делегацијата Борче Наумовски изрази задоволство од досегашната културна соработка и резултатите, поврзувајќи го ова во контекстотот на годинашнава манифестација „Во чест на свети Кирил". Притоа, ја подвлече и неопходноста од натамошно проширување и продлабочување на овој значаен вид билатерални односи, тргнувајќи од Осимските спогодби како база за натамошен развој на соработката, со почитување на реципроцитетот како услов за димензионирање на културната размена. Во разговорите со соодветно образложение беше изнесен предлогот италијанската страна да ја разгледа можноста за воведување емисија на македонски јазик на програмата на РАИ.

Делегацијата приреди ручек во чест на кардиналот Уго Полети, римски викар и претседател на Конференцијата на бискупите во Италија. Покрај него на ручекот присуствуваа уште двајца високи свештеници и функционери во Ватикан, претставникот на службата за печат при Светата столица, делегацијата на Македонската православна црква на чело со господин Тимотеј, митрополитот австралиски, проф. Л. Константини со сопругата и падре Јиржи Мариа Весели.

Традиционалната манифестација „Во чест на свети Кирил" заврши во Рим со положување на венец на гробот на свети Кирил во црквата „Св. Климент". Венецот го положија членовите на делегацијата, предводена од Борислав Наумовски, а венец положија и членовите на делегацијата на Македонската православна црква предводена од митрополитот г. Тимотеј.

И годинава на разговорите што беа водени во Ватикан и во Рим стана збор за продлабочување на натамошната соработка, при што посебно се говореше за соработката меѓу Ватикан и Музејот на Македонија, кој ја организираше минатогодишната изложба на иконите во Ватикан, потоа за соработката меѓу универзитетите, соработката на полето на архивистиката, на заштитата на културно-историските споменици и на археологијата, полиња во кои Ватикан има светски признаени стручњаци.

Потоа беа разгледувани и конкретните можности за издавање на публикации кои би послужиле за подобро меѓусебно запознавање, за размена на кадри во повеќе научни области, за размена на стручњаци и на студенти, вршење на специјализации и други облици на соработка.

Доне Илиевски, „Македонско православно свештенство во борба за национална и црковна слобода", Сојуз на здруженијата на православните свештеници на СР Македонија, Скопје 1987. Книгата содржи значаен материјал за историско-црковните настани, како сведоштво за борбата на македонскиот православен свештеник во националата и црковната слобода на македонскиот народ.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.