Среда, 03 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА ЗА АКАДЕМИКОТ СИНИША СТАНКОВИЌ (2)

1lu4

Во текот на 1916 година, со реорганизација на српската војска, бил упатен во Франција, во градот Гренобл, каде се запишал на факултет и ги продолжил студиите по биологија. Бидејќи добро го познавал францускиот јазик, без проблем и веднаш се вклучил и се адаптирал на новата средина. По две години, во 1918 година, со успех ги завршил своите студии по природни науки на Универзитетот во Гренобл.

Неговата научна и интелектуална способност била крунисана во 1921 година, со одбраната на докторската дисертација на тема „Развиток и исхрана на младите рипчиња од ципринидите (ларви од фамилијата на крапот)“, што ја одбрани на француски јазик. Инаку, треба да се истакне дека професорот Станковиќ, покрај францускиот јазик што му беше „втор“ мајчин јазик, зборуваше и се служеше со англиски,  германски и со руски јазик, како во науката, исто така и во обичниот живот.

          Како доктор на науки се вратил во Белград во 1921 година, каде што бил избран за асистент по биолошки науки на Белградскиот универзитет, по две години за вонреден професор, а во 1934 година за редовен професор на Универзитетот и бил еден од најценетите педагози, водејќи настава по повеќе зоолошки дисциплини во периодот од четириесет  години, па сè до 1962 година кога бил пензиониран.

          Заради неговата богата научно - воспитна дејност, во 1934 година професорот Станковиќ бил избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите (според едни извори), а според други - во 1935 година, а за редовен член на Академијата беше избран во 1946 година.

          Својата наставна кариера професорот Станковиќ ја започнал, главно, во 1922 година со изборот за доцент на Белградскиот универзитет. До Втората светска војна тој станал истакнат универзитетски професор, пројавувајќи голема активност во низа биолошки дисциплини.

         Уште во тоа време сметал дека треба да се направи освежување на биолошката настава и на проучување на биолошките науки, притоа особено се ангажирал за формирање на екологијата како наука што ги проучува односите меѓу живите организми и нивната конкретна средина.

         1lu44

Со таа своја преокупација професорот Синиша Станковиќ успеал да воведе настава и да се започне со научно - истражувачка работа од областа на екологијата, која во тој период била сосема млада и мошне перспективна еколошка дисциплина. Направил голем напор и почетен потфат екологијата да ја претстави како млада наука и научна дисциплина не само низ универзитетската настава, туку ја приближил до сите еколози и до широката јавност. А особено дошло до израз со појавата на неговата најшироко позната, научно - популарна еколошка монографија „Рамка на животот“, печатена  на српско-хрватски јазик во 1933 година.

          Инаку, оваа монографија повторно била отпечатена по ослободувањето во 1945 година и претставува единствен учебник од таков вид за студентите по биологија и прирачник за голем број читатели надвор од научниот свет. Врвот на достигнувањата на сите напори што професорот Станковиќ ги правел на полето на екологијата дошло до израз со објавувањето на книгата „Екологија на животот“, на српско-хрватски јазик, во 1962 година. Во книгата, општите принципи на екологијата се поткрепени со примери од истражувањата на екологијата во која се внесени резултати и заклучоци до кои се дошло во земјата и во светот.

          Настојувањата на професорот Станковиќ да ја воведе и да ја развие екологијата се покажало во целост оправдани и денес таа се учи не само како модерна и многу значајна дисциплина, туку и како своевидна филозофско - теоретска област. Тоа е научна област која сè повеќе се покажува како единствена надеж, пред сè од големата опасност за човештвото, а човекот – било од незнаење или од непочитување на еколошките законитости, прави катастрофална грешка уништувајќи ја и деградирајќи ја својата природна животна средина што го опкружува.

          Големината на професорот Станковиќ и неговата заслуга е во тоа што сегашната состојба ја предвиде, речиси, визионерски пред многу години, кога гласно предупредуваше дека човекот не е само член на својата тесна општествена заедница, туку, во исто време, тој е член на целиот жив свет околу него.

         Исто така, тој велеше дека една од задачите на екологијата е да го одреди односот на човекот кон останатата жива природа, која е неразделна целина што човекот интензивно ја користи. Затоа, со право може да се каже дека Синиша Станковиќ е основач на модрената наука - екологијата и тоа е едно од неговите врвни научни достигнувања.

          Д-р Павле Савиќ, нуклеарен физичар, професор на Белградскиот универзитет, академик и општественик, за професорот Станковиќ го има кажано следново:  

          „Со долги и долгогодишни испитувања успеа да дојде до таква синтеза што ја содржат и научните трудови и популарните дела во кои со особено мајсторство излагаше и им даваше на читателите многу за вистинското сознание на, за него, посебен наративен и уметнички начин.          

Со својата широка, стручна и општа култура, професорот Станковиќ навлегуваше во мошне сложени проблеми на човековата околина или, воопшто, „рамка на животот“, како што тој ја нарекуваше.

          Беше свесен за огромните опасности кои што потенцијално ги содржат биолошките можности, со кошмарните експерименти што луѓето во светот ги прават во таа област. Меѓутоа, докрај го сочува неуништливиот оптимизам и верба во човековиот разум. Докрај остана убеден дека луѓето во целиот свет на својот пат кон подобра иднина ќе ги надминат тие кризи, сметајќи ги за кризи на разумот.

          Својот оптимизам го внесуваше во секоја работа со која се занимаваше. Со неговиот голем број научни трудови стекна реноме на мошне ценет и ширум светот познат научник; со својата педагошка работа остави плејада научни соработници и ученици, формира биолошки лаборатории и остави оспособени кадри да го продолжат неговото дело.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.