Среда, 10 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
СИНИША СТАНКОВИЌ И НЕГОВИТЕ ПРВИ ИСТРАЖУВАЊА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (3)

1bliz31

Според податоците од академик Синиша Станковиќ, тој за првпат дошол во Охрид во 1922 година како доцент на Белградскиот универзитет. Откако го видел Охридското Езеро станал вљубеник до крајот на својот живот и остана ненадминат познавач на езерскиот жив свет. Меѓутоа, за важноста на Охридското Езеро знаел уште како студент, од проучувањата на виенските зоолози Ф. Штеидахнер и К. Стурану, кои во 1892 година откриле во Охридското Езеро извесен број ендемични риби и полжави.

Потоа, од обемните и значајните географски, геолошки и хидролошки истражувања на познатиот српски географ Ј. Цвијиќ, од значајните трудови на Ж. Ѓорѓевиќ, С. Караман, Е. Новак, Ф. Космат, Ф. Гебел и други кои извршиле обемни хидролошки, флористичко - фаунистички, лимнолошки и други проучувања на Охридското Езеро и на неговата околина.

Сите претходници заклучија дека Езеро е многу старо, а е старо најмалку два милиони години и богато со особен растителен и животински свет кој живее само во Охридското Езеро или во еден тесен регион околу него. Извесен број растенија и животни се сосем идентични или блиски на некои фосилни остатоци на Балканскиот Полуостров и на Средна Европа. 

Познато е дека познатиот српски научник Јован Цвијиќ на крајот на деветнаесеттиот век, во Македонија, особено на Охридското Езеро ги извршил своите фундаментални географски, геоморфолошки, еколошки и лимнолошки испитувања, врз чии резултати и дела се засновуваат познавањата за Езерото, за неговата котлина, нејзиниот состав и потекло.

         1bliz333

Хидробиолошки завод во Охрид

          Професорот Синиша Станковиќ, пак, ги започнал своите истражувања од физичко -хемиските карактеристики на водата и на биоценотичкиот состав на одделните живи  единки до обемните флористички и фаунистички испитувања. За обработка на тие материјали, тој ангажирал голем број надворешни соработници од земјата и од светот, кои дадоа драгоцен придонес за откривањето на карактерот на Охридското Езеро и на големиот број ендемични видови,  потфамилии и фамилии од  флората и од фауната што го населуваат Охридското Езеро и околните води.

          Сумирајќи ги резултатите од истражувањата, како и од поранешните географско -геолошки изучувања, во своето значајно дело „Фауната на Охридското Езеро и неговиот жив свет“, објавено на германски јазик, направи крупни генерализации за потеклото и за фауната на Охридското Езеро и неговото биогеографско значење.

         Кога се зборува или се пишува за Охридското Езеро, секогаш се мисли на безбројните нишки кои Хидробиолошкиот завод ги негува за безбедниот развој и за безбројните истражувања на живиот свет на Езерото и на околните води, како интегрален и нераскинлив дел на природата на овие простори.

          Хидробиолошкиот завод е еден од првите четири научни институции во Македонија, а истовремено и е една од првите установи од таков вид на Балканскиот Полуостров. Од 1951 година, дотогашната Хидробиолошка станица прерасна во Завод, продолжувајќи ја својата научна дејност како важна институција во Македонија.

          Во врска со Хидробиолошкиот завод, особено интересно е да се спомне 1934 година кога во тогашна Југославија се одржал Седмиот светски лимнолошки конгрес, а во таа пригода била изведена постконгресна екскурзија на Охридското Езеро. Притоа, учесниците на конгресот, на самото место биле запознати со неговото значење, реткиот жив свет во него,  исклучителното богатство на флората и на фауната, со постанокот и со голем број други карактеристики на Охридското Езеро.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.