Среда, 19 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Битолски триод

Битолскиот триод, познат и како Кичевски е македонски средновековен ракопис, кој според записите што стојат на него, ракописот го пишувал Георги Граматик од с.Вапа-Дебарско во с. С' лп-Кичевско. (Видоески, Божо (1988). „Јазичните појави во Битола и Битолско денеска и во минатото: реферати од научниот собир одржан од 7 до 9 септември 1984 г. во Битола“. Македонска академија на науките и уметностите )

fragment-od-rakopisot
Фрагмент од ракописот

Пишуван е на пергамент во втората половина на XII век, со уставно писмо, на 101 л. (275?195мм). Текстот е кирилски со тоа што на 56 места се вметнувани цели изрази со глаголско писмо. Тука, заедно со трипеснеците на византиските химнографи стојат и оригиналните трипеснеци на Константин Преславски. Интресно е и тоа што на повеќе места има екфонетски знаци. Сите овие и другите писмени траги зборуваат дека ги носи јазичните особености на Охридската книжевна школа. Битолскиот триод се наоѓа во ракописниот оддел на Бугарската академија на науките во Софија под бр.38. Она што е посебно значајно за триодните текстови е фактот во нив да се откриваат и оригинални стихови од нашите познати средновековни творци (Климент Охридски, Наум Охридски и др.). Тоа се најсигурните сведоци дека и на овие битолски простори многу долго се задржале кирилометодиевската глаголска традиција. Во многу од нив сретнуваме и глаголско и кирилско писмо. Иако кирилицата сe повеќе се користела, глаголицата и натаму се практикувала, после неколку векови по Климента, на нашиве терени.

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.