Македонски легенди

Димитар Узунов

dimitar-uzunov

dimitar-uzunovДимитар Христов Узунов (1842 – 9. X 1887) е македонски преродбеник од задоцнетата преродба во Македонија. Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски “Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта”, и пишува во весниците “Македонија”, “Право” и “Прогрес”. Во 1868 година заедно со Гругор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура, а по нивното враќање во Охрид доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.

Димитар Узунов е роден во 1842 година во Охрид. Татко му Христо Узунов кој учел во Скадар во 1830 година е меѓу малкуте жители на Охрид, кој знае да чита славјански. Димитар своето првично образование го стекнува во Охрид во училиштето на Георги Мустрев, ученик на Бигорскиот манастир, кој во својот дом, заедно со својот син Никола, ученик на Зографскиот манастир, го отвора првото вечерно приватно училиште на македонски јазик. Двајцата се потикнати од Партеније Зографски, што ќе се одрази и на младиот Димитар Узунов, кој потоа образованието го продилжува во Русија.

Димитар бил близок соработник на Григор Прличев, кој е оженет за неговата сестра Анастасија. Извесен краток период работи како трговец, а потоа од 1866 до 1879 година учителствува во Охрид, Кукуш, Струга, Битола и Куманово.

Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски “Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта” и  пишува за цариградските весници “Македонија” (3 декември 1866 – 25 јули 1872), “Право” (1869 – 1873) и “Прогрес” (???).

Во 1868 година заедно со Григор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура. По враќањето во Охрид во почетокот на ноември 1868 година, во согласност со Охриѓани доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.

По создавањето на Кнежеството Бугарија во 1878 година Димитар Узунов се населил во Софија и работи како помошник библиотекар во Народната библиотека.

Во 1881 – 1882 година, Димитар бил назначен од Егзархијата за учител во Охрид и за  училишен инспектор во Охридско и Струшко. Во овој период доаѓа до заладување на односите со неговиот зет Прличев.

Во 1883 година е учител во Кукуш, во 1883/1884 учебна година е економ во Солунската машка гимназија, а од 1884 година бил повторно учител во Куманово, каде останува се до својата смрт. За време на своето учителствување во Куманово, тој активно се бори против српската пропаганда.

Димитар бил оженет за Анастасија Узунова (1862 – 1948), која потекнува од стариот струшки преродбенски род Чакарови, која е прва братучетка на Христо Матов и Милан Матов. Димитар и Ансатасија се родители на тројца дејци на ВМОРО Христо Узунов, Андон Узунов и Ангел Узунов. Братот на Димитар, Константин Узунов е кројач, кој меѓу 1855 – 1860 година е учител во Охрид, а потоа заминува да учи во Русија, но истата година умира.

Димитар Узунов починал на 9 октомври  1887 година во Куманово. Според Симеон Радев, Узунов, кој вложува многу напори во борбата против српската пропаганда во Куманово, најверојатно е отруен од србоманите.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top