Македонски легенди

Анешти Узунов

anesti-uzunov

anesti-uzunovАнешти  Узунов (7. II 1914 – 10. V 1943) е македонски револуционер, учесник во движењето на отпорот за време на Втората светска војна и организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Како млад се вклучил во ВМРО(Об) и на судскиот процес во 1936 година, кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. По излегувањето од затвор во 1938 год. ја продолжил својата револуционерна работа. Бил секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941). Загинал во вооружен судир со бугарската полиција.

Анешти Николов Узунов е роден на 7 февруари 1914 година во село Плевна, Драмско, Егејскиот дел на Македонија. Работи како печатарски работник во Софија. Во 1932 година, како млад станува член на работничката младински сојуз (РМС) и БКП, а потоа се вклучува во редовите на ВМРО (Обединета). Тоа е период кога обласниот комитет ВМРО (об) за Пиринска Македонија се посилно истакнува постоењето на одделна македонска нација

Во почетокот на 1935 година обласниот комитет ВМРО (об) за Пиринска Македонија излезе со вонредно значајна декларација во која се вели „Како што Македонците под грчка власт не се ниту „славофони“ ниту „чисти Грци“, како што Македонците под српска власт не се „вистински Срби“, така и Македонците под бугарска власт не се Бугари, ниту пак сакаат да станат такви. Македонскиот народ има свое минато, сегашност и иднина, не како прикрпа на империјалистичките (држави) Бугарија, Грција и Србија, туку како самостоен славјански елемент, кој што ги има сите признаци на посебна нација, која се бори веќе со десетлетија  за извојување на свое право на самоопределување дури до отцепување во одделна политичка државна заедница од угнетувањето на империјалистичките држави.

Ваквите ставови на ВМРО (об) беа пречка за бугарските управници за спроведување на нивната денациолизаторска политика, поради што беа започнати апсења и судења на функционери и дејци на ВМРО (об) во Пиринска Македонија. На ВМРО (об) и беше нанесен најтежок удар со извршената провала во 1936 година, кога околу 60 највидни раководни функционери и активисти на Организацијата разоткриени и изведени пред суд. Меѓу затворените и осудените се наоѓа и  името на Анешти Узунов.

На судскиот процес на оваа група обнинетите отворено изјавуваа дека по национална припадност се Македонци и дека се борат за извојување на суверенитет и државно конститурање на македонската нација.

За време на судскиот процес во 1936 година, кога биле судени членовите на ВМРО(Об) и Анешти Узунов пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. Како соработник на ВМРО (Об.) тој е осуден на пет и пол години затвор.

По излегувањето од затвор во 1938 година, Анешти Узунов ја продолжил својата револуционерна работа. Од 1939 година е секретар на Работничкиот младински сојуз (РМС) и член на околискиот комитет на БРП (к) во градот Неврокоп (денес Гоце Делчев).

Всушност во предвечерието на Втората светска војна голем дел од раководството и активистите на ВМРО (об) дејствуваат на теренот како раководители и активисти на Кумунистичката партија и имаат посебен авторитет кај народот. Тие поактивно го истакнуваат разрешувањето на македонското прашање како еден од главните услови за вклучување на масите во вооружената борба.

Во почетокот на Втората светска војна војна во 1941 година, Анешти Узунов како секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941).е организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Во септември 1942 година, тој поминал во илегала и потоа станал командант на Неврокопската чета.

На 10 мај 1943 година, Анешти  Узунов бил убиен во вооружен судир со бугарската полиција во близина на селото Рибново, Неврокопско.

По неговото име е наречен Неврокопскиот партизански одред.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top