Македонски легенди

Георги Мадолев

georgi-manolev

georgi-manolev

еорги Мадолев (13. III 1916 – Софија) е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, член на БРП (к). Во текот на Втората светска војна, во периодот 1941 – 1942 година, тој ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП. Од јули 1942 година тој е борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а потоа и политички комесар на Разлошкиот партизанскиот одред “Јане Сандански“. Исто така бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“. Мадолев бил активен за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на Информбирото во 1948 г. дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај.

Георги Стефан Мадолев е роден на 13 март 1916 година во Разлошкото село Белица, Пиринскиот дел на Македонија. Во 1937 година станал член на Околискиот комитет на кумунистичката партија на Бугарија.

Во текот на Втората светска војна, во периодот од 1941 до 1942 година, ја одржувал врската меѓу Околискиот комитет и Централниот комитет на Бугарската работничка партија  – БРП (к). Во јули 1942 година влегува како борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а во 1943 година станува политички комесар на Разлошкиот партизански одред “Јане Сандански“. Извесно време бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“.

По деветти септември 1944 година, кога на власт доаѓа Отечествениот фронт, Мадолев како Македонец ја следи тогашната политиката на БРП (к) и бил еден од најактивните за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија.

Во 1946 година Феорги Мадолев ја напишал брошурата “Кон решение на македонското прашање”, а кон крајот на истата година (21. XII 1946), тој е еден од потписниците на решението на бирото на Околискиот комитет на БРП (к) – Горна Џумаја, населението во Пиринскиот дел да им се дозволи да се пишуваат како македонци.

Исто така, Мадолев бил еден од најодлучните Македонци кој барал воведување и изучување на македонскиот јазик и писмо во училиштата во Пиринска Македонија. Исто така, за оние кој се спротивставувале на Културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија, тој често знаел да каже дека тие и „кој не сака да учи македонски јазик, нека си заминат во Бугарија“.

Во 1945 година, Мадолев стана првиот одговорен уредник на весникот „Пиринско дело“. Од 1945 до 1946 година, тој  е раководител на одделот во Околискиот комитет на БКП. Помеѓу 1946 и 1948 година беше претседател на Околискиот комитет на ОФ за Благоевград.

По Резолуцијата на Имформбирото во јули 1948 година, Мадолев дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај.

Во декември 1948 година, Герги Мадолев еден од најинтелигентните партизани во Пиринскиот дел на Македонија, бил принуден, на V-от конгрес на БКП, да си направи “самокритика” за својата промакедонска позиција.

Потоа од 1948 до 1950 година бил претседател на Околискиот народен совет во Разлог. Од 1953 до 1957 година работел во Софискиот градски народе совет, а помеѓу 1957 и 1963 година бил во Националниот совет на Отечествениот фронт. Од 1963 до 1968 година бил секретар на Врховниот читалиштен сојуз. Во периодот од 1968 до 1971 година, тој е претседател на Републичкиот совет за лекторска пропаганда, а потоа заменик-претседател до 1976 година. Автор на мемоарската книга со наслов “Парапуновци”.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top