Македонски легенди

Ѓорѓи Киселинов

gjorgji-kiselinov

gjorgji-kiselinov

Ѓорѓи Јакимов Киселинов (3/16. V 1888 – Скопје, 29. IX 1961) е македонски филолог, фолклорист, граматичар, лексикограф, дијалектолог, етнограф, преведувач и публицист. Непосредно по Ослободувањето подготвува за печат “Кратка македонска граматика“ (25. Х 1944) и учествува на Првата конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944).

Ѓорѓи Јакимов Киселинов е роден на 3 (16) мај 1888 година во Охрид. Основно образование завршил во родниот град, а од 1903 година учи во Битолската машка класична гимназија. По завршувањето на гимназијата во 1907 година и курсот по грчки јазик, Киселинов две години учителствувал во Хрупишта и во Костур. Од овој период е и неговата прва публикација „Географски опис на град Хрупишта“ објавена во егзархискиот весник „Вести“ во Цариград.

Од 1909 до 1915 година, Ѓорѓи Киселинов студирал и го завршил Историскофилолошкиот факултет (Словенски отсек) во Одеса. Како студент тој бил во блиски односи со Крсте Петков Мисирков и го издавал списанието  “Театръ и Танцы“ (1911), а потоа станал коиздавач на “Къ Свѣту“ и на списанието “Славянскиј Югъ “ (1912).

Ѓорѓи Киселинов учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна. По веста за почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, тој ги прекинал студиите и се приклучил како доброволец во Македонско-одринското ополчение, во Штабот на Четвртата битолска дружина. Во 1913 година, бил награден со орден за храброст IV степен. Подоцна тој ќе издаде спомени за учеството во Македонското ополчение, како и редица други побликации.

По завршувањето на Првата светска војна во 1918 година, Ѓорѓи Киселинов се вратил во Македонија и работел како гимназиски професор. Од 1920 до 1941 година, српските власти постојано го преместувале и тој како гимназиски професор работел во Охрид, Подгорица, Ресен, Сента, Алексинац, Биело Полје, Плевле, Ќуприја, Скопје, Сомбор, Велика Кикинда, пак во Биело Полје и Подгорица.  

Во периодот меѓу двете светски војни,  Киселинов објавува бројни публикации од областа на фолклорот, лингвистиката и етнографијата. Соработувал со многу списанија, зборници и весници, а особено значење има неговата книжевна дејност во 1937 и 1938 година, кога го уредува и Скопското списание “Луч“. Во него се објавуваат редица материјали на мајчиниот македонски јазик. По забраната за списанието, Киселинов се преселил од Скопје во Подгорица.

За време на Втората светска војна (1941 – 1944), Киселинов работел во гимназиите во Скопје. Од 1941 до 1943 година бил директор на женската гимназија, а во учебната 1943/ 1944 година и учител во машката гимназија во Скопје. Во 1942 година станал член на Македонскиот научен институт од 1942 година.

Непосредно по ослободувањето Ѓорѓи Киселинов ја подготвил за печат “Кратка македонска граматика“ (25 октомври 1944), а од 27 ноември до 4 декември 1944 година учествувал на Првата конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик. Заради различните погледи, тогашните власти го остраниле од научната работа и тој работи како хонорарен преведувач во книгоиздателствата “Култура“ и “Просветно дело“ (1945–1947), а потоа бил професор во Економското (1947– 1948) и во Средномедицинското училиште (1948–1950). До пензионирањето службувал како библиотекар во Ректоратот и потоа во Народната и универзитетска библиотека (1950–1961).

Ѓорѓи Киселинов е автор на средношколски граматики и преведувач на повеќе публикации. Неговата учебна македонска граматика била публикувана во 1956 година, а во 1962 година, посмртно  била објавена и една негова кратка руска граматика.

 Ѓорѓи Јакимов Киселинов  починал на 29 септември 1961 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top