Македонски легенди

Сашка Петковска

1s

1sСашка Петковска

Сашка Петковска (7. IV 1951 – 30. VIII 1983) е македонска интерпретаторка на популарна музика. Во 70-те години на минатиот век беше голема музичка ѕвезда и модна икона која остави богато музичко наследство зад себе. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Cantagiro), на кој освои трето место. Настапувала со голем број познати солисти (К. Слабинац, Нови фосили, З. Чолиќ, Седуммина млади) и соработувала со познати автори на популарна музика (С. Димитров, К. Костов, Д. Масевски и др.). Учествувала на скопските фестивали. Снимила педесетина песни за продукцијата на МРТ, од кои дел беа хитови (“Што ли да ти кажам“; “Песно моја“; “Може ќе те сретнам“; “Најмил мој“ и др). Покрај солистичката кариера, беше член и на групата “Македонија“.

Сашка Петковска е родена на 7 април 1951 година во Зрењанин. Нејзиониот татко кој е воено лице набрзо добил прекоманда и Сашка како многу мала доаѓа во Битола каде го поминува детството. Одновно и средно образование завршува во Битола, а Филолошки факултет, група англиски и француски јазик завршува во Скопје.

Уште како мала Сашка станува позната како “девојчето со убав глас”. Во основно образование таа е зачленета во драмски секции и пее во пионерските домови. Потоа е ангажирана од групата „Скромни“, предводена од Славе Димитров, Кире Костов, Сашо Барабанов…

По почетоците со групата од Битола, Сашка набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Cantagiro), на кој освои трето место. Потоа следуваат нејзините настапи на сите фестивали на забавни мелодии во нашата земја, како и учество на „Златен Орфеј“ во Бургас, Р Бугарија. Добива повеќе награди и тоа: Прва награда за интерпретација на композицијата „Еден пораз не е крај“ во Суботица, Втора награда за интерпретација на „Толку љубов“ во Бургас, Прва и Втора награда на Фестивалот за забавни мелодии – Скопје за „Никогаш, никогаш“ и „Бакни ме“.

Сашка Петковска настапувала со голем број познати солисти (Крунослав Слабинац, Нови фосили, Здравко Чолиќ, Седуммина млади) и соработувала со познати автори на популарна музика (С. Димитров, К. Костов, Димитар Масевски и др.)

Во 70-те години на минатиот век Сашка Петковска станува голема музичка ѕвезда и модна икона која зад себе остави богато музичко наследство. Зад себе има шеесетина снимки, неколку емисии на просторот на бивша Југославија, на Радио Скопје, шоу емисии и настапи на ТВ Скопје, ТВ-шоу на австриската телевизија и снимка за Интервизија. Исто така и таа има успешни настапи на националните телевизии на Бугарија, Советскиот Сојуз и Полска.

Најголем успех Сашка постигнува со композициите: „Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Грижа“, „Среќна сум што живеам“, „Чувство“, „Чао, адио“, „Запри срце“…

Сашка Петковска станува сопруга на познатиот естраден работник и менаџер Марио Липша, кој долги години беше на чело на најпознатата естрадна институција во Македонија, здружението на естрадни уметници „Естрада“.

Сашка Петковска – Липша одреден период беше и членка на легендарната вокално-инструментална група „Македонија“ предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Верица Ристевска и др.

Сашка Петковска почина 31 август 1983 година. Таа беше една од девете жртви во тешка собраќајна несреќа која се случи кај селото Градобил, на патот Куманово – Свети Николе. Животот го загуби премлада. Имше само 32 години, останаа нејзините песни преку кои таа сè уште живее меѓу нас.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top