Македонски легенди

Вангел Тодоровски – Мајорот

Vangel

VangelВангел Тодоровски – Мајорот

Вангел Наумов Тодоровски – Мајорот (1920 – 24. IV 1942) е македонски револуционер, комунист и народен херој. Бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ од 1940 година и член на МК на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќе пати бил апсен. По фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на МК на КПЈ во Битола, а при еден обид од бугарските власти да ја откријат, го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил. Прогласен е за народен херој на Југославија  на 2. VII 1952 година.

Вангел Тодоровски е роден во 1920 година во Битола, во сиромашно занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште учел фризерски занает. Како бербер, тој читал марксистичка литература и се истакнувал меѓу младите со своите револуционерни ставови. Тој станал активист на Урсовите синдикати и се истакнувал со својата работа, поради што бил назначен за секретар на подрачното друштво на фризерските работници и член на меѓуструковиот синдикален одбор.

Во 1940 годиниа Вангел Тодоровски стана член на Комунистичката партија на Југославија. Полицијата која од порано ја следела неговата работа го уапсила истата година. Иако  бил измачуван во полициската станица, тој не признал дека се занимава со револуционерна работа. По напуштањето на затворот тој ја продолжил партиската работа и станал член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола.

По окупацијата на земјата во 1941 година, Вангел ја продолжил својата партиска работа, која имала за цел да се подготви народот за вооружено востание. Тој работел во групата која имала задача да собира и крие оружје, муниција и друг воен материјал, што остана по капитулацијата на југословенската армија.

Во есента 1941 година, бугарската окупаторска војска го повикала Вангел на отслужување на воениот рок. Меѓутоа, тој не сакал да му служи на окупаторот, па така, со одобрение на партијата, заминал во илегала и продолжил да работи на подготовките за формирање на партизански одред. Набрзо добил задача од Месниот комитет да работи со партиската техника.

Во април 1942 година, бугарската полиција успеала да го открие скривницата на партиската техника со која раководел Вангел. На 24 април 1942 година, кога влегле во скривницата заедно со окружниот шеф на полицијата, Вангел ги дочекал бугарските полицајци со револвер. Тој отворил оган врз нив и смртно го ранил началник на полицијата. При размената на оган, Вангел ранил уште еден полицаец, а кога видел дека не може да се пробие, тој се застрелал со својот последен куршум, за да не падне жив во рацете на непријателот.

По повод големиот македонски нациналниот празник Илинден, Вангел Тодоровски, познат под псевдонимот Мајорот, со Указ на Президиумот на Натодното собрание на Федералната Народна Република Југославија, на 2 август 1952 година бил прогласен за народен херој.

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Најнови вести

To top