Македонски легенди

Јордан Цеков – Дане

1cek1

1cek1 Јордан Цеков – Дане

Јордан Цеков – Дане (15. VII 1921 – 20. XI 2019) е македонски комунистички деец, првоборец, воен командант, општественик и публицист. По Априлската војна во 1941 година учествувал во прибирањето оружје и муниција. Бил борец на Вториот јужноморавски НОПО, командир на чета на Кумановскиот НОПО и на Кумановскиот НО баталјон „Јордан Николов“, командант на Единаесеттата македонска НО бригада и на Третата македонска НОУБ. По Ослободувањето ја завршил Вишата офицерска артилериска школа во Ленинград и Вишата воена академија на ЈНА. По пензионирањето во 1956 година, извршувал поголем број општественополитички функции. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Јордан Цеков – Дане е роден на 15 јули 1921 година во Куманово, како трето дете на Денко и Вета Цекови. Во 1938 година станал член на Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ). По Априлската војна во 1941 година учествувал во собирање на оружјето кое го отфрлила поразената југословенска војска и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Куманово  во текот на јули и август 1941 година.

Јордан Цеков бил еден од организаторите на  познатиот штрајк на учениците во Кумановската мешана гимназија од 27 до 29 септември 1941 година. Тој е автор и на Резолуцијата од ученици и ученички од на кумановската мешана гимназија од 29 септември во кои се изнесени смелите барања на учениците кои почнуваат со зборовите „Ние синовите на македонскиот народ…“. На 12 октомври од куќата на Цекови било изнесено собраното оружје и однесено на партизаните на Козјачкиот и Карадачкиот народноослободилачки партизански одред (НОПО), кое Јордан го собрал заедно со братот Стојко и Панче Пешев.

Поради неговите активности Јордан Цеков бил уапсен од бугарските окупаторски власти и лежел во затворите цо Куманово и Скопје. Кон крајот на октомври 1941 година, по еден месец изложување на тортура, поради недостиг на докази тој бил ослободен.

Јордан Цеков – Дане, Бојан Зафирофски, Благоја Стефанофски и други се членови на редакцијата на илегалниот „Октобрис“, весникот на Кумановската организација на Комунистичката партија, кој почна да излегува во текот на јули 1942 година. Весникот бил печатен во куќата на Јордан Цеков кој бил технички уредник на шест броја на весникот и во него објавувал свои статии.

Во учебната 1942/1943 година Јордан го завшил своето гимназиско образование, кога и матурирал. Во фебруари 1943 година станал член на КПЈ, во март член на Месниот комитет на КПЈ и во мај 1943 година секретар на Месниот комитет на СКОЈ во Куманово.

На 26 јуни 1943 година, Јордан Цеков, Панче Пешев, Христијан Тодоровски Карпош и други, излегле од градот и станале борци на Вториот јужноморавски партизански одред.  На 2. август 1943 година Цеков бил назначен за командир на чета на Кумановскиот партизански одред, а потоа и на Кумановскиот народноослободителна баталјон „Јордан Николов“. Набрзо станал командант на Единаесеттата македонска народноослободителна бригада и на Третата македонска народноослободителна ударна бригада (НОУБ) од септември 1944 година, по што  добил чинот мајор на 1 декември 1944 година.

По Ослободувањето во 1945 г. Јордан Цеков – Дане ја завршил Вишата офицерска артилериска школа во Ленинград и бил именуван за командант на артилеријата на пешадиска и тенковска дивизија. Кога ја завршил и Вишата воена академија на ЈНА (1951-1953) бил именуван за командант на артилериски полк, а потоа е пензиониран со чин полковник во 1956 година.

По пензионирањето Јордан Цеков – Дане извршувал поголем број општественополитички функции. Бил републички пратеник, раководител на Републичкиот фонд за научна работа (април 1961 – септември 1967), стручен и виш стручен соработник на ИНИ во Скопје (октомври 1967 – октомври 1979).

Јордан Цеков – Дане починал на 20 ноември 2019 година во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други одликувања.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top