Македонски легенди

Тома Измирлиев

1as123

1as123 Тома Измирлиев

Тома Димитров Измирлиев (9. IX 1895 – 22. XI 1935) е поет и писател-хуморист, постар брат на Христо Смирненски. Познат е под псевдонимите Момче Македонче, Фома Фомич, Лобичек, Гарабед Бедниј, Голголенко, Драка, Звонарчик и др. Станал член на БКП во 1921 г., бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија. Автор е на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски.

Тома Измирлиев е роден на 9 септември 1895 година во Кукуш, Егејска Македонија. Татко му Димитар бил соработник на Гоце Делчев и член на МК на ТМОРО во Кукуш, а неговиот поголем брат бил познатиот поет Христо Смирневски. Основно училиште Тома завршил во Кукуш, а потоа учел во Солунската машка гимназија и завршил шести клас во Битолската класична гимназија.

Во 1913 година, кога македонскиот град Кукуш бил разорен до темели од грчката војска за време на Втората балканска војна, заедно со другите македонски бегалци, семејството на Тома се преселило во Софија. каде тој извесно време го посетувал Военото училиште. Во 1914 година Тома добил стипендија за да го доврши образование во Цариград, а веднаш по завршувањето на гимназијата продолжил да студира медицина.

Поради избувнувањето на Првата светска војна (1914 – 1918), Тома Измирлиев се вратил во Софија, каде бил мобилизиран и испратен на Македонскиот фронт. За воените заслуги во текот на вториот период од војната добил орден „За заслуга“.

По демобилизирањето во 1918 година, Тома работел како чиновник и се занимавал со книжевна дејност. Неговиот вујко Владимир Попанастасов веќе во 1913 година го имал насочено Тома кон книжевна дејност, а тој, пак, извршил влијание врз помалиот брат Христо Смирненски. Тома бил соработник на списанието „Барабан“ (1914 – 1921), „Българан“ (1916 – 1924) и „Червен смях“ (1919 -1923), в. „К’во да е“ (1913) „Народна армия“ (1920 – 1923) и др.

Во 1921 година Тома станал член на Бугарската комунистичка партија (БКП), бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија.

На иницијатива на Тома Измирлиев Македончето и неговиот брат Христо Смирненски во 1922 година бил печатен весникот „Маскарад“ кој излегувал неполни две години. Во овој весник во кој Тома бил редактор е објавен и текстот на неговиот брат на македонски јазик (кукушки говор) „Автономна Македонија“, во кој се исмејуваат лажните автономисти во редовите на македонската емиграција во Бугарија.  

Инаку Смирненски бил раководител на познатиот „Македонски круг“ во Софија, во кои биле брат му Тома Измирлиев, Сребро Јанакиев и Крум ќулавков.

Во 1924 година, по препорака на БКП, Тома Измирлиев и Крум Ќулавков го покренале хумористичкото списание „Звънар“.  По април 1925 година, поради написите во списанието бил проследуван од властите, поради што Тома се преселил во Хасково. Подоцна се вработил во Софиската обласна финансиска палата во 1932 година.

Тома е автор на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски.

Тома Измирлиев починал на 22 ноември 1935 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top