Македонски легенди

Боро Менков

67821

67821 Боро Менков

Боро Менков (6. V 1919 – 14. X 1941) е македонски комунистички деец и народен херој од НОБ. Бил истакнат синдикалист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово во 1936 г. Во 1940 г. станал член на КПЈ, а по окупацијата на Македонија во 1941 г. бил еден од организаторите на НОБ во Куманово и командант на Карадачкиот НОПО. Загинал во судир со бугарската војска и полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Боро Илиев Менков е роден на 6 мај 1919 година во Куманово, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште немал средства да го продолжи образованието. Почнал да работи како берберски помошник, го изучил занаетот и почнал да работи како бербер.

Како берберски работник во тогашното Кралство Југославија Боро се приклучил на работничкото движење и бил еден од организаторите на Обединетите работнички синдикати (Уједињени раднички синдикати – УРС) во Куманово. Тој бил секретар на синдикалниот огранок на берберските работници и член на меѓугранковиот одбор на  УРС во градот.

Биро како истакнат синдикалист раководел со штрајкот на берберските работници во Куманово во 1936 година. Штрајкот успеал, но за Боро повеќе немало работа во Куманово. Тој се обидувал да најде работа и во Белград, но се вработил во Крагуевац. Таму работел од 1936 до 1938 година и за тоа време активно учествувал во револуционерното движење во градот.

Поради нарушено здравје, Боро се лекувал во санаториумот во Касин Дол во текот на јануари и февруари 1940 година, Истата година тој станал член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ) и се вратил во Македонија. Во Скопје отворил берберница, се приклучил на синдикатот и учествувал во низа протести. Поради неговата активност полицијата повеќе пати вршела претреси во неговата берберница и го спроведувала во затвор.

Поради постојаниот прогон од полицијата, Боро го напутил Скопје и заминал за родниот град. Во Куманово отворил берберница, која набрзо станала собиралиште на прогресивните сили во градот, поради што повтрно тој бил следен од полицијата.

По Априласката војна во 1941 година и окупацијата на Македонија од страна на фашистичките сили, Боро учествувал во собирање на оружјето кое го оставила тогашната југословенска војска и во подготовките за оружено востание. Во овој период, извесно време во неговата куќа живеел Лазар Колишевски.  

На почеток на воруженото востанием на 11 октомври 1941 година, Боро станал командант на Карадачкиот партизански одред. Тој тргнал со својата единица кон Карадак за да дејствува таму, но се судрил со силите на бугарскиот окупатор. По тродневни борби со бугарската војска и полиција, Боро Менков загинал на 14 октомври 1941 година кај селото Белановце. 

Боро Менков е прогласен за народен херој на Југославија на 20. Декември 1951 година.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top