Македонски легенди

Круме Волнароски

1vol1

1vol1 Круме Волнароски

Круме ИцковВолнароски (1909 – 9. V 1944) е македонски комунистички деец и народен херој од НОАВМ. Станал член на КПЈ во 1941 гпдина и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп. Во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО во текот на 1942/1943 година. Како секретар на ОК на КПМ учествувал во активностите за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ. Заедно со соборецот Кире Гавриловски биле опколена во куќа во Прилеп од бугарската полиција. Окупаторските сили успеале да ја запалат и по жестоката оружена престрелка Круме бил фатен и починал во затвор. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1953).

Круме Волнароски е роден во 1909 година во Прилеп, во старо и познато револуционерно семејство, како едно од петте деца на Ицо и Арсена. По завршувањето на основното образование и гимназијата, тој иако бил солиден ученик не успеал да го продолжи школувањето. Уште  од мали нозе морал да работи во прилепската чаршија. Се занимавал со гимнастика и по отслужувањето на воениот рок во Вршац отворил бакалница во Прилеп. Во градот и околината бил познат како трговец – бакал.

Круме рано се вклучил во работничкото свижење и бил многу активен меѓѕ револуционерните сили, особено за време на политичките кампањи. Активно учествувал во изборната кампања во 1935 година, а во 1938 година бил еден од потписниците на листата на Здружената опозиција во која бил и Методија Андонов Ченто. Круме со својата бакалница и Ченто кој кој имал ан, одлично соработувале, поради што биле на мета на полицијата, која се сомневала дека кај нив се собираат антифашисти. Уште тогаш Круме се дружел и со Кузман Јосифовски Питу.

Како угледен човек во чаршијата и симпатизер на КПЈ, Круме активно учествувал во собирање на „Црвена помош“. Во 1941 година станал член на КПЈ и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп. Во неговата куќа имало изградено скривница, каде тој во 1942 година ги следел радио вестите, ги пишувал и ги испраќал на печатење во билтенот „Народен глас“.  

По провалата во 1942 година Круме Волнарски станал илегалец и во периодот 1942/1943 година собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО во прилепските села. Поради постигнатиот успех станал секретар на ОК на КПМ за Прилеп.

Во 1944 гдина Круме зел учество и во Фебруарскиот поход. По походот тој го мобилизирал населението во овој округ за помош на Првата македонско-косовска бригада во борбата со бугарската војска  концентрирана на овој простор од неколку гарнизони.

Како секретар на ОК на КПМ, од крајот на 1943 до мај 1944 година, Круме Волнароски учествувал во активностите за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ. Во мај 1944 година, во куќа во Прилеп се одржал состанок на кој биле делени полномоштва на делегатите. Откако тие си заминале, по извршеното предавство, куќата во која Круме останал со членот на ОК КПМ Кире Гавриловски била опколена од бугарската полиција. Тие ја одбиле понудата за предавање по што започнала акција за нивно ликвидирање. Во неколку часовната жестока оружена престрелка тие успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Меѓутоа, окупаторските сили успеале да ја запалат куќата, по што Кире се убил за да не падне жив во нивни раце, додека Круме бил заробен. Тој бил мачен и починал на 9 мај 1944 година.

Круме Волнароски е прогласен за народен херој на Југославија на 11. X 1953 година.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top