Македонски легенди

Тодор Николовски

1ni21

1ni21 Тодор Николовски

Тодор Николовски  (16. I  1902 – 28. I 1999) е македонски драмски и филмски актер и режисер, еден од основачите на Македонскиот народен театар. Пред Втората светска војна бил актер во Народното позориште во Скопје, а за време на војната до 1944 година во Театарот. Потоа бил учесник во НОВ и е еден од основачите на драмската група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Од 1945 до 1974 година бил член на МНТ, каде остварил многу улоги, некои од антологиско значење.

Тодор Николовски  – Тодорче е роден на 16  јануари  1902 година во Велес, во револуционерно семејство. Тој бил дете на комита, илинденец. Од 1909 година живеел во Скопје, а во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. Најпрво бил сценски работник, а по завршувањето на едногодишниот курс (школа) за актерски кадри ја добил својата прва епизодна улога во пиесата „Потера“.

Појавувањето на Тодорче како глумец на театарската сцена се поклопува со периодот кога се испишува македонската театарска историја. Во 1928 игра во „Бегалка“ од Васил Иљовски, во првата драма од македонски автор и на македонски јазик, а во 1936 година во „Печалбари“ од Антон Панов. До почетокот на Втората светска војна игра уште во “Чорбаџи Теодос” (1937), во “Парите се отепувачка” (1938), во “Милион маченици”(1939) и во “Антица”  (1940).

За време на Втората светска војна Тодор Николовски продолжил да работи во театарот. Во 1943 година на гостувањето на скопскиот театар со пиесата „Печалбари“ во Софија, Тодорче ја толкува улогата на стрико Кољо и во неа тој единствено го говори текстот на македонски јазик,

Во 1944 година Тодорче заминал во партизани, каде се вклучил во партизанската културна-уметничка група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Заено со Петре Прличко го основале првиот партизански театар. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер

По ослободувањето на Македонија целосно се препушта на театарскиот живот. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја.

Тодор Николовски  – Тодорче од 1945 па се до 1974 година кога се пензионирал бил член на МНТ. Во текот на својата кариера остварил многу улоги: Тартиф и Чорбаџи Теодос (во истоимените дела), Манас („Бегалка“), Жика („Сомнително лице“), Поткаљосин („Женидба“), Јусуф („Доходно место“), Актер („На дното“), Велко („Вејка на ветрот“), Гуштанов („Гоце“), Митре („Парите се отепувачка„) и др. Режии: „Народен пратеник“, „Чорбаџи Теодос“ (заедно со Петре Прличко), „Женачка и мажачка“, „Парите се отепувачка“, „Гоце“ (заедно со Димитар Ќостаров). Покрај театарот настапувал и во филмовите: „Мис Стон“, „Мирно лето“, „Мементо“, „Нели ти реков“. Исто така, Тодорче Николовски зад себе има оставено голем број режисерски остварувања низ театарите во Македонија, особено во ансамблите на Турската и Албанската драма и во Драмскиот театар, тогашен Младинско – детски театар,

По повод 45 години континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октпмври“. На 85 години настапил во јубилејната престава „Чорабаџи Теодос“, по побод пет децении од нејзината праизведна.

Тодор Николовски  починал на  28 јануари 1999 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top