Македонски легенди

Мире Анастасов

off.net.mk-18110

off.net.mk-18110 Голи Оток

Страшимир (Мире) Анастасов – Ристо (9 X.1910 – 1998) е македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба. Близок бил со Павел Шатев и чија иницијатива, за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, се преселил во Софија, каде бил вклучен во активностите на советската разузнавачка служба. Во 1949 година бил уапсен и обвинет како инфорбировец, а казната ја издржувал во логорот Голи Оток. Според извештајот на ЦИА од 1949 година Мире бил „верен син на работничката класа и македонскиот народ“.

Страшимир (Мире) Анастасов е роден на 9 октомври 1910 година во Кратово.

Во 1927 година станал член на СКОЈ (Сојузот на комунистичката младина на Југославија) и раководел со локалната организација во Куманово. Во наредната година станал член на КПЈ (Југословенската комунистичка партија).

Во 1929 година била провалена партиската организација во Македонија и Анастасов бил уапсен и затворен. Меѓу 1934 – 1935 година, Анастасов повторно бил затворен, Тој бил осуден на 3 години затвор кој ги издржувал во Сремска Митровица, каде коминистичкото раководство се поделило на два дела. Првото ги застапувало ставовите на Петко Милетиќ, а второто на Јосип Броз Тито. По излегувањето Анастасов бил привремено суспендиран поради ставот во врска со ликвидацијата на фракцијата на Петко Милетиќ.

За време на Втората светска војна и бугарската окупацијата на Македонија, на иницијатива на Павел Шатев кој му бил близок пријател, Анастасов се преслил во Софија. Таму бил вклучен во активностите на советската разузнавачка служба. Во 1943 година бил осуден на смрт од страна на „бугарскиот монархистичко-фашистичкиот суд“, но подоцна казната му била преиначена во доживотен затвор.

Меѓутоа, по превратот во Бугарија, изврпшен на 9 септември 1944 година, Атанасов бил ослободен и станал политички комесар на бригадата „Гоце Делчев“. формирана на 11 септември (официјално 14 X. 1944). Бригадата која броела околу 4900 борци била формирана од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици. Веднаш по формирањето, батаљон по батаљон биле упатувани во Македонија. По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во Деветнаесеттата, Дваесеттата и Дваесет и првата македонска НО бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион.

На 26 октомври 1944 година Атанасов бил повикан да земе учество во управување со идната република, а на 27 октомври 1944 година бил кооптиран за член на АСНОМ и се вклучил во неговиот Втор президиум како претседател на Врховниот суд.

По Втората светска војна, во периодот 1946-1948 година, тој е првиот југословенски амбасадор во Белгија и Луксембург. На оваа должност останал три години, до 1948 година, кога бил отповикан од амбасадорската функција.

По Резолуцијата на Информативното биро од јуни 1948 година, иако отворено не ја напаѓал Комунистичката Партија на Југославија, Анастасов бил деградиран во помошник министер на македонското министерство за труд. Во 1949 година бил уапсен и обвинет како инфорбировец и казната од пет години ја издржувал во логорот Голи Оток, каде останал до 1954 година. Иако причината не била наведена, се сметта дека тој бил остранет поради конфликт со Лазар Колишевски, бидејќи не ја прифатил неговата оценка дека Методи Шаторов е предавник. Исто така, се наведува уште една причина, неговите врски со советските разузнувачки служби. 

1legd1

Сепак, има уште една претпоставка, а тоа бил поради предвоениот став во врска со спорот меѓу Петко Милетиќ  и Јосип Броз Тито. Имено, постои декласифициран документ на ЦИА од 1949 година, во кој се повикува на пишувањата на антититоистичкиот весник „Напред“, кој излегувал во Софија, а во кој меѓу другото се вели: “повеќе лица во овој период биле испратени во различни југословенски концентрациони логори…

Во овој период бил уапсен Павел Шатев „познат борец за иднината на македонскиот народ“ и Мире Анастасов, кој бил „верен син на работничката класа и македонскиот народ“.

Според извештајот, Анастасов бил добро познат кај младата генерација македонски комунисти како „бестрашен борец против титоизмот“.

Страшимир (Мире) Анастасов починал во Скопје во 1998 година.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

To top