Македонски легенди

Круме Волнароски – Коља

1krer

1krer Круме Волнароски – Коља

Круме Волнароски – Коља (1909 – 9. V 1944) е македонски партизан, комунистички деец и народен херој од Народно Ослободителната Антифашистичка Војна на Македонија (НОАВМ). Станал член на КПЈ во 1941 година и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО (1942-43). Како секретар на ОК на КПМ учествувал во активностите за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ. Заедно со соборецот Кире Гавриловски бил откриен и куќата била опколена од околу 100 бугарски полицајци. Окупаторските сили успеале да ја запалат зградата и по жестоката оружена престрелка, за да не паднат живи во непријателски раце, се решиле на саможртва.

Круме Ицков Волнаровски е роден во 1909 година во Прилеп. Потекнува од старо семејство, познато по учеството во народноослободителното движење. Тој бил едно од петте деца на Арсена и Ицко Волнароски. По завршувањето на основното и средното училиште, неговите не му дозволие да го продолжи образованието и морал да работи во дуќаните во прилепската чаршија. Како млад покажал особен интерес кон физичките активности. Станал познат гимнастичар и учествувал на натпревари надвор од Југославија.

По завршувањето на воениот рок, Круме се вратил во Прилеп. Отворил бакалница и станал познат како трговец во градот и околината.

Рано се вклучи во работничкото движење. Уште тогаш се дружел со познатиот комунист Кузман Јосифовски. Бил многу активен меѓу револуционерните сили, особено за време на изборните кампањи. Круме имал одлична соработка и политички го поддржал Методија Андонов Ченто да биде на списокот на Зружената опозиција. Исто така, како симпатизер на КПЈ и угледен човек во чаршијата работел на собирање „Црвена помош“. Во 1941 година раководел со „Народна помош“.

Во 1941 година станал член на КПЈ, а во текот на 1942 година работел како илегалец во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп. Во текот на 1942 и 1943 година одел во прилепските села каде собирал народна помош и формирал воени комитети и Народноослободителните одбори (НОО). Во 1943 година станал секретар на Околискиот комитет на Комунистичката партија на Македонија (ОК на КПМ), а по Фебруарскиот поход ја мобилизирал целата околија за соработка со Првата македонско-косовска бригада  во борба со бугарската војска. 

Од крајот на 1943  до 9 мај 1944 година, Круме многу време поминувал во Прилеп. Интензивно работел на покривање на целата секција со мрежата на Народноослободителните одбори и на подготовките за избор на делегати за Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

По еден состанок во мај 1944 година на кој биле поделени полномоштва на делегатите за учество на Првото заседание на АСНОМ и откако тие се растуриле, Круме и членот на ОК на КПМ, Киро Гаврилоски, останале во куќата каде што се одржувал состанокот. Полицијата дознала за оваа средба и куќата била опколена од околу 100 бугарски полицајци.

Кога бугарската полиција ги повикала да се предадат, Круме и Киро Дури повеќе пати ја одбиле понудата за предавање и одговориле со пукање. Притоа успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Борбата траела неколку часа, по што полицајците ја запалиле куќата. Киро се самоубил за да не падне жив во рацете на непријателот, а Круме бил заробен и умрел по мачење на 9 мај 1944 година.

Круме Волнароски – Коља бил прогласен за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

1Tihomir Подготвил: Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

To top