Македонски легенди

Крсто Мангов

1led1

1led1

Крсто Мангов (1912 – 11. VIII 1949) е македонски револуционер, деец на Македонското националноослободително движење, учесник во грчкото комунистичко и антифашистичко движење. Во 1943 година станал член на Околискиот комитет на КПГ за Костурска околија. Во МНОД бил претседател на Околискиот одбор на НОФ за Костурско и член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Крсто Мангов целиот свој живот го посветил во борбата на национално и социјално ослободување на македонскиот народ.

Крсто Мангов е роден во 1912 година, во селото Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, во земјоделско семејство. Уште од најмлади години воспитан во духот на светлите традиции на своите претци, тој ги следи стапките на македонските револуционери Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски и други револуционерни херои од селото.

Во текот на Втората светска војна, по окупацијата на Грција во 1941 година од страна на агресорските германски и италијански фашистички сили, Крсто Мангов меѓу првите во селото се вклучил во борба против туѓите поробувачи.

Во 1943 година, поради неговата активност во ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ станал член на Околискиот комитет на КПГ за Костурска околија. По формирањто на Славјано-македонски народноослободителен фронт (СНОФ), во октомври 1943 година во Д’мбени, тој неуморно агитираше меѓу македонскиот народ за борба против окупаторите и домашните предавници. Особено се истакнувал во борбата против бугарската фашистичка пропаганда која соработувала со германско-италијанските окупатори и со грчката квислиншка власт.

Со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција во ноември 1944 година, Крсто Мангов стана политички комесар на баталјон во Бригадата. До крајот на Втората светска војна, тој се борел останат на таа должност.

По потпишувањето на капитулантскиот договор во Варкиза на 13 февруари 1945 година, Крсто Мангов се вратил во родниот крај и, подоцна меѓу првите се вклучил во организирањето и омасовувањето на македонскиот народ во редовите на организацијата НОФ во Костурска околија. Спроведувајќи ја програмата и директивите на Главното раководство на НОФ, тој неуморно и пожртвувано работел за зацврстување и проширување на македонското народноослободително движење во својата околија.

На 20 мај 1947 година, на Земската конференција на НОФ, одржана во месноста “Мишови Колиби” на Кајмакчалан, Крсто Мангов беше избран за прв секретар на Околискиот одбор на НОФ за Костурска околија. Водејќи секојдневни борби тој херојски се бореше против грчките монархофашисти и два пати беше ранет.

На Првиот конгрес на НОФ за Егејска Македонија кој беше одржан на 13 јануари 1948 година, во селото Вмбел, Костурско, Крсто Мангов беше избран за член на Главниот одбор на НОФ, а на Вториот конгрес на НОФ, кој се одржа на 25-26 март 1949 година, во селото Нивици, односно во месноста “Африка”, Преспанско, беше избран за член на Извршниот комитет на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија.

Крсто Мангов продолжил да работи за спроведување на линијата на НОФ, за организирање проширување и зацврстување на локалната народна власт, за отварање на македонски народни училишта итн.

Но неговата активност беше прекината на 11 август 1949 година, односно неколку дена пред завршувањето на Граѓанската војна во Грција. На тој ден, во непосредна близина на селото Брезница, Костурско, во моментот кога на линијата на фронтот се водеа жестоки борби помеѓу единиците на ДАГ и единиците на грчката кралска армија, една непријателска артилериска граната смртно го погоди и стави крај на неговиот револуционерен живот.

Подготвил: Т. К.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

To top