Македонски легенди

Ѓорѓи Гаврилски

23214

23214

Ѓорѓи Гаврилски (11. IV 1911 –17. XII 1987) е македонски лекар-епидемиолог, примариус. Учествувал во НОВ и бил член на АСНОМ. По Ослободувањето бил помошник Министер за народно здравје во Владата на РМ (1946) и член на Матичната комисија за формирање на Медицинскиот факултет во Скопје (1947). Бил избран е за редовен професор по епидемиологија и продекан (1949) на Медицинскиот факултет. Заслужен е за истребување на маларијата во Македонија.

Ѓорѓи Нацев Гаврилски е роден на 11 април 1911 година во Свети Николе. Основно образование завршил во родното место, а средно во Велес и Скопје. Во овој период се издржувал давајќи приватни часови на деца од поимотните семејства. Со Бане Андреев – Ронката и неколкумина други го организирале клубот „Македонија“, кој набргу бил забранет од српските власти.

Своето образование го продолжол во Белград каде се запишал на студии по општа медицина. По завршувањето на Медицинскиот факултет во 1937 година, Гаврилски се вработил во Армијата на Кралството Југославија. Во 1938 година бил испратен во Штип, како лекар на 23 пешадиски полк. Бидејќи се изјаснувал како Македонец, тој често бил казнуван со домашен притвор или ноќни дежурства во болницата.

Во текот на 1939 и 1940 година, Гаврилски заминал  во Хигиенскиот завод во Скопје, каде се усовршува за борба против маларијата. Пред Втората светска војна Гаврилски бил испратен на служба во Косово. Во априлската војна 1941 година, бил заробен од Германците, но набргу бил ослободен и заминал за Свети Николе , каде отворил приватна амбуланта.

Во април 1942 година, Гаврилски со неколку свои сограѓани формирал Одбор за народна помош во Св. Николе, а во неговата ординација се држеле тајни состаноци. Во јуни 1943 година, бугарската власт го уапсила и затворила Гаврилски. Тој добил 15 години строг затвор. Затворската казна прво ја издржувал во Скопје, а од декември 1943 година, бил преместен во затворот во Ќустендил, каде ја дочекал капитулацијата на Бугарија.

По излегувањето од затвор бил префрлен во ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Осмото заседание на Президиумот на АСНОМ, одржано во октомври 1944 година, и претседател на Околискиот народноослободителен одбор во Свети Николе, како и секретар при обласниот НОО Скопје.

По Ослободувањето извршувал повеќе општествени функции. Бил помошник Министер за народно здравје во Владата на РМ (1946), член на Матичната комисија за формирање на Медицинскиот факултет во Скопје (1947). Избран е за редовен проф. по епидемиологија и продекан (1949) на Медицинскиот факултет. Тој е претседател на Македонското лекарско друштво во периодот 1948-1950 година. Заслужен е за ерадикацијата на маларијата во Македонија.

Меѓутоа, во 1949 година, Гаврилски бил следен од УДБ и приведуван. Во 1951 бил исклучен од членството на СКМ, разрешен од државните функцци и преместен со работа како лекар по опште прекса во Клиниката на Бит Пазар. Набрзо потоа, во куќата во која живеел,  отворил приватна пракса. По забраната за приватната пракса, тој продолжил да работи во здраствениот дом „Железничар“, каде бил управник од 1961 до пензионирањето во 1981 година.

За своите заслуги примариус Др. Ѓорѓи Гаврилски добил повеќе признанија и ордени. Починал на 17 декември 1987 година во Скопје.

(извор: МЕ том I, стр. 309, Скопје, 2009,)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

To top