Македонски легенди

Марко Бошнаков

Marko_boshnakov-240

Marko_boshnakov-240Марко Стојанов Бошнаков (1874 –14. II 1908) – македонски револуционер, еден од најстарите гемиџии, анархист. Завршил гимназија во Солун, се вклучил во ТМОРО и станал комита во 1900 година. Во 1902 се вклучил во илегалниот Гемиџиски кружок во Солун. Во 1903 година заедно со Владимир Пингов, биле задолжени да го минираат Топането и хотелот „Вардар“. Но, биле пресретнати од османлиски војници. Во престрелката загинал Пингов, а тој бил фатен и осуден на смрт. Казната која му била заменета со доживотен затвор ја издржувал Мурзук, во областа Триполи Фезан, Либија. Починал во заточеништво од мочуришна треска. Неговите другари, гемиџиите Павел Шатев и Георги Богданов ја донеле неговата глава во Македонија и ја предале на неговите родители.

Марко Бошнаков е роден во 1878 година во Охрид. Основното образование го завршил во Охрид, а потоа продолжил да се образува во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. За време на своето школување станува сведок на раѓањето на Македонската револуционерна организација. Воспитуван во духот на вечните идеали за ослободување на македонскиот народ од турското ропство и создавање на самостојна и независна држава, тој се вклучува во ТМОРО и станува комита во 1900 година.

Во овој период, кружокот на Гемиџиите во Солун, составен од повеќе млади  револуционери-анархисти, потпаѓа под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет. Уште во 1899 година, по доаѓањето на Славе Мерџанов во Солун како преставник на Комитетот и воспоставувањето на контакти со своите истомисленици, во најголем дел велешки гимназијалци и неразделни другари, познати по својата своеглавиост и непокорност, групата ја добива својата физиономија.

Во текот на тримесечното дружење, Славе Мерџанов успеал на групата „гемиџии“ да им ги наметне анархистичките идеи и да ги придобие најпрво велешаните Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков – Коста, Илија Тричков, Теодор Богданов, Владимир Пингов и други. Групата на чии членови биле на возраст од 18 до 22 години, сметала дека доколку се загрозат интересите и капиталот на големите сили во Отоманската империја, со малку човечки животи можат да се постигнат поголеми ефекти.

Тргнувајќи од ваквите принципи, подоцна на групата им се приклучиле Тодор Органџиев, Георги Богданов и Илија Поп Јорданов (Велес), Павел Шатев (Кратово) и други повозрасни меѓу кои  Димитар Мечев – Мечето (Велес), Димитар Коштанов и Марко Бошнаков (Охрид). Марко Бошнаков на илегалниот кружок им се приклучува во 1902 година.

Уште во 1899 година Мерџанов, Јордан Поп Јорданов и Кирков разработуваат планови за напади и атентати кои требало да се изведат во повеќе градови во европскиот дел на Отоманската империја. Првичните планови за кревање на Отоманската банка во Цариград бил спречен во 1900 годинна, по што дошло до одложување на копањето на тунелот во Солун, се додека не се најдат потребните средства и добие потребниот динамит.

Откако Јордан Поп Јорданов – Орце успеал да ги најде потребните средства од Борис Сарафов, а потоа и од Гоце Делчев, гемиџиите ја обновуваат дејноста во Солун. Бидејќи „берберницата“ во која претходно било започнато копање на тунел била земена под наем од други луѓе, Марко Бошнаков изнајмува нов дуќан до претходниот. Тоа била добро обезбедена бакалница, наспроти Отоманската банка. Додека Марко го води дуќанот, гемиџиите започнале со трескава работа за да го ископаат тунелот до темелите на банката.

Обидите на Гоце Делчев, Даме Груев и Иван Гарванов да ги разубедат гемиџиите и акцијата да ја усогласат со општиот план на востанието останале безуспешни. Информациите кои се појавуваат во странскиот печат дека Организацијата планира напад на друштвата каде има странски капитал, ќе ги принуди гемиџиите брзо да делуваат, како не би настанала провала.

На 28 април 1903 година со експлозија на парабродот „Гвадалкивир“, започнува серијата на динамитски акции во Солун, најголеми кои некогаш биле изведени во Отоманската империја. Меѓу 28 – ми април и 1 – ви мај извршени се напиди врз претходно одбраните и други цели меѓу кои:  возот кој сообраќа на линијата Цариград – Солун, гасоводните цевки за осветлување и водоводните цевки, резервоарот во фабриката за осветлување на градот, Отоманската банка, Топхането (турска државна управа), кафеаните „Египет“ и „Алхамбра“, „Гранд Хотел“, обид за убиство на валијата Хасан Фехми-паша, како и телеграфската станица.

Во текот на овие аккции, Марко Бошнаков и Владимир Пингов се обиделе да го минираат Топхането и хотелот „Вардар“, но ненадејно биле пресретнати од турскиот аскер.. Во престрелката што следела Пингов загинал, а Марко бил заробен. Покрај Владимир Пингов, за време на акциите биле убиени Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Тричков и Цветко Наумов, додека Марко Бошнаков, Павел Шатев,  Георги Богданов и Милан Арсов биле заробени и изнесени пред воен суд.

На 24 мај 1903 година била донесена смртна пресуда за четворицата гемиџии, која подоцна е заменета во доживотен затвор. Според судот, тие ги нападнале институциите на системот, банките и граѓаните со цел да извршат промени во формата на владеење со румелиските вилаети.  Осудените  Марко Бошнаков, Павел Шатев,  Георги Богданов и Милан Арсов биле испратени на отслужување на казната во градот Мурзук, во областа Триполи Фезан, Либија (африканска провинција).

Марко Бошнаков и Милан Арсов никогаш не се вратија од заточеништво. Нивните тела засекогаш останаа во африканската провинцоја Фезан. Марко Бошнаков умира од мучуришна треска на 14 февруари 1908 година во Музрук. Пред неговата смрт остава аманет до неговите другари дека „Ако телото му се тркала, немојте да дозволите тоа да се случи и со главата“.

По Младотурската револуција, Павел Шатев и Георги Богданов биле амнестирани. Тие од Фезан ги донеле главите на починатите гемиџии и им ги предале на нивните родители. Остатоците на Марко Бошнаков, односно неговата глава била сместена во мал украсен дрвен ковчег, кој потоа бил погребан на гробиштата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. Меѓу двете светски војни, поради санирање на влагата во црквата, посмртните остатоци од гробовите биле пренесени во црквата „Св. Константин и Елена“. Во 1960 година остатоците меѓу кои и главата на Марко Бошнаков, биле погребани во заедничка гробница во источното двориште без никакво обележје.

„Охридското друштво за помош“ издава некролог во кој ја објавува веста за смрта на Марко Бошнаков. Во него тие ќе забележат:  “На 14 февруари. во турските затвори во Триполи – Африка -, далеку од Татковината, роднините и пријателите ,склопил очи уште еден херој за македонската слобода, уште една скапа жртва од онаа редица борци, едни од кои ги оставија своите коски по македонските гори со пушка во раце, а други во влажните турски зандани по разни краишта на империјата.“

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top