| Среда, 19 Септември 2012 03:22 |
 |
 |
 |
|
| Аџи папа Теодосиј Синаитски
|
| Аџи папа Теодосиј Синаитски е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски.
|
|
| Среда, 12 Септември 2012 03:33 |
 |
 |
 |
|
| Димитар Влахов
|
| Димитар Влахов (8. XI. 1878 – 7. VI. 1953) е македонски револуционер, општествено-политички деец, државник, професор и публицист. Тој бил активист на Бугарската Работничка Социјалдемократска Партија (БРСДП), ТМОРО, Народната Федеративна Партија (НФП), ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската Комунистичка Партија, Коминтерната и Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).
|
|
| Апостол Петков (6. V. 1869 – 2. VIII. 1911) е македонски револуционер и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Познат како Апостол или Постол војвода, тој ја започнува својата борба како ајдук против Отоманската империја кон крајот на XIX век, а во 1897 година станува член на Македонската Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание во 1903 година, а потоа се бори против грчките андарти. Неговото име станува легенда меѓу македонскиот народ, кој го нарекува Ениџевардарско сонце. Англискиот писател Алберт Сониксен него ќе го опише како македонски Робин Худ.
|
|
| Среда, 29 Август 2012 10:21 |
 |
 |
 |
|
| Стојан Христов
|
| Стојан Христов (15.VIII.1897 - 24.I.1996) е американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор на сојузната држава Вермонт од македонско потекло.
|
|
| Георги Костадинов Динков – Динката (1838 –1876) е познат македонски културно-национален деец од XIX век. Тој бил учител, учебникар, поет, публицист, општественик, и како просветен деец тој е видна фигура на македонската преродба.
|
|
| Среда, 15 Август 2012 03:01 |
 |
 |
 |
|
| Кирил Манчевски
|
| Кирил Манчевски (8. XI 1936 - 8.VIII 1975) е македонски пејач, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна. Настапува како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од XX век, тој ги остварил антологиските изведби на познатите песни:
|
|
| Среда, 08 Август 2012 03:38 |
 |
 |
 |
|
| Аргир Манасиев
|
| Аргир Наков Манасиев (15. II. 1872 – 7. IX. 1932) – македонски револуционер, учител, гевгелиски околиски војвода и учесник во Илинденското востание. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, а од 1901 до 1905 година бил гевгелиски околиски војвода и учесник на Рилскиот конгрес.
|
|
| Димитар Николов Благоев - Дедото (1856 –1924) – револуционер, учител, писател и публицист. Тој е основоположник и предводник на социјалдемократското и комунистичкото движење во Бугарија (1891–1923). Се чуствува Македонец и пројавува револуционерна активност во Mакедонското Oслободително Движење.
|
|
| Среда, 25 Јули 2012 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Михаило Митев Апостолски
|
| Михаило Митев Апостолски (8. XI 1906 –7. VIII 1987) е првиот македонски генерал, командант на ГШ на НОВ и ПОМ, народен херој, политичар, воен теоретичар, историчар и академик. Апостолски бил член на претседателството на АВНОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, учествувал во неговото Прво заседание и бил избран во неговиот президиум. За време на НОБ под негова команда биле 33 македонски оперативни бригади, меѓу кои и бригади од Косово и јужна Србија. Седум години Апостолски беше на чело на МАНУ, а беше и член на Советот на федерацијата.
|
|
| Среда, 18 Јули 2012 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Радован Павловски
|
| Радован Павловски (1937 - ) е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб (Хрватска), Белград (Србија) и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Од самиот почеток па се до денес, во творештво на Павловски, полно со метафори, преставена е македонската земја, народ, култура и историја.
|
|
|
|