| Среда, 24 Август 2011 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Андреја Чипов
|
| Андреј Чипов е роден во 1904 година во леринското село Пателе (денес Агиос Пантелејмонас), во Егејска Македонија. Чипов го минува детството во родното место, сместено на западниот брег на Островско Езеро, на само 6 км од Суровичево и 39 км југоисточно од Лерин. Уште како мал слуша за Македонската револуционерна организација и за учеството во Илинденското востание на селската чета предводена од Атанас Шишков. Воспитан во духот на револуционерна борба тој како и сите жители на Пателе тежнее за слободна и независна Македонија.
|
|
| Среда, 17 Август 2011 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Александар III Македонски
|
| Александар III Македонски (Велики)
(Пела, 21 VII 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 11 VI 323 пр.н.е.) – е македонски цар од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем, кој владеел од 336 до 323 пр.н.е. Александар бил воспитуван и образован во духот на македонската аристократска традиција, во малото место Миеза, блиску до Бероја.
|
|
| Среда, 10 Август 2011 05:25 |
 |
 |
 |
|
| Филип II Македонски
|
| Филип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј.
|
|
| Среда, 03 Август 2011 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Лазар Поп Трајков
|
| Лазар Поп Трајков (с. Д’мбени, Костурско, 10. VI 1877 – с. Трново, Костурско, 11/12. X 1903) – македонски револуционер, костурски воjвода и поет. Завршил гимназија во Солун во 1898 година. Се вклучува во македонското револуционерно движење и бил назначен за војвода на ТМОРО. Ги организирал првите револуционерни комитети во Костурско, а во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Во борба со османлиската војска во Мариовско бил тешко ранет, а предавникот Коте Христов од Рула за 50 турски лири, добиени од грчкиот костурски владика Германос Каравангелис, му ја пресекол главата. Автор е на поемата „Локвата и Вињари.
|
|
| Среда, 20 Јули 2011 04:55 |
 |
 |
 |
|
| Војвода Смиле Војданов
|
| Смиле Војданов (с. Лактиње, Охридско, , 1. II 1872 – Понтијак, САД, 4. III 1958.) – македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација, долгогодишен деец во македонското национално движење меѓу македонската емиграција во САД. Во 1897 активно се вклучува во МРО и како реонски војвода во охридска Дебарца води повеќе битки со турските војски.
|
|
| Захарија Василева Шумљанска големиот добротвор и хуманист заборавена од македонската јавност.
Многу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.
|
|
| Среда, 13 Јули 2011 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Донка Ушлинова- војвода
|
| Донка Ушлинова (Смилево,Битолско, 21.XII.85 - Варна, Бугарија 27.VI.1937) - македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Во август 1902 година влегува во четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов и станува член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, Донка како доброволец на Македонско-одринското ополчение, учествува во Балканските војни, а подоцна и во Првата светска војна За време на битките таа равноправно се носи со мажите, а за покажаниот хероизам била одликувана со ордени за храброст и добила подофицерски чин. До крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“, а ги негувала и родните идеали.
|
|
| Стефан Атанасов Ролев (с. Врбени, Леринско, 15.VIII.1865 – Битола, 24.XII.1969) – македонски револуционерен деец, војвода на ВМРО и еден од од најсестраните македонски спортисти на сите времиња. Бил член на ВМРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во 1903 година, во Леринско.
|
|
| Среда, 29 Јуни 2011 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Јордан Сиљанов – Пиперката
|
| Јордан Сиљанов – Пиперката (23. VI 1870 – 10. VIII 1903) – македонски револуционер, член и демирхисарски војвода на ТМОРО. Од 1897 година влегол во четата на војводата Дуко Тасев. На печалба во Бугарија за последен пат заминал во летото на 1900 година. Со Ѓурчин Наумов - Пљакот се враќаат во Македонија и дејствуваат илегално. Во 1901 година влегол во четата на Никола Русински, а од 15. VIII 1901 година станал демирхисарски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание. Тој е еден од најпопуларните и најопеаните македонски војводи во народните песни.
|
|
| Среда, 22 Јуни 2011 04:50 |
 |
 |
 |
|
| Дедо Иљо Малешевски
|
| Иљо Марков –Малешевски (Берово, 28. V 1805 – Ќустендил, 29. IV 1898) – македонски револуционер, ајдутски и востанички војвода. Честопати е именуван како „последниот македонски ајдутин“.
|
|
|
|