Македонски легенди
Понеделник, 24 Мај 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Гане Тодоровски
gane-todorovski
Гане Тодоровски е еден од великаните на Македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на Македонистиката, го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Импозантното литературно творештво на Тодоровски, критичарите го делат во две главни насоки - во поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката.

Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература, потенцираше  Раде Силјан на  промоцијата на Избраните дела во дест тома од Гане Тодоровски и во оваа прилика за генијалноста на творецот ќе додаде: Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај (естетски и идеен) проблеснуваат пророчки, секавично. Тежиштетот на неговата поезија е насочено кон повеќе тематски пунктови кои во изразната целост се проткајуваат и се надополнуваат, нудејќи возбудливи слики и силни пораки

Повеќе...
 
Среда, 19 Мај 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Даница Ручигај
danica-rucigajСамо две стихозбирки на вечно младата прва Македонска поетеса Даница Ручигај, го одбележуваат почетокот на Македонската поезија, Ручигај е првата Македонска поетеса, која започна едно ново време за Македонската поетска книжевност..
Повеќе...
 
Среда, 12 Мај 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Пеце Атанасовски: Музика посилна од времето - Милениумска Македонска Гајда
pece-atanasovski-240Пеце Атанасовски е роден во село Долнени, Прилепско, 25. X 1925. Неговите први музички ангажмани започнуваат со националната радио станица. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец" во Скопје (1950). Од 1959 г. до пензионирањето бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет КУД во РМ. Од 1966 г. полни 29 години ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Со своите гостувања со разни културно- уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на Македонскиот мелос.
Повеќе...
 
Среда, 05 Мај 2010 04:59    PDF Печати Е-пошта
Есма Реџепова – Теодосиевска
esma4-240„Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што сум секогаш во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“... (Есма Реџепова- Теодосиевска, по повод доделувањето на Ореден за заслуги за Македонија)

Оваа, 2010 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја одликува естрадната уметничка Есма Реџепова Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“.
Повеќе...
 
Среда, 28 Април 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Методија Андонов - Ченто

cento(Роден е на 17 август 1902 во Прилеп, умира – 24 јули 1957)

Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова….

Повеќе...
 
Среда, 14 Април 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Личеноски
Лазар ЛиченоскиРоден е во Галичник, на 26 март 1901 година, a  почина во Скопје на 10 април 1964 година. При тоа ги остави недовршени сликите  со охридскиот рибар кој ја крпи својата мрежа и недоткаената таписерија.

Личеновски се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше  мртва природа и портрети, а создаваше  и мозаици.
Повеќе...
 
Среда, 07 Април 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Симеон Гугулоски

Симеон Гугуловски
01.06.1941 - 13.08.1995

Развојот  на оперскиот и балетскиот ансамбл на МНТ пред и во 60-тите години на дваесеттиот век  го овозможија  доаѓањето на  генерацијата  пејачи -  Ѓорѓи Божиков, Никола Гагов, Милка Ефтимова, Благоја Николовски, Стојан Ганчев-Стојанов и Анастасија Димитрова, преку Миомир Тасиќ, Анастазија Низамова, Лилјана Зенделска , Симеон Гугулоски и други, кои дадоа и посебен белег.

Како исклучителна личност , воодушевувачки вокал, кој ,,земјата ја тресе“ како што зборуваат неговите  современици, беше тенерот  Симеон Гулгулоски.  Трениран глас, со познавање на музика ,со чувсто и со особена интерпретација и сценски настап.  Глас кој беше омилен меѓу сите генерации, глас кој не остава никого рамнодушен.

Симеон Гугулоски потекнува од галичко печалбарско семејство и поради тоа беше роден на 1 јуни 1941 година  во Солун.Живеше во Софија, Скопје , Белград и по некоја судбина умире  во Софија на 13 август 1995 година. Без разлика каде живееше , секогаш наоѓаше време да го посети и да престојвуа во Галичник, кој го сметаше како родно место, тука му беа корените на неговите родители, на неговите предци.

Основното образование го завршува во Скопје. Како ученик во средното музичко училиште, за да обезбеди егзистенција во вечерниет часови настапува во еминентната и култната скопска кафеана “Кермес“.По завршувањето на третата година на средното музичко училиште, желбата да стекне квалитетно музичко образование заминува во Љубљана (Република Словенија), каде со одличен успех дипломира на Одделот за пеење кај професорката  Ксенија Новшак - Ховшка. 

Гугулоски  постојано  учи, се со цел да се стекне со високо образоваание и со висок просек на оцени ја завршува Педагошката академија на одделот за предметна настава во Љубљана.

Напоредно со образованието,за да обезбеди средства за егзистенција и работи. Во Љубљана многу успешнмо е педагог  по музичко образование во училиштето за деца со посебни потреби „ Јанез Левц “, каде што за првпат е забележано формирање на ученички хор. Напопредно со педагошката дејност Гугулоски  студира на музичката академија на Универзитетот во Љубљана,  на Одделот за пеење во класата на професорката Ондина Ота – Класинц.

Со стекнувањето на називот академски музичар – оперски пеач се вработува во Словенското народно гледалиште – Љубљана како солист.

Образованието го продолжува на Музичката академија , каде што успешно дипломира на трет степен на Одделот за соло пеење со што му се доделува академска титула – Специјалист за оперско пеење.

Патот до оваа титула му беше  исполнет со ангажман и во други музички жанрови,  со записи на бројни народни песни и естрадни мелодии.

Во книгата Музика 50 години со Вас, композиторот Љубомир Бранѓолица за Гугулоски, меѓудругото ќе запише:“ Покрај веќе познатите тешки ролји (инкертон од “Мадам Бетерфлајд“, Радамес од „Аида„, Дон Хозе од „Кармен„, тој донесе цела низа ролји од оперите на наши автори, што е за пофалба (Василиј  втори од „Цар Самоил„ на Кирил Македонски, Дамјан од „Бразда„ на Благоја Трајков, Кузман Капидан на Трајко Прокопиев, Митре Поморјанче од „Болен Дојчин„ на Ристо Аврамовски, Никола Карев од „Илинден„ на Кирил Макддонски). Овој фактограафски дел говори за неговиот  прилог во развојот на оперската музика од македонски авториЌ.

Неговото главно професионално подрачје е класична, најмногу оперска музика.

Како првенец во две матични куќи- СНГ – Љубљана и МНТ – Скопје исполнува бројни улоги, а воедно гостува и на сцената на други оперски куќи и тоа:

На сцените на сите оперски куќи во поранешна Југославија, во Бугарија, Чешка, Италија, Германија, Полска, Словачка. Ги пее главните тенорски партии во оперите: Џ. Верди „АИДА“ (Радамес), „НАБУКО“ (Исмаел) „ТРУБАДУР“ (Манрико) „БАЛ ПОД МАСКИ“ (Рикардо) „ТРАВИЈАТА“ (Алфред Жермон Гастон) „ДОН КАРЛОС“ (Дон Карлос) „ФАЛСТАФ“ (Др.Кајус) „РЕКВИЕН“ посветен на А. Манци,  (Ж.Бизе) „КАРМЕН“ (Дон Козе);П. Маскањи, „СЕЛСКА ЧЕСТ“ (Туриду); Џ. Пичини „ ТОСКА“ (Каварадоси) „ПЛАШТ“ (Хенри); Даниел Ф. Еаубер „ФРА ДИАВОЛО“ (Лоренцо); Ермано Волф – Ферари  „ЧЕТИРИ ГРУБИЈАНИ“ (Филипето) ; Р.Леонкавало „ПАЉАЧИ“ (Канио); В. Белини „НОРМА“ (Полион) ; Г.Доницети, „ЛУЧИЈА де ЛАМЕРМУР“ (Артур Баклау) : М. Козина „ЕКВИНОКЦИЈ“ (Иво) ; Данило Швара „СЛОВО ОД  МЛАДОСТИ“ ( Др. Франце Прешерн ); Антон Форстер  „ГОРЕЊСКИ СЛАВЧЕК“ (Фрањо); Ј.Готован „ЕРО С ОНОГ СВИЈЕТА“ (Миќа Еро); Т.Прокопиев „Кузман Капидан“  (Кузман Капидан); Кирил Македонски, „ЦАР САМОИЛ“ (Василиј  II), К.Монтеверди  „КРУНИСУВАЊЕТО НА ПОПЕЈА“; Н.Римски – Корсаков „НОЌ ПРЕД БОЖИК“ (Вакула),  П.И. Чајковски „ПИКОВА ДАМА“ (Херман) „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“ (Ленски) ; Б.Сметана „ПРОДАДЕНА НЕВЕСТА“ (Вашек);К.Орф Кармина Катули ........

Освен на оперската сцена Симеон Гугулоски настапува во изведба на вокално синфониски дела и вокални дела на германски, словенечки, хрватски, руски и италијански композитори. Гугуловски е потписник на многу забавни композиции кој сам ги исполнува на неколку фестивали на забавната музика на просторите на некогашната СФРЈ - Скопскиот , Опатискиот,Загребскиот, Белградскито фестивал на забавна музика и други. 

Сеќавање од Филип Петровски - Се сеќавам на еден собир на ВМРО во Куманово, во почетокот на 1992 година. Собирот беше за да се изрази македонскиот идентитет на градот. Тоа време беше тешко, дури и ризично, да се биде патриот. Излегоа патриотите со македонските знамиња со шестнаесет краци и со лавовите. Некои од нив со црвените баретки на главите. Беше тоа во центарот, на плоштадот. Ечеше македонска патриотска музика испеана од Симеон Гугулоски. Празник на душата. Еден момент како да започна земјата да татни....

Има ли Македонец на кој не му затреперува срцето кога ќе ги слушне песните што ги пееше Симеон Гугулоски :

- Бојот започна горе Крушево (за Питу Гули)
- Болен ми лежи Миле Поп Јорданов
- Имала мајка едно ми чедо
- Македонско име нема да загине
- Народе македонски
- Оган го гори Брезово
- Се што сакав јас по тебе
- Стар бел дедо
- Таму долу Криволачко
- Таму ле мајко близу Битола
- Зар крај
- Земјо Македонска        

Македонецот е секогаш посебно расположени за убава македонска песна. Секоја песна отпеана од Симеон сама по себе е  е ремек-дело...

Народни песни

Земјо Македонска - Симон Гугулоски

Земјо Македонска
Земјо Македонска, чудна си на глед,
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.

Уважавам твојте Македонијо
гори високи,
горите висојте
и во тебе херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.

Убава си мила мајко Македонијо,
стада се белеат
грозјата вирејат Македонијо,
ти ни даваш се.

Ништо не те плаши Македонијо,
кој душман влегол
тој жив не излегол Македонијо,
ти го ставаш в гроб.

Земјо Македонијо
наша татковино Македонијо




Народе Македонски! - Симон Гугулоски

Народе Македонски,
со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се,
свести се не спиј ти.

Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
страм голем је за тебе,
сам да се не знајеш.

Исклаја жени, деца,
во село Загоричани,
а пред аскерот турски,
фрлајте оружјето.

Опинци долри носат,
писќули долери,
фустани раскапани,
ем празни патрони.

Каде е Караиванов
и дружината му?
Мелас, Каравангелис
Битола в затвор је тој.

 
Среда, 31 Март 2010 05:24    PDF Печати Е-пошта
Ристо Шишков
Ристо  ШишковВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКОТО ГЛЕДАЛИШТЕ

Мајсторство што во протег на релативно краток век од одвај дваесеттина години Македонија го доби како награда (од 1962-64 до 1984-86, кога тој ќе ги одигра последните ролји).

Ристо Шишков е актер кој во историјата на македонскиот театар зазема прецизно и исклучително место.

Прославениот македонски актер, Ристо Шишков, живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен.
Повеќе...
 
Среда, 24 Март 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Узунов
Христо Узунов- Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.
Повеќе...
 
Среда, 17 Март 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Бадев
Никола БадевПараходот во изведба на големиот Никола Бадев, e песната на бардот на Македонскиот мелос. Никола Бадев во меморијата на неколку генерации, беше и останува кралот на Македонската народна песна.

Нема Македонец по сите меридијани кои непотпевнува песна од Никола Бадев, нема Македонец на овој век кој не го слушнал неговиот глас, кој иако после долги години од неговото заминување од живите, го растреперува срцето на оние кои ги слушаат неговите интерпретации. Човекот кој преку Македонската песна ќе допира до светот додека постојат сентиментални и весели луѓе. Песна која обелеќува со Македонски ритам и емоции.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Петрушевски: Филипче и СДС се во паника – правда е само кога ним им одговар

  Изјавата на Филипче ја гледаме како дел од неговиот обид да биде присутен во јав...

Историја

News image

Џејмс Баучер во посета на Смилево по андарскиот колеж во 1906

Џејмс Баучер (James D. Bourchier - 18. XII 1850, Браф, област Лимерик, Ирска – 30. XII 1920, Софија,...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (29)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО ЛОНДОН – ЗНАЧАЈНАТА СВЕТСКА МЕТРОПОЛА (25)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.