Среда, 12 Октомври 2011 03:14 |
|
|
|
|
Емануел (Мане) Чучков
|
Емануел (Емануил, Мане) Чучков (Ново Село, Штипско, 14/27. XI 1901 – Скопје, 1. IX.1967) – македонски политичар и државник, универзитетски професор, општествено-политички и културно-национален деец. Основното образование го завршува во Штип, гимназија во Штип и Скопје, а дипломирал во 1925 на Филозовскиот факултет во Белград, групата за етнографија, антропогеографија, физичка географија, историја и словенска филологија. Членувал во младинските структури на ВМРО. На Првото заседание на АСНОМ е избран за негов потпретседател.
|
|
Среда, 05 Октомври 2011 03:41 |
|
|
|
|
Мирче Ацев
|
Мирче Донев Ацев (псeвд. Стojчe) (с. Oрeoвeц, Прилeпскo, 20. X 1915 – Скoпje, 4. I 1943) –македонски национален деец и народен херој на Македонија. Учeствува вo макeдoнското нaциoнaлнooслoбoдитeлнo и студентскотo движењe. Бил aктивен члeн нa Студeнтскoтo друштвo „Вaрдaр“.
|
|
Среда, 28 Септември 2011 03:07 |
|
|
|
|
Исаија Радев Мажовски
|
Исаија Радев Мажовски (Лaзaрoпoлe, Дeбaрскo, 9. III 1852 – Плeвeн, Бугарија, 1926) е истакнат макeдoнски деец, зоограф, комита, активен во формирањето на македонско-албанските лиги и борец за ослободување на Македонија, поборник за автономна Македонија во рамките на јужнословенска заедница на народите.
|
|
Среда, 21 Септември 2011 03:00 |
|
|
|
|
Петре Пирузе Мајски
|
Петре Пирузе Мајски (Oхрид, 5. V. 1907 – Oхрид, 12. I. 1980) – макeдoнски рeвoлуциoнeрeн дeeц, aктивист нa сtудeнтското движeњe и Македонскиот народен покрет (МАНАПО), oргaнизaтoр, бoрeц и комaндaнт вo НOБ. Работел како адвoкатски припрaвник вo Oхрид и бил члeн и прв сeкрeтaр нa KП вo грaдoт во 1941 година.
|
|
Среда, 14 Септември 2011 02:49 |
|
|
|
|
Антон Попов
|
Антон Попов (с. Игуменец, Петричко, Пиринска Македонија, 23. VII 1915 - Софија, 20. X 1942) – македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Завршил гимназиско образование во Неврокоп во 1933 година и неколку години учителствувал во родниот крај. Во 1936 година се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија. Основоположник и член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење.
|
|
Среда, 07 Септември 2011 09:09 |
|
|
|
|
Јоаким Крчовски
|
Јоаким Крчовски (с. Осломеј. Кичевско, околу 1750 - 1820) – е првиот автор на новата македонска книжевност. Јоаким Крчовски живее и работи на преминот од XVIII во XIX век. Откако изучил школа во Цариград, учителствувал долго време во Кратово. Од 1787 година бил назначен за свештеник, а околу 1807 година по смртта на жената, станал монах.
|
|
Среда, 31 Август 2011 03:13 |
|
|
|
|
Никола Киров Мајски
|
Никола Киров Трајков - Мајски (Крушево, 28. VI 1880 – Софија, 2. VIII 1962) – македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација, национален и просветен деец, историограф, општественик и книжевник. Учесник е во Илинденското востание и ја создава „Прокламацијата до турскиот народ во Крушевската околија“, позната како „Крушевскиот манифест“.
|
|
Среда, 24 Август 2011 04:00 |
|
|
|
|
Андреја Чипов
|
Андреј Чипов е роден во 1904 година во леринското село Пателе (денес Агиос Пантелејмонас), во Егејска Македонија. Чипов го минува детството во родното место, сместено на западниот брег на Островско Езеро, на само 6 км од Суровичево и 39 км југоисточно од Лерин. Уште како мал слуша за Македонската револуционерна организација и за учеството во Илинденското востание на селската чета предводена од Атанас Шишков. Воспитан во духот на револуционерна борба тој како и сите жители на Пателе тежнее за слободна и независна Македонија.
|
|
Среда, 17 Август 2011 04:00 |
|
|
|
|
Александар III Македонски
|
Александар III Македонски (Велики)
(Пела, 21 VII 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 11 VI 323 пр.н.е.) – е македонски цар од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем, кој владеел од 336 до 323 пр.н.е. Александар бил воспитуван и образован во духот на македонската аристократска традиција, во малото место Миеза, блиску до Бероја.
|
|
Среда, 10 Август 2011 05:25 |
|
|
|
|
Филип II Македонски
|
Филип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј.
|
|
|
|