Среда, 28 Ноември 2012 04:00 |
|
|
|
|
Славејко Арсов
|
Славејко Арсов (17. VIII. 1878 – 9. VII. 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Од 1896 година е член на ТМОРО, дејствувал во четата на војводата Марко Лерински, а во 1902 година станал војвода на чета во Битолско-Преспанскиот реон. Арсов бил делегат на Смилевскиот конгрес, а како ресенски војвода учествува во Илинденското востание. Во битката со Османлиите близу селото Гуганци, Кратовско, бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на Османлиите се самоубил.
|
|
Среда, 21 Ноември 2012 04:00 |
|
|
|
|
Антон Драндар
|
Антон Георгиев (Хаџигеоргиев) Драндар, (псевдоним А. Брутус), (1837 - 25. III. 1925) e македонски национален деец, правник, трговец, новинар и публицист. Објавил повеќе публицистички трудови, меѓу кои и книгите „Положбата на христијаните во Македонија“ (1867), „Турската администрација во Македонија“ (1868) и друго. Брошурата „По повод едно движење во Македонија“ објавена во Брисел, во 1900 година, под псевдонимот А. Брутус, е посебно значајна за македонскиот народ.
|
|
Среда, 14 Ноември 2012 04:00 |
|
|
|
|
Атанас Близнаков
|
Атанас Близнаков (15. XII. 1901 – 10. VII. 1998) – македонски национален деец, иселеник и повратник од САД, основач на Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1920 година емигрирал во САД. Работел во Гери (Индијана) и бил активен член на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Еден е од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поптрајков“ и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во Гери. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1977 година заедно со сопругата ја основале Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за стипендирање на талентирани студенти.
|
|
Среда, 07 Ноември 2012 04:00 |
|
|
|
|
Ристо Крле
|
Ристо Крле (3. IX. 1900 - Скопје, 29. X. 1975) е македонски драмски автор, еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Тој бил богато надарен раскажувач, романсиер, врвен класик на македонската драма. Ристо бил еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
|
|
Димитар Димов Праматарски, познат како Димитар Македонски или Паша (1839 – 21. IV 1912) е македонски просветен деец и револуционер, учесник во национално-ослободителното движење пред и по Македонското востание во 1878 година. Во 1902 година остро се спротивстаствува на бугарскиот кнез Фердинанд кој со својата политиката не постигнуваат ништо друго туку влошување на положбата на населението во Македонија.
|
|
Среда, 24 Октомври 2012 03:00 |
|
|
|
|
Петар Попарсов
|
Петар Попарсов (21. Х. 1872 – 1. I. 1941) е македонски револуционер и културно-национален деец, еден од основачите и идеолозите на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Автор е на првиот Устав на МРО и познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Тој е еден од главните редактори на списанието „Лоза“ во кое се застапува за македонската самобитност и изградување на самостојна и независна држава на македонскиот народ.
|
|
Среда, 17 Октомври 2012 03:49 |
|
|
|
|
Васил Иљоски
|
Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик.
|
|
Среда, 10 Октомври 2012 03:00 |
|
|
|
|
Војдан Чернодрински
|
(с.Селци, Дебарско, 2 октомври 1875 – Софија, 8 јануари 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист.
|
|
Среда, 03 Октомври 2012 03:00 |
|
|
|
|
Рафаел Моше Камхи
|
Рафаел Моше Камхи (Битола, 15 декември 1870 година - Тел Авив, 1970 година) е македонски револуционер од еврејско потекло.
|
|
Среда, 26 Септември 2012 03:48 |
|
|
|
|
Аргир Манасиев
|
Аргир Наков Манасиев (15. II. 1872 – 7. IX. 1932) – македонски револуционер, учител, гевгелиски околиски војвода и учесник во Илинденското востание. Во 1894 година станал член на Македонската Револуционерна Организација, а од 1901 до 1905 година бил гевгелиски околиски војвода и учесник на Рилскиот конгрес.
|
|
|
|