Павлос (Павле) Филипов Воскопулос (грч. Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος), (Лeрин / Florina, Eгejскиот дел на Maкeдoниja, Р. Грција 25. XI 1964) – е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по вокација.
|
|
Среда, 14 Декември 2011 04:02 |
|
|
|
|
Гоце Арнаудов
|
Гоце Арнаудов (Струмица, 19. VIII 1954 – Струмица, 6. XII 2011) – е македонски интерпретатор на народна и популарна музика. Со музика се занимава уште од раното детство. На почетокот на естрадната кариера настапува во групата на неговиот татко, а како завршен средношколец оформува сопствена група со која се претставува пред Македонската публика.
|
|
Среда, 07 Декември 2011 04:00 |
|
|
|
|
Милтон Манаки
|
Манаки Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 - Битола, 5. III 1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со постариот брат Јанаки, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“.
|
|
Среда, 30 Ноември 2011 04:45 |
|
|
|
|
Кераца Висулчева
|
Кераца Висулчева е родена на 7 април 1911 година во село Несрам, костурско, Егејскиот дел на Македонија, во времето на државата Грција, а почина на 13 јануари 2004 година во Скопје, Вардарскиот дел на Македонија, во државата Македонија.
Брзо по нејзиното раѓање, нејзиното семејство го напушта родниот крај за да се спасат од грчките андарти. Додека бил градоначалник, нејзиниот татко е осуден и затворен во костурскиот затвор, бидејќи отворил македонски училишта и цркви во Грција. Татко и на Кераца успева да избега од затворот, оставајќи голема сума златници во селото и семејството и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот, Кераца Висулчева го минала во градот Пловдив, Бугарија. Во 1930 година Кераца Висулчева се запишува на Ликовната академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година и ја добива наградата од Фондот „Ана Бешевлиева“. На една од првите изложби каде што учествува, нејзиниот талент бил забележан од големиот уметник Иван Мрквичка кој истата година и предлага да биде вклучена во Сојузот на бугарските ликовни уметници. Тоа била голема чест за младата уметничка. Поради јавното искажување дека е Македонка, на нејзино инсистирање во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје. Во меѓувреме учествува на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее се’ до своето преселување во Скопје. Во 1965 патува во повеќе градови на Франција (Арл, Авињон), а подолго време се задржува во Париз импресионирана од Монмартр, Сакр Кер, Пигал, Мулен Руж, ликовно документирани на повеќе нејзини урбани пејсажи. Во 1980 година по долго време исчекување и напори го посетува своето родно место Несрам во Костур. Девет години пред својата смрт, на 85 годишна возраст се преселува во Република Македонија, каде Министерството за култура и се оддолжува водејќи грижа за нејзиниот престој и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија. Целокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Кераца Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзина последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат дел од националното богатство на Македонија. Делата во моментов се наоѓаат во Музејот на Македонија и во Сарајот во Ресен. Дел од творештвото се наоѓа и во Европа, дури и во Лувр, Франција. Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и пост-импресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната одаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината и цртежот. Страста кон сликањето не и’ дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, напоредни на благородните физиономии на редица значајни личлности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип. Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринскиот дел на Македонија. Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон не помалку возбудливата ерупција на морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабока почит кон женските тела. Во делата „Несрам“, „Моето родно село 1980“ и „Мојот роден крај 1980“, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за првпат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена. Цел живот во потрага по Македонска држава низ Балканот и светот, со уметничката четка, Кераца Висулчева ја исполни својата вековна желба и умре во државата Македонија. За нејзиниот живот и дело пишуваат и ќе пишуваат, ќе се инспирираат ликовните критичари и сликари, на нејзините жанрови, пејсажи и портрети ќе се учат младите и постарите ликовни уметници, а нејзината оставштина ќе биде примамлива дестинација во Музејот на Македонија за пошироката домашна и светска јавност. Кераца Висулчева живееше својски, боемски, како што вели народот беше со уметничка душа предадена на своето дело, што повеќе да остави на платно при живот, по малку исполнета со нејзината тврдоглава гордост, но убедена, дека ја црта историјата на својата Македонија од Белото море до Пловдив, од Париз до Скопје. Сакаше дел од своите уметнички дела да остави во Царскиот дворец, како што знаеше да каже за Музејот во Ресен. Министерството за култура и ја исполни таа желба и отвори постојана изложбена поставка на дел од нејзиното богато уметничко творештво. Макар и посмртно, со нејзината оставштина во Ресен и Скопје таа вечно ќе живее во Македонија. Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и се оддолжија формирајќи Фондација „Кераца Висулчева“, со цел грижа за нејзиното име и дело, а Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, и’ го додели највисокото светско македонско признание - почесна титула „македонски сенатор“. Нејзината последна желба беше уметничките дела да не може да се купуваат и продаваат. Тоа е мојот тестамент - повторуваше Кераца Висулчева. Да останат дел од националното богатство на Македонија. Така и бидна. Кераца никогаш не ги продаваше своите картини. Живееше ацкетски, со последните пари купувајќи бои, платна, рамки и четки, испоснички цртајќи по европските метрополи и плоштади, се’ до враќањето во Македонија. Благодарност на Кераца Висулчева за се’ што стори за Македонија и нека биде макар најмал мост на разбирање меѓу Грција, Бугарија и Македонија, затоа што нејзиниот живот и нејзините родители, како и на многумина расеани и разделени, протерани и прогонети Македонци од родните огништа, беа и останаа сведоштво на македонската голгота од балканските војни, од поделбата на македонскиот народ и Македонија. За среќа, како и секогаш порано, како и секогаш пред тоа и по тоа, како феникс од таа балканска пепел, проникна уметничката душа на Кераца за да всади дух на култура и да каже и покаже, на Балканот и пред светот, дека македонската култура никогаш не умира, таа вечно трае, облагородува и интегрира. Како што вечен ќе биде поменот и споменот за неа. Веруваме дека почива во мир, а од висините со песните на ангелите не потсетува, да ги заборавиме војните затоа што само со културата постоиме, со културата да се облагородиме.
На 23 ноември во Скопје, во Македонската опера и балет, во соработка со Музејот на Македонија, а по иницијатива на Фондацијата „Квалитетна уметност„ на Росица Дикиџиева, внуката на Кераца Висулчева, се одржа Балетска вечер и изложба на дел од уметничките слики во чест на 100 години од раѓањето на ликовниот уметник Кераца Висулчева. Пригодна беседа за Кераца Висулчева одржа академик Блаже Ристовски, а на изложбата и балетската вечер присуствуваше делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот Тодор Петров. - Не сум јас таканаречена, јас сум Македонка, - знаеше често да рече Кераца. Вечна и слава на Кераца.
Амин!
Припремил: Тодор Петров |
|
Среда, 23 Ноември 2011 04:00 |
|
|
|
|
Јанаки Манаки
|
Јанаки Манаки (с.Авдела, Костурско, 1878 - Солун. 1948), македонски фотограф од влашко потекло, снимател и пионер на филмот на Балканот. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со помладиот брат Милтон, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“.
|
|
Среда, 16 Ноември 2011 04:55 |
|
|
|
|
Васил Иљоски
|
Васил Иљоски (Крушево, 20. XII 1902 - Скопје, 1. XI 1995) – македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и академик. Тој е еден од втемелувачите на македонската драмска литература. Автор на првото драмско дело на македонски јазик прикажано на сцената на Кралскиот скопски театар меѓу двете светски војни. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Долги години работел како професор на Вишата педагошка школа (сегашен Педагошки факултет) во Скопје. Еден е од основачите на ДПМ во 1947 година, а станува прв член на МАНУ непосредно по нејзиното формирање. Васил Иљоски цели пет децении му останува верен на литературното македонско драмско творештво.
Васил Иљоски е роден на 20 декември 1902 година во Крушево, непосредно пред историските настани кои ќе ја одбележат епопејата на македонскиот народ. По Илинденското востание 1903 година, барајќи работа и подобри услови за живот неговиот татко заминува во Куманово. Десетина години подоцна, откако се создадоа услови, целото семејство се преселува во Куманово.
Детството го поминува во столарска работилница на татко му каде помага и го изучува занаетот. Иако Васил работи како столар, тој не го продолжува татковиот занает. По завршувањето на основното и средното училиште, љубовта кон книжевноста ќе однесе во Скопје каде се запишува на Филозовскиот факултет.
Васил Иљоски како член на литературната дружина го привлекува сценскиот збор и уште во гимназиските денови почнува да пишува драмски текстови, а како студент неговите оформени едночинки, доживуваат сценска изведба. Драмските текстови ги пишува на македонски, крушевски и кумановски дијалект, прикажувајќи ја притоа колоритноста и посебноста на македонскиот јазик.
Првиот јавен настап го прави со драмскиот текст „По матурата“. Таа била едночинка, која авторот ја поставува со школската дружина. Со оваа претстава членовите на групата гостуваат на неколку места. Првичните успеси го мотивираат Иљовски и наскоро на сцената се појавува со хумористочниот драмски текст „Бура поради електриката“. Преставата во која како и претходно глуми и самиот автор, ги измамува првите локални печатени пофалби.
Иако скромни, првите успеси за авторот преставуваат дополнителен мотив за нови творечки напори. Некаде кон втората половина на триесетите години, Васил Иљоски започнува да работи на своето посериозно драмско дело насловено како „Бежанка“ (подоцна преименовано како „Бегалка“). Оваа типочно битово-социјална драма во 5 чина, во која до израз доаѓаат тенденции на Иљоски да ја прикаже посебноста и колоритноста на македонскиот јазик, премиерно е прикажана на 16 јуни 1928 година под името „Ленче Кумановче“. Изведена на кумановски дијалект, претставата предизвикува голем интерес кај публиката.
Иако наидува на одличен прием кај публиката, по интервенција на власта, претставата „Ленче Кумановче“ набрзо е симната од репертоарот на Скопски театар, а обидот низ драмскиот текст јавно да се промовира македонски јазик, власта го казнува. Младиот професор по книжевност Васил Иљоски ја губи својата служба во гимназијата во Куманово, каде бил вработен по завршувањето на Филозовскиот факултет како наставник (суплент). Оваа драма повторно е прикажана на сцената на Кралскиот скопски театар дури во сезоната 1936/37 година, кога на сцената е поставена и драмата „Печалбари“ од Антон Панов.
Во овој период, за да ги избегне проблемите со власта, Васил Иљоски пишува на српски јазик. Создава неколку дела меѓу кои: „Нагазио човек“, „Биро за безработни“ и „Ученичка авантура“. Комедијата во 3 чина „Нагазио човек“, уште позната како „Чорбаџи Теодос“, била премиерно изведена на 23 април 1937 година во превод на скопски дијалект. Иако се наоѓала на репертоарот за сезоната 1939/40 , драмата „Биро за безработници“ не била изведена на сцената. Основната причина што оваа драма со социјална тематика била изоставена од репертоарот, бил обидот на авторот да алудира на политичките состојби непријатни за тогашната власт.
По ослободувањето, Васил Иљоски имал раководни функции во просветата. Поставен бил за директор на Првата гимназија, работел во Народната библиотека, а потоа работи и се пензионира како професор во Вишата педагошка академија во Скопје.
Автор е на повеќе драми, статии и студии за јазикот. Негови најпознати драми се: „Бегалка“, „Чорбаџи Теодос“, „Биро за безработници“, „Чест“, „Кузман Капидан“, „Окрвавен камен“ и др. Исто така, тој автор и на литературно - историски текстови за Кирил и Методиј, Григор Прличев, Крста Петков Мисирков, Коста Рацин, како и на есеи за театарот.
Васил Иљоски бил еден од првите академици на МАНУ и еден од оснивачите на Друштвото на писателите на Македонија (13 февруари 1947 г.), чиј член останува се до неговата смрт на 1 ноември 1995 година во Скопје. |
|
Среда, 09 Ноември 2011 10:29 |
|
|
|
|
Кочо Солев Рацин
|
Кочо (Солев) Рацин, (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски поет, раскажувач, есеист, публицист, филозоф, општествено-политички деец, исторски истражувач, комунист и партизански борец. Иако самоук, Рацин е еден од најистакнатите македонски интелектуалци во меѓувоениот период, еден од основоположниците на современата македонска литература. Познат е по својата збирка песни „Бели мугри“. Освен со поезијата, Рацин пишува проза и има неколку значајни трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата.
|
|
Среда, 02 Ноември 2011 04:00 |
|
|
|
|
Антон Димитров
|
Антон Филахтечев Димитров (с. Ајватово, Солунско, 1868 – Софија, 13. III 1933) –македонски деец, еден од основополжниците на Македонската револуционерна организација (МРО) и на идејата за создавање на самостојна македонска држав. Завршил егзархиска гимназија во Солун во 1889 година, а во периодот од 1899 до 1903 година студира право во Цариград и Лиеж, Белгија.
|
|
Среда, 26 Октомври 2011 08:00 |
|
|
|
|
Иван Дејанов
|
Академик Иван Дејанов прв македонски трансфузиолог и прв претседател на Македонско - израелското друштво за пријателство и соработка.
|
|
Среда, 19 Октомври 2011 03:00 |
|
|
|
|
Димко Серванов – Могилчето
|
Димко Илиев Серванов – Могилчето (с. Могила, Битолско, 1879 - с. Ношпал, Битолско, март 1907) - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание, а како околиски војвода на Битолската полска чета на ТМОРО учествува во повеќе борби. Бил голем прврзаник на македонската национална кауза и се спротивставува на делувањето на грчките чети во Мариовскиот крај. Се истакнува во борбата со турските даночници и станува популарен помеѓу народт кој ќе испее песни за неговата храброст и јунаштво. За да не биде фатен жив од Турците, тој се самоубива.
Димко Серванов е роден во 1879 година во битолското село Могила. По името на родното место го добива и прекарот Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. Израснал во револуционерно семејство. Неговиот постар брат бил член на ТМОРО. Димко завршил основно образование. Мошне рано ќе тргне по стапките на својот брат.
Младиот Димко или уште познат како Димче, се приклучува на четата на Ѓорѓи Сугарев, по нивното пристигање во селото, Станува член на ТМОРО и активно се вклучува во борбата на македонскиот народ против Отоманската империја за ослободување на Македонија. Со четата на Ѓорѓи Сугарев, Димче Серванов – Могилчето дејствува во Мариово и Битолско.
Во 1903 година Димчо Могилчето зел учество во Илинденското востание во чета со Јон Кафеанџијата (Иван Димов – Пашата). За време на востанието учествува во борбите кои се водат во реонот на Пелистер и Преспа. По востанието, во 1904 година бил поставен за околиски војвода на Битолската полска чета. Заедно со реонските војводи Иван (Јон) Димов – Пашата и Трајко Крало, Димче Могилчето учествува во повеќе борби и акции.
Димче Серванов - Могилчето бил против српската и бугарската оружена акција во Македонија и бил голем приврзаник на македонската национална кауза, што се гледа од зачуваната коресподенција. За потребите на Македонската револуционерна организација, Серванов од повеќе донатори собрал над 400 наполеони. Најчести борби и акции кои ги води по Илинденското востание се против намножените андартски чети, како и против домашните предавници и турски даночници.
На 1 јули 1905 година, Димче Могилчето во соработка со Јон Димов-Пашата и Трајко Кралот (од село Брник, Мариовско), од заседа го убил злогласниот Шефкија-бег, кој имал чифлик во село Могила. Убиството на Шефкија-бег, за кого се сметаше дека куршум не го бие, силно ќе одекне кај турското и македонското население. Додека овој настан силно ќе ги растревожи битолскиот валија Селм ефенди, убиството на злогласниот бег кој го тероризираше македонското население ќе го орасположи народот и ќе стане главниот мотив за обликувањето на ликот на Димче Могилчето во народната песна.
Судирите со андартските чети беа чести и погубни. Во 1907 година, четите на Димче Сарванов – Могилчето, Трајко Крало и Лука Геров се судрија со андартските чети кај село Ивени, Мариовско, Во битката во која свој придонес имаше и турскиот аскер, загинаа триесетина четници, а Димче Могилчето бил тешко ранет. По битката Димче Могилчето бил пренесен во Битола каде се лекувал.
Во месец март 1907 година, при една организациона обиколка, Димче Серванов - Могилчето бил откриен и гонет од османлиска потера. За да се засолни пред турската потера се сокрил во подземна скривница во селото Ношпал, Битолско. Плашејќи се да не го откријат, една жена ставила камен на малиот отвор на скривницата. Димче Могилчето останал без воздух и почнал да се задушува. Потерата заминала, но тој мезнае што се случува. Неможејќи веќе да издржи од задушување, и несакајќи жив да падне во турски раце тој се решил на саможртва. Додека турската потера се одалечувала од скривницата се чул пригушен истрел. Погребан бил во Битола.
Неговиот бурен живот завршил, но неговите храбри и јуначки дела ќе останат запаметени од народот во Битолскиот крај. Неговите дела ќе бидат опеани во народната песна.
Постојат повеќе песни и разни верзии, од кои најпозната е песната „Абер ми иди од Могила“. Во оваа македонска народна песна се пее за храброста на Димче Могилче кој не се плаши од битолскиот валија Селим ефенди кој му се заканува со негивиот аскер, по убиството на турскиот насилник Шефкија. Во песната „Абер ми иди од Могила“. народниот пеач ќе запее:
Абер ми иди од Могила, низ поле Пелагониско, право ми оди Битола Битола кај валијата. Валијо бре Селим-ефенди Могила е полна кумити таму е Димче Могилче. Налутил се Селим-ефенди, спрегнал си коња дорија одбрал си аскер најсилен утре ќе оди Могила одбрал си аскер најсилен низ прстен јајце да протни. Излези бре Димче Могилче жената ќе ти ја украдам далеку ќе ја однесам во сарај ќе ја потурчам. Ај од тука Селим-ефенди ај од тука куче касапско, кожата ќе ти ја одерам на плевна ќе ја обесам. |
|
|
|