Македонски легенди
Среда, 09 Мај 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Стерјо Спасе

SterjoSpase240Стерјо Спасе (14. VIII 1914 - 12. XI 1989) - албански писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Повеќе...
 
Среда, 02 Мај 2012 08:04    PDF Печати Е-пошта
Јован Кукузел - Ангелогласникот

Ioannis_Koukouzelis-240Јован Кукузел (околу 1280 - 1360) е македонски средновековен црковен пеач, композитор и музички теоретичар, еден од најзначајните преставници на византиската и византиско-македонската духовна музика. Тој е најголемиот и најзначајниот македонски музички деец, реформатор на источнохристијанското пеење и нотација.

Повеќе...
 
Среда, 25 Април 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Мечев - Мечето

gemidjii-240Димитар Мечев (Велес, 1870 – Солун, 1903) – револуционер гемиџија. Завршил основно образование. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Бил близок со Гоце Делчев и со Даме Груев. Се придружил на групата револуционери гемиџии и учествувал во Солунските атентати во 1903 година како еден од најстарите гемиџии.

Повеќе...
 
Среда, 18 Април 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Константин Кирков

Kostadin_Kirkov-240Константин Кирков (1882 - 1903) – е македонски револуционер, анархист, член на тајниот терористички кружок „Гемиџии“ кој учествува во познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун. Заедно со Јордан Поп Јорданов – Орцето се душата на велешките „Гемиџии“.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Василев Македонски

dimitar-makedonski-240Димитар Василев Македонски  (1847 –1898)  е македонски учебникар, учител, општественик и публицист.

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Богоја Фотев

Bogoja_Fotev-240Богоја Фотев (1900 –1993) – македонски револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. На Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ (28–30. декември 1944) бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ (14–16. април 1945) бил избран за член, а во пролетта на 1945 и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. По Резолуцијата на Инфорбирото како неподобен бил остранет од сите функции.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2012 03:42    PDF Печати Е-пошта
Спиро Гулапчев

Spiro-Gulabchev-240Спиро Гулапчев меѓу првите ја лансирал концепцијата за одделната политичка целост на Македонија

Спиро Константинов Гулапчев (Гулабчев), (1856 - 1918) спаѓа во редот на оние македонски дејци кои меѓу првите ја лансирале концепцијата за одделната политичка целост на Македонија и е еден од првите заговорници за Балканската федерација.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2012 02:00    PDF Печати Е-пошта
Орде Ивановски

orde-ivanovski Орде Ивановски (6. VIII 1928 – 14. III 2012) – е македонски историограф чија научно-истражувачка работа е посветена на левите политички и национални сили. Тој ја проучува дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање.

Повеќе...
 
Среда, 14 Март 2012 04:22    PDF Печати Е-пошта
Стефо Николов - Скендер

Stefo_Nikolov_Besfinia_IMARO-240Стефо Николов - Скендер (1855 –1902) – македонски револуционер и кресненски војвода, претседател на Народното собрание на Македонија, турски затворник и предилинденски војвода на ТМОРО. Учествува во Кресненското македонско востание (1878-79), а потоа во 1880 година станува претседател на Народното собрание на Македонија во Гремен-Теќе.

Повеќе...
 
Среда, 07 Март 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Лазо Асијата

legendi

Лазо Ридов е роден 1884 година. Овој горостас од човек бил висок 2 метра, а со својата невидена храброст станал и останал синоним на храброст кај населението од целиот тиквешки крај и пошироко. И денес по толку време кавадарчани го имаат Асијата како митска личност, легенда и како свое народно богатство.

На Крива Чешма

Неговата невидена храброст за прв пат е запаметена кога Асијата имал 17 години. Убавата девојка Тодорка Андова полнејќи ги стомните со вода од Кривата Чешма била малтретирана и навредувана  од двајца помлади Турци кои и ги скршиле стомните, по што таа си заминала целата уплакана. На патот ја сретнал Лазо и бидејќи ја познавал, ја запрашал што и се случило. Дознавајќи за немилиот настан тој веднаш се упатил кон чешмата каде што младите насилници чекале нова жртва.

Кога го забележале младиот Лазо разбеснет како со пцовки се упатува кон нив се обиделе да побегнат. На едниот тоа му испеало, ама другиот го фатил и откако убаво го истепал му ја пикнал главата во мрамурите од кои стоката пиела вода и добро го напил.

Во Кавадарци со своите зулуми и насилства се истакнувал младиот Ибраим Синанов, внук на кавадаречкиот кајмакам Шефки Али Бег. Еден ден Ибраим Бег го убил Диме Грков, член на револуционерната организација. Ова убиство предизвикало голем револт во градот, но Ибраим успеал да остане неказнет. Лазо кој слушнал за злоделото на Ибраим, на своите другари им рекол: „Нема да му дозволам на Ибраим Ефенди уште долго да прави вакви гадотии. Скоро ќе си го види својот Алах.”

На 17 август 1902 година четворицата другари: Лазо Ридов, Ване Стефанов, Мишо Шкартов и Ило Боцев го пречекале Ибраим кај месноста Лазов Мост, кога се враќал од Прилеп. Лазо му пристапил со зборовите: „Каде си тргнал проклетнику, да изедеш некоја христијанска душа, или да силуваш некоја наша девојка.” Изненаден од дрскоста на својот противник Ибраим се обидел да го извади својот револвер, но Лазо кој очекувал вакво нешто, веќе во рацете ја имал својата кама и со еден удар во градите го убил насилникот.

Веднаш по тој настан тиквешкиот кајмакам организирал голема потера по сите околни села и во градот но за голема среќа не успеале да го најдат убиецот. А четворицата другари дење криејќи се, а ноќе патувајќи успеале да ја најдат четата на војводата Петар Јуруков и да станат дел од неа.

Во 1904 година со одлука на Централниот комитет на ТМОРО за околиски војвода бил назначен Добри Даскалов, а Петар Јуруков бил испратен во крушевско-прилепскиот револуционерен реон.

Што е чудо станало

На 12 јули 1905 година четата на Добри Даскалов влегла во селото Ресава.  Во селото била селска слава – Петровден и борците биле убаво пречекани и нагостени. Собирот бил искористен за да се одржи состанок со сите возрасни мажи во селото, на кој покрај другото, луѓето се пожалиле кај војводата на злоупотребите што ги правел селскиот поп Ристо Пејков. Видно револтиран од тоа што го слушнал Лазо Ридов го фатил попот за брадата и целата му ја искубал.

Посрамотениот поп утредента рано наутро решил да им се освети на борците од четата и на своите соселани и за присуството на четата во Ресава ги известил турските власти. Веднаш била покрената голема турска војска и полиција и за кратко време го сардисале селото. Настанала тешка борба која се водела за секоја куќа, за секоја плевна и амбар.

Борбата траела до доцна во ноќта, и во неа загинале голем број турски војници, а бил голем бројот и на ранетите бидејќи борците биле добро утврдени во неколку куќи во Биковското маало. Кога се приближила ноќта војводата наредил со силен јуриш да се пробие обрачот, гледајќи во тоа единствен начин да се спаси четата од уништување. Во јуришот на само неколку метри од последната куќа Лазо Ридов почувствувал удар во пределот на десната нога. Неговите другари потрчале да му помогнат.

Тој целиот бил облеан со крв. Кога се освестил станал и како некоја сила да влегла во него со сиот глас извикал: „Напред другари” и ја фрлил последната бомба кон Турците. Во еден момент еден амбашија со исукан јатаган се упатил право кон него, но Асијата со пушката успеал да го собори и со голи раце му го одзел животот. Војводата со успешен маневар ја извлекол четата од обрачот со само двајца загинати борци и неколкумина ранети меѓу кои бил и самиот војвода. По ова селото Ресава било запалено, петмина недолжни селани биле стрелани.

Во познатата битка во селото Ресава загинале околу 30 војници и башибозук а од четата на Добри Даскалов загинале Ване Стефанов и Ѓоре Јованов.

Асијата бил ранет и однесен во Неготино каде што го лекувал лекарот Михалаки, кој пред тоа ја помогнал Организацијата со 12 лири.

Што е чудо станало,
во тоа село Ресава,
во Биковското маало.
Таму се бие четата,
на тој ми Добри Даскалов.
Од што ми беше млад Добри,
со брада аскер плашеше,
и команда даваше:
- Ура, ура момчиња,
ура Македончиња!
Се бориме умираме,
за правда и за слобода.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања”, Кавадарци 1900-1945.  од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010.

(Подготви Марко Китевски)

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.