Македонски легенди
Среда, 10 Јули 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Гацо Капидан

Angel_Gaco-240Ангел Гацо (Паришев), односно Гацо Капидан, како што бил познат меѓу селаните, бил роден во 1771 година во село Саракиново, Воденско. Уште како мало дете покажувал сободен и непокорен дух. Потекнувал од сиромашна фамилија, па поради тоа, како момче бил момок и пасел говеда и свињи во село Бабјани, Ениџе – Вардарско.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јули 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Даскалчев

hristo-daskalcev-240Христо Даскалчев (12. IX. 1878 – 14. XII. 1954) е македонски просветен и национален деец, револуционер и воденски војвода на Македонската Револуционерна Организација. Како член на раководството на Македонската Емигрантска Федеративна Организација (МЕФО) се застапувал за Македонија, за Македонците како потполно независна политичка единица од балканските држави. Во септември 1944 година во Софија потпишал "Апел до Македонците во Бугарија".

Повеќе...
 
Среда, 26 Јуни 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Томислав Зографски

tomislav-zografski-240Томислав Зографски (29.III.1934 - 14.I.2000) е македонски композитор и еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика во втората половина на XX век. Тој е претставник на генерација македонски музички творци кои уште во шеесеттите години домашните музички вредности ги доближија до главните светски струења. Прв во македонската музика внесува елементи на музичкиот неокласицизам, а извор за неговата творечка инспирација претставува македонската световна и духовна музичка традиција. Неговиот дух проникнат во неговите композиции, раширен од неговите студенти, продолжува да живее и натаму.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јуни 2013 03:18    PDF Печати Е-пошта
Митре Влаот

Mitre_Vlavot-240Митре Панџаров – Влаот (1873 - 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Познат е под името Митре Влаот или како Митре Влашето, но во документите се потпишувал со вистинското име и презиме. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на чета, од реонски до окружен. Учесник е во Илинденското востание, а потоа води борба против грчките андартски чети во Костурскиот регион.

Повеќе...
 
Среда, 12 Јуни 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓеорѓи Шоптрајанов

gorgi-soptrajanov-240Ѓеорѓи Димев Шоптрајанов (2. II. 1907  – 2001) е македонски филолог, општественик и културно-просветен деец, универзитетски професор, еден од најголемите македонски франкофони и научник од светско реноме. Тој бил добар пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина.

Повеќе...
 
Среда, 05 Јуни 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Антон Лазов Јанев - Ќосето

Andon_Kioseto-240Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.

Повеќе...
 
Среда, 29 Мај 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Ташко Караџа

tasko-karadza-240Анастас Ташко Караџа (1914 - 1942) е македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Еден е од најистакнатите борци за национални и социјални права на македонскиот народ во Костурско. Активно учествувал во македонското движење и бил активен учесник во антифашистичкиот отпор во Егејскиот дел на Македонија. Пред Втората Светска Војна, како член на КПГ бил апсен и интерниран од режимот на Метаксас. Во 1941 година бил функционер на ОКНЕ за Егејска Македонија и секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини, а во 1942 година бил уапсен, осуден на смрт и убиен од германските власти.

Повеќе...
 
Среда, 22 Мај 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Трпо Поповски

trpo-popovski-240Трпо Поповски (21. V. 1848 – 25. V. 1928) е македонски преродбеник и револуционер, свештеник и учител. Целиот свој живот го посветил на борбата против грчката пропаганда во Македонија и е еден од првите основачи на училиште на мајчин јазик во Костурско. Клеветен од грчките владици, како голем борец против елинизмот во Западна Македонија и член на Македонската револуционерна организација, Поповски бил постојано прогонуван и затваран од властите.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Андоновски

hristo-andonovski-240Христо Андоновски (15. IX.  1917 - Скопје, 1. VII. 2002) - учител, деец на Македонското Национално Ослободително Движење во Егејскиот дел на Македонија, новинар, публицист и општественик.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 03:48    PDF Печати Е-пошта
Кузман Шапкарев

220px-Kuzman_Shapkarev_1907_posledna_snimka-240Кузман Атанасов Шапкарев (1834 - 1909) е македонски преродбеник, истакнат фолклорист, етнограф, публицист и учебникар. Повеќе од триесет години собирал и ја проучувал македонската усна традиција. На свој начин тој е зачетник на македонизмот.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.