Македонски легенди
Среда, 29 Февруари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Дијамандија Трпков Мишајков

dijamandija-mishajkov-240Македонски деец и идеолог, член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган весникот „Балкански гласник“, член-основач и прв привремен претседател на Македонското начно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург (1902) и коавтор (со Стефан Јакимов Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма (12. XI 1902).

Повеќе...
 
Среда, 22 Февруари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Марко Бошнаков

Marko_boshnakovМарко Стојанов Бошнаков (1874 –14. II 1908) – македонски револуционер, еден од најстарите гемиџии, анархист. Завршил гимназија во Солун, се вклучил во ТМОРО и станал комита во 1900 година. Во 1902 се вклучил во илегалниот Гемиџиски кружок во Солун. Во 1903 година заедно со Владимир Пингов, биле задолжени да го минираат Топането и хотелот „Вардар“.

Повеќе...
 
Среда, 15 Февруари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Јордан Пoпјорданов – Орцето

gemidzii-240Јордан Ѓошев Пoпјорданов - Орцето (Велес, 1881 - Солун, 30. IV 1903) - гемиџија, водач на солунскиот заговорнички кружок Гемиџии, брат на војводата на ТМОРО Миле Попјорданов.

Повеќе...
 
Среда, 08 Февруари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Павле Раковски - Егејска Македонија

dag-240Павле Раковски (1913 – 1990) деец на македонското национално движење и еден од клучните личности на македонското ослободително движење во Егејска Македонија. Во периодот на Втората светска војна, бил учесник во антифашистичкиот отпор и составил азбука од 24 букви во духот на македонскиот јазик и македонската јазична традиција. Во 1944 година, во знак на протест ги напуштил редовите на ЕЛАС и со Воденскиот македонски баталјон преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Од 1946 до 1949 година учествува во Граѓанската војна во Грција. Бил член на раководството на НОФ, одговорен за Агитпроп. По завршувањето на Граѓанската војна во Грција, обвинет од КПГ како „титоист“, бил испратен во сибирските логори. По нормализирањето на односите меѓу СССР и Југославија во 1960 година, Раковски  се враќа во Скопје, каде како изразит македонист бил изолиран се до крајот на својот живот.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2012 03:41    PDF Печати Е-пошта
Гаврил Радомир

gavril-radomirГаврил Радомир (1014 – 1015) - македонски цар, првороден син на Самоил и Агата. Совладетел и наследник на Самоил. Се истакнува во војната со Византија и му бил десна рака на Самоил. Учествувал во сите поважни битки против Византијците: во битката кај Ихтиман (Трајановата порта - 986), битката кај Сперхеј (996) и Беласичката битка (1014). На двапати го спасил Самоил, извлекувајќи го од бојното поле, по загубените битки кај Сперхеј и кај Беласица. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. На престолот се искачил во 1014 година, по смрта на Самоил. Во 1015 година бил убиен во лов.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2012 02:59    PDF Печати Е-пошта
Атанас Бадев

Atanas_Badev-240Атанас Бадев (1860 – 1908) е македонски композитор и музички педагог, автор на дела од православната музика, детски песни и аранжмани за народни песни.

Повеќе...
 
Среда, 18 Јануари 2012 04:22    PDF Печати Е-пошта
Никола Малешевски

Petrov_maleshevski_delchev-240Никола Спасов Малешевски (Берово, 1852 - Дупница, Бугарија, 1935) - деец на македонското револуционерно ослободително движење. Учествувал во Разловечкото (1876) и во Кресненското востание (1878-1879), а потоа емигрирал во Бугарија. Во 1895 година се вклучил во ТМОРО и бил долгогодишен пунктов началник во Дупница, денешен Станке Димитров. Помагал при префрлањето на вооружените чети од Бугарија во Македонија и прифаќањето на бегалците по избувнувањето на Виничката афера во 1897 година. Основал неколку комитети во Дупница, а тесно соработувал со Гоце Делчев и Ѓорче Патров.

Повеќе...
 
Среда, 11 Јануари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Јонков Вапцаров

nikola_vaptzarovНикола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. VII 1942) – е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок.

Повеќе...
 
Среда, 04 Јануари 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никодим Царкњас

nikodim-carknjas-240Уште како дете, неговите родители го воспитуваат да биде добар христијанин и свесен Македонец. Никодим Царкњас -  Духовен воин кој се бори да го зачува јазикот на својот род

Повеќе...
 
Среда, 28 Декември 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Илиевски – Мурато

Dimitar-Ilievski-murato-240Димитар Илиевски – Мурато (21 IX 1953 – 10. V 1989) – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“ од 1968 година и еден од најголемите македонски алпинисти. Ги освоил сите важни врвови во Југославија, Грција, Бугарија, како и врвовите на Алпите (Мон Блан, Матехорн и Монте Роса).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.