Македонски легенди
Среда, 11 Јули 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Емануел Мане Чучков

emanuel-cuckov-240Многу значајни личности од македонскта историја кои имале клучна улога во формирањето на современата македонска држава, кои активно учествувале во политичко-револуционерните процеси на македонскта и југословенската политичка сцена биле политички деградирани и осудени или намерно се оставени на маргините на македонската современа историја. Еден од нив е Емануел Мане Чучков, општествено-политички деец, револуцинер и универзитетски професор. Малку историчари и архивисти се уште зборуваат и пишуваат за ликот и делото на Мане Чучков.

Повеќе...
 
Среда, 04 Јули 2012 03:27    PDF Печати Е-пошта
Димитар Попгеоргиев - Беровски

240px-dimitar_pop_georgievДимитар Попгеоргиев - Беровски (1840 - 19. XII. 1907) е Mакедонски национален деец-револуционер, идеен творец, организатор и водач на две македонски востанија: Разловечкото и Кресненското.

Повеќе...
 
Среда, 27 Јуни 2012 03:50    PDF Печати Е-пошта
Кирил Македонски

kiril-makedonski-240Кирил Македонски (19. I. 1925 - 4. VI. 1984)  е еден од позначајните македонски композитори од втората генерација. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). На подрачјето на оркестарската музика, значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии. Напоредно со компонирањето, Македонски се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2012 03:22    PDF Печати Е-пошта
Симеон Савев - Нинев

simeon-savev-ninovВојводата Симеон Савев - Нинев е роден на 15.01.1841 година во село Јагол Доленци (општина Осломеј), Кичевско Македонија -  починал (не се знае која година) во градот Силистра, Бугарија.

Во 1861 до 1870 година е на чело на ајдучка дружина и дејствувал во Кичевско, Гостиварско, Тетовско, Скопско, Велешко.

Портрет со војводата Симеон Савев - Нинев или познат како Дедо Симо родум од с. Јагол Доленци (општина Осломеј), Кичевско.

Војводата Симеон Савев - Нинев, познат како војводата Дедо Симо е голем Македонски револуционер, Гарибалдиец, војвода на Врховниот Македонски Одрински Комитет, задграничен организатор на четите во Влашко (Романија).

Потекнува од богати родители и како дете бил пратен да учи во манастирот  “Св. Богородица – Пречиста”

Се поголемите даночни притисоци и ограбувања на качачките банди и нивното насилно населување во македонските христијански села во северниот дел на Кичевско каде голема подршка имале од османлиските аги и бегови и нивниот аскер, довело да Симеон Савев Нинев замине како ајдутин на Добра Вода, Сува Гораи во пошироките планински предели на северо-западва Македонија.

Во1861 до 1870 година е на чело на ајдучка дружина и дејствувал во Кичевско, Гостиварско, Тетовско Скопско, Велешко.

Неговиот револуционерен и борбен дух за слобода на секој поробен народ го натерало во 1870 годинада пристапи како доброволец во одредите на Џузепе Гарибалди и учествува во Француско – Пруската војна, назначен е за наредник и знаменосец на одред.

За појавената храброст е награден два пати со француски ордени.

Во 1872 година се населува во Калраш Влашко (Романија). Во 1902 година со чета од 35 души зема учество  во Горноџумајското востание заедно со војводата Тодор Саев од с. Белица- Пиринска Македонија.

kicevo-001

Четата на војводата Тодор Саев од с.  Белица Пиринска Македонија  војводата Дедо Симо од с. Јагол Доленци (општина Осломеј) Кичевско (заокружениот е војводата Дедо Симо)

Во 1903 година повторно со чета од Влашко (Романија) се приклучува на одредот на војводата Софронија Стојанов родум од с. Цер (општина Другово), Кичевско и војводата Александар Протогеров од Охрид.

Борбата која се водела кај Габрово, Горноџумајско во Пиринска Македонија на ден (15 Април – стар стил) е тешко ранет но успева да се спаси, војводата Софронија Стефанов од с. Цер загинува а останатите четници пребегнуваат во Бугарија и Влашко (Романија).

После востанието под притисок на дипломатските кругови прогонет е од Калраш Влашко (Романија) и се населува преку Дунав во градот Силистра во Бугарија (двата града ги дели само реката Дунав).

На сликата после неговото име Дедо Симо го пишува градот Силистра во Бугарија. Во Силистра останува до крајот на својот живот.

Vlatko_Bileski

 

 

 

 

Влатко Билески

 
Среда, 13 Јуни 2012 03:10    PDF Печати Е-пошта
Димитар Богоевски – Мите

Dimitar_Bogoevski_Mite-240Димитар Богоевски - Мите (31. X. 1919 - 12. IX. 1942) е Македонски поет и револуционер, народен херој. Познат како „Момчето од Болно“, со изразити Македонски национални чувства, пред малата матура ја рецитирал својата незачувана песна „Легенда за Македонските Славјани“. Во животот повеќе пати бил апсен, но за да не падне жив во рацете на фашистичките окупатори се самоубил во 1942 година.

Повеќе...
 
Среда, 06 Јуни 2012 03:39    PDF Печати Е-пошта
Тодор Чопов

todor-donev-copov-240Тодор Донев Чопов (1892 - 1923) е Mакедонски револуционер, анархист, просветен, театарски и литературен деец. Семејно задоен со патриотски и револуционерен дух (внук од сестра на Гоце Делчев), уште како гимназијалец се вклучува во тајните социјалистички и толстоистички кружоци. Со крајно леви и анархистички убедувања учествува во Mакедонското ослободително движење.

Повеќе...
 
Среда, 06 Јуни 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Лазо Асијата – од него молња бегаше

legendiЛазо Ридов е роден 1884 година. Овој горостас од човек бил висок 2 метра, а со својата невидена храброст станал и останал синоним на храброст кај населението од целиот тиквешки крај и пошироко. И денес, по толку време, кавадарчани го имаат Асијата како митска личност, легенда и како свое народно богатство.

Повеќе...
 
Среда, 30 Мај 2012 03:16    PDF Печати Е-пошта
Паскал Сотировски

paskal8Д-р. Сотировски бил професор на Сорбона и член на МАНУ надвор од работниот состав. Работел во Опсерваторијата во Медон крај Париз, главно на изучувањето на зрачењето што потекнува од површината на Сонцето. Објавил таблици на спектрите од двоатомни молекули присутни на сончевата површина.

Повеќе...
 
Среда, 23 Мај 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Катина Андреева - Цвета

Andreeva_Katina_Cveta_240Катина (Тина) Андреева - Цвета (1928 - 13. V 1949) е истакната припадничка на македонското народноослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Во 1947 година стапила во единиците на Демократската армија на Грција.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2012 03:10    PDF Печати Е-пошта
Васил Апостолов Икономов

lazaropoleВасил Апостолов Икономов (6. V 1848 – 4. VI 1934) е македонски народен учител, собирач и издавач на македонски народни песни и обичаи од Дебарско, печатар, преведувач, калиграф, публицист, црковен певец и културно-национален деец.

Васил Апостолов Икономов е роден на 6 мај 1848 година во Лазарополе, Дебарско. Потекнува од родот на Димковци од кои потекнуваат повеќе селски попови, по што подоцна го добиваат презимето Поповци. Татко му Апостол Поповски, кој бил кираџија и се занимавал со трговија, бил убиен од арамиска банда, а мајката Риста Чуревска умира кога Васил имал само 6 години. Откако рано останал сирак, грижата за Васил ја презел неговиот чичко поп Коста Мартинов Поповски, познат по прекарот Иконом. Подоцна Васил покрај името на својот татко го додава и прекарот на својот чичко, па во историјата останува познат како Васил Апостолов Икономов.

Основното образование Васил го добива на народен јазик во ќелијното селско училиште. Откако се стекнал со првичното образование, грчкиот владика Калиник од Дебар кој имал за цел да го шири грчкото влијание во Мијачијата, го испратил Васил да се дообразува во грчката семинарија (богословска учителска школа) на Атон. По завршувањето на семинаријата, Васил се враќа во родното место околу 1865 година. Станува црковен певец и помошник учител кај чичко му поп Коста и одбива да го шири грчкото влијание во селото.

На свои 17 години за првпат се оженил, но набрзо умираат женета и детето. Се оженил и по втор пат, но и таа набрзо починала. Во 1968 година се оженил со Ангелина (Анѓа) Камбуровска. Тоа било време кога српската пропаганда се засилува во Македонија. Во Лазарополе агитираат српски учители, се делат српски книги и учебници, а населението го запознаваат со зборниците на Вук Караџиќ. На почетокот на 1968 година, Васил се запознава со преставникот на српската пропаганда во Македонија Стефан Верковиќ, кој го насочува да собира фолклорно-етнографски и други материјали.

Во овој период Васил и неговиот другар поп Теофил Аврамов Жунгулоски (подоцна митрополит во Дебарската епархија) се активно вклучени во антипатријаршиското движење. Иако и двајцата повремено стануваат „српски“ и „бугарски“ учители во селото, тие всушност работат против грчката патријаршија и бугарската егзархија, а се борат за осамостојување на македонските епархии и обновување на Охридската архиепископија. Со тоа, тие го навлекуваат гневот на патријаршиски владика Антим од Дебар. Наклеветен од грчкиот владика Антим кај турските власти, Икономов бега во 1874 година и извесен период живее со македонските печалбари во Плоешти, Румунија.

Во периодот 1882/83 година, Василко Икономов, во Лазорополе отвора Неделно училиште за младинци и возрасни. Него го посетувале младинци од селата Гари, Осој, Росоки, Селце и Тресонче, а целта била зајакнување на образовното ниво на младинците и правилно насочување кон остварување на целите на тогаш силното црковно-просветно движење. Заради ваквите заложби, неговиот другар Теофил Жунгулоски платил со својот живот. По нарачка на грчкиот владика Антим, потплатени Албанци го убиваат Теофил на 20 јули 1884 година.

По убиството на Теофил, Васил како негов најблизок пријател и соборец заминува за Цариград за да се жали од владиката Антим и да бара од турските власти негово сменување со егзарски владика. Но наместо правда Васил Икономов и триесетина првенци од дебарско-реканската област биле затворени. Постојано клеветен и апсен од турските власти, Икономов во текот на 1885 година привремено се засолнува во манастирот „Св. Пречиста“. Но, веќе во 1886 година тој повторно се враќа во Лазорополе каде продолжува да учителствува.

Под влијание на Анатолија и Партенија Зографски, како и блиските значајни манастирски центри, кај Васил и останатите Мијаци се буди русофилството. Васил Икономов се запознава со рускиот дипломат, историчар, етнограф и археолог Иван Степанович Јастребов, кој голем дел од својата дипломатска кариера ја поминува како руски конзул во Скадар, Призрен, Јанина и Солун. Додека службува во Призрен (вицеконзул 1870 -1876 и конзул 1879 – 1886), Јастребов добива од Васил голем број записи на народни песни и обичаи од Дебарско, а истите ги публикува во Јастребовиот зборник издаден во 1886 година. Како голем србофил, Јастребов овие записи од македонскиот народ ги објавува како српски.

По препорака од рускиот битолски конзул, во текот на 1886/87  година, Икономов престојува во Санкт Петербург и добива подароци од царот и од рускиот патријарх за Лазарополе. Често патува во Цариград, Белград и Софија, каде контактира со министри, научници и општественици. Од преписките со бугарскиот славист Иван Шишманов, се гледа дека Васил покрај народни обичаи и лирски песни, собирал уште балади, гатанки, баења, пословици, брзоговорки, детски загатки, стари јуначки песни и приказни. Дел од овие народни песни се објавени во „Сборник за народни умотворенија, наука и книжнина“ издаден во 1889 година во Софија, но приказните остануваат. Исто така тој предава во Софија и 10 стари ракописи од Македонија од XIII–XVI век.

Во 1891 година Васил учествува на учителскиот собир во Прилеп и во составувањето на антиегзархиската резолуција. Вознемирени од антиегзархиските ставови на Икономов, контролорите на бугарската егзархија по ревизијата во училиштето во Лазарополе, констатираат дека децата не знаат бугарски јазик и дека учителот не ги учи на бугарски јазик. Тие наведуваат дека Икономов „со своите неразумни проповеди за посебен македонски народ“ го подмамува населението и го води „кон гибел“. Во учебната 1892/93 година, егзархиската црковна општина Дебар, по 12-годишна егзархиска служба, го исклучува Икономов од учителската должност. Истовремено и Шишмановиот „Сборник за народни умотворенија, наука и книжнина“ престанува да му ги објавува предадените народни умотворби.

Останувајќи без работа, Васил Икономов оди во Софија. Таму се договора со организаторот на Младата македонска книжевна дружина и редакторот на весникот „Македонија“ Коста Шахов и со материјална поддршка од своите земјаци, во 1893 година го објавува својот прв „Сборник от старонародни песни и обичаи в Дебрско и Кичевско (Западна Македонија). Во декември 1894 година, Васил Икономов добива турски пасош, а со нивно одобрение во 1895 година во Солун го издава својот втор зборник на народни песни „Сборник от старонародни умотворениja из Дебрско, Кичевско и Охридско“.

Во 1895 година, на враќање во близина на Кичево, Икономов бил киднапиран со други соселани и печалбари од Галичник, од арамијата Биљал Чела. Тој бил ослободен со голем откуп во јули 1895 година. На 20 септември истата година Дебарската црковноучилишна општина го назначува за учител во село Беличица. Но, соселаните бараат „да се назначат истите учители и Василко Икономов“, по што на 7 ноември 1897 година добива решение и за Лазарополе. Во меѓувреме, во 1896 година во Солун се печати неговата следна книшка „Кратко описание на светогорските монастири“.

Во 1897/98 година Васил Икономов се соочува со тешка семејна трагедија. Девет од десет деца умираат а сопругата Анѓа тешко се разболува. Со болната сопруга и единствениот преостанат син Методија заминува во Бугарија каде останува две-три години. Потоа во периодот од јуни 1902 до јули 1907 година служи како певец во бугарската црква „Св Вознесение“ во Браила, Романија. Таму објавува и „неколку душеполезни книшки“ и подготвува за печат зборник со црковни песни, во добар дел од македонски автори - композитори.

По Младотурската револуција, во летото 1908 година,  Икономов заминува за Солун, каде што син му учи во Егзархиската машка гимназија. Во солунската печатница „Аквароне“ ја објавува книшката на јероѓаконот И. Христов „Дебрски манастир св. Иоан, значението за краја“, каде што е регистрирана и театарската претстава во манастирот (3. I 1908).

Во 1909 година, Васил Икономов и унијатскиот јероѓакон Јосиф Г. Раданов отвораат своја печатница која работи околу 7-8 месеци. По печатењето на песнарка која содржи десетина забранети  македонски револуционерни песни, турските власти ја затвараат печатницата, а Икономов бил прогонет. Тој се крие по бачилата на своите пријатели, но и во манастирот Пречиста, Кичевско, каде имал и своја соба.

Васил Икономов ги поминува Балканските војни во родното село. Откако српските окупаторски сили го напуштаат Лазарополе на 20 ноември 1915 година, новите бугарски окупациски власти го назначуваат за претседател на Тричлената комисија како основна власт во Лазарополе и за кмет на Лазарополската општинска управа. Во овој период, тој во селото образува Ново Читалиште со кое управува неговиот син Методија Поповски, а за претседател бил именуван свештеникот Данаил Попо Костов (братучед на Васил). На 24 декември 1917 година бил преместен за кмет на Требишката општина.

По капитулацијата на Бугарија, Икономов пред новата српска власт се повлекува во манастирот „Св. Пречиста“. Но, на 3 јануари 1919 година, тој бил итно повикан од српските власти и Кралскиот суд на Општина Лазарополе, кои нему и на неговиот син му подготвуваат бесилка. Во последен момент го спасува галичанецот Васил Чоланчески. Подоцна му била понудена српска пензија, но тој категорично ја одбил. На прашањето дали би сакал бугарска пензија тој едноставно одговорил:

„Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее“

Васил Апостолов Икономов умира  на 4 јуни 1934 година, на 86-годишна возраст во родното село Лазарополе.

Тихомир Каранфилов

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.