На прво место

„Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица

Македонска Нација

Македонска Нација

Од 4 до 8 август во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Годинешното фестивалско мото е „Со отворени очи“, со кое независните филмски автори симболично ја повикуваат публиката да го следи животот како филмска лента, низ бројни приказни од различни краишта на светот.

Фестивалот, препознатлив во регионот и во меѓународната фестивалска мрежа, и оваа година останува посветен на авторскиот филм. Програмата опфаќа дваесетина строго селектирани нови и квалитетни филмови од повеќе видови и жанрови, меѓу кои кусометражни и долгометражни остварувања.

Во програмските блокови „Глобална фикција“, „Астердокс“, „Анимоушн“ и „Меридијанс“ ќе бидат прикажани филмови од Канада, Данска, Грузија, Грција, Германија, Чешка, Велика Британија, Франција, Палестина, Мексико, Шпанија, Кина, Хонгконг, Бугарија, Полска, Русија, Норвешка, Јужна Кореја, Мозамбик и Македонија.

Меѓу насловите се канадскиот „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампман, грузискиот „Земјата на мажите“ на Маријам Бакачо Хачвани, грчко-германскиот „Изгубени гардении“ на Галатија Лагутари, чешко-британско-македонскиот „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, британските „Нешто бесмислено“ на Ејса Бејли и „Без милост“ на Ема Зафировска, како и македонските „Неми филмови“ на Крсте Господиновски и „Остров“ на Бранко Костески.

Покрај натпреварувачката програма, секоја вечер ќе има и ревијални проекции. Посебно внимание ќе привлече документарецот „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“, во знак на 90 години од раѓањето на легендарниот британски режисер и една деценија од продукцијата на филмот.

Ексклузивна проекција ќе има и македонско-швајцарско-американскиот документарно-игран филм „Железна тврдина“, по сценарио и во режија на Митко Панов. Во чест на наградените ќе биде прикажан и „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ, биографски филм за Боро Драшковиќ, еден од најзначајните европски режисери.

Со посредство на Шведскиот филмски институт, специјална проекција ќе има и дигитално реставрираната верзија на „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски, по повод 40-годишнината од продукцијата на ова филмско ремек-дело.

Лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година е Синоличка Трпкова. Признанието ѝ се доделува за највисоки достигнувања во македонскиот, балканскиот и светскиот филм, како и во телевизијата и драмските уметности.

По тој повод, Трпкова изјави дека „Астерфест“ ѝ причинил невообичаена радост со одлуката нејзиното име да биде вброено покрај големи филмски имиња, нагласувајќи дека наградата гради однос на доверба и одговорност.

Наградата на Синоличка Трпкова ќе ѝ биде врачена на свеченото отворање на фестивалот, на 4 август.

Главна локација за вечерните проекции е летниот Амфитеатар во струмичкиот Градски парк, а вонредна локација е Домот на АРМ. Промоцијата на актуелната филмска литература, мини работилницата и мастеркласот ќе се одржат во Младинскиот културен центар. И оваа година е предвидена посета на филмските гости во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

За Гран-прито, Златната, Сребрената и Бронзената потковица, како и за наградите за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ и за најдобар режисер „Ацо Алексов“, ќе одлучува меѓународно стручно жири.

Официјалниот плакат, кој кореспондира со овогодишното мото, е дело на Ване Костуранов, а уникатните статуетки ги креираше и ги изработи Никола Пијанманов.

Филмскиот фестивал „Астерфест“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од Општина Струмица.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top