На прво место

Мицкоски повика на единство, Филипче повторно застана на спротивната страна

Наместо национално обединување во одбрана на македонските интереси, лидерот на СДС уште еднаш застана на страната на политиките што ги оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историја.

За миг се чинеше дека Венко Филипче конечно ќе покаже државничка зрелост и ќе ги стави националните интереси над партиските калкулации. Подадената рака од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за создавање заеднички национален фронт во одбраната на македонските интереси, јазикот, идентитетот и историјата, беше можност што ретко се добива.

Но, наместо обединување околу државните приоритети, Филипче повторно го избра добро познатиот пат – патот на сервилност кон политиките што доаѓаат од Софија. Со своите ставови и настапи тој уште еднаш потврди дека останува најверниот застапник на бугарските позиции во Македонија, подготвен без отпор да ги прифаќа диктатите и ултиматумите кои директно удираат врз македонскиот национален идентитет.

Додека Македонија се соочува со обиди за оспорување на нејзиниот јазик, историја и културно наследство, Филипче не застанува на страната на сопствениот народ. Напротив, секоја негова политичка порака сè повеќе наликува на ехо на ставовите што ги промовира официјална Софија. Затоа не е чудно што сè поголем број граѓани го доживуваат како политичар кој повеќе ги брани туѓите отколку македонските интереси.

Венко Филипче треба да разбере дека времето кога СДС можеше да ја продава секоја отстапка како „европска вредност“ одамна заврши. Македонските граѓани научија дека европската иднина не смее да се гради врз откажување од сопствениот идентитет, јазик и историска вистина. Европа не е понижување, Европа е достоинство. Европа не е бришење на националната меморија, туку почитување на различностите.

Додека Филипче и СДС остануваат заробени во политиките на минатото, ВМРО-ДПМНЕ се обединува со народот околу јасна државна стратегија – Македонија во Европската Унија, но со исправена глава, без национални отстапки и без прифаќање на уцени. Европскиот пат мора да биде заснован на реформи, економски развој и Копенхашките критериуми, а не на билатерални диктати.

Во меѓувреме, резултатите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се видливи. По економскиот хаос што го остави седумгодишното владеење на СДС, Македонија бележи седум последователни квартали со раст на БДП од три или над три проценти. Исплатени се четири милијарди денари заостанати субвенции што СДС ги остави неплатени кон земјоделците, како и 350 милиони денари за неисплатени плати во Национални шуми и Водостопанство.

Разликата е очигледна и на нивите. Додека во времето на СДС земјоделците протестираа поради ниски откупни цени и доцнење на субвенциите, денес финансиската поддршка се исплаќа редовно и навреме. Резултатот е зголемено производство на кравјо и овчо млеко, раст на производството на јајца и свинско месо, како и рекорден откуп на повеќе од 300.000 тони пченица.

И кај платите разликата е драстична. Во повеќе сектори веќе се потпишани колективни договори и донесени одлуки за континуирано покачување на примањата во образованието, здравството, одбраната и јавниот сектор, со проекции за раст од 40 до 50 проценти до крајот на мандатот.

Затоа денес граѓаните јасно ја гледаат разликата. На едната страна се ВМРО-ДПМНЕ и народот, обединети околу развојот на Македонија и заштитата на националните интереси. На другата страна остануваат Венко Филипче и СДС, политички заглавени меѓу неуспесите од минатото и обидите да ги оправдаат политиките што ја оддалечија државата од сопствениот народ.

Македонија ќе продолжи да се движи напред. А оние што ги ставаат туѓите интереси пред македонските ќе останат таму каде што граѓаните веќе ги испратија – во длабока политичка опозиција.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top