На прво место

СДС зборува за реформи, а заборава на седум години неисполнети ветувања и национални штети

Да беа толку посветени на работа, реформи и реализација на проектите додека беа на власт, колку што денес се посветени на неосновани критики, Македонија денес ќе беше меѓу најуспешните и најбрзоразвивачки држави не само во регионот, туку и пошироко.

СДС и Венко Филипче денес се обидуваат да ја претстават Владата на ВМРО-ДПМНЕ како виновник за сите проблеми во државата, но граѓаните добро паметат кој седум години ја водеше Македонија, што ветуваше и што остави зад себе.

Владата предводена од Христијан Мицкоски за релативно краток период почна да испорачува конкретни резултати. Зголемени се пензиите, обезбедена е финансиска поддршка за општините, отворени се нови инвестиции, се сервисираат наследените обврски, се намалува невработеноста и постепено се враќа довербата во институциите. Наместо празни ветувања, граѓаните гледаат проекти, градилишта и конкретни резултати.

Додека СДС зборува за неисполнети реформи, низ Македонија се градат автопати, експресни и регионални патишта, се модернизира железничката инфраструктура, се набавува нова медицинска опрема за болниците, нови возила за Брзата помош и Министерството за внатрешни работи, се инвестира во енергетската инфраструктура и се реализираат капитални проекти како далекуводот за поврзување со Албанија. Речиси секојдневно се пушта во употреба нов објект, се отвора нова инвестиција или започнува нов проект.

Тоа е разликата меѓу власт која работи и опозиција која, откако ја изгуби довербата кај народот, се обидува со дневни напади да го прикрие сопствениот неуспех.

Официјалните статистички показатели покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока. Просечната плата расте, невработеноста се намалува, а економскиот раст бележи подобри резултати. Тоа не значи дека сите проблеми се решени, но значи дека државата конечно се движи напред наместо да стагнира.

СДС седум години ветуваше европска иднина, правда, реформи, подобар живот и силни институции. Наместо тоа, Македонија доби политички пазари, афери, нарушена доверба во институциите, масовно иселување на младите и длабоки поделби во општеството.

Најголемата штета беше направена врз македонските национални интереси. Граѓаните беа убедувани дека направените отстапки ќе бидат последни и дека по нив ќе следува сигурен европски напредок. Наместо тоа, по секој компромис доаѓаа нови барања, нови условувања и нови блокади. Наместо затворено прашање, Македонија повторно се соочува со предизвици поврзани со идентитетот, историјата и јазикот.

Денес истите тие политичари зборуваат за одговорност. Но кој ќе одговара за погрешните проценки и лажните ветувања? Кој ќе одговара за тоа што граѓаните беа уверувани дека секоја отстапка е последна? Кој ќе одговара за тоа што Македонија и по сите направени компромиси остана изложена на нови политички условувања?

Филипче може секојдневно да поставува прашања до Владата, но најнапред треба да даде одговор за политичкото наследство на СДС. Треба да објасни зошто не се исполнија ветувањата за брз напредок кон Европската Унија, зошто институциите ја изгубија довербата кај граѓаните и зошто неговата партија беше убедливо поразена на изборите.

Разликата денес е јасна. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на економија, инфраструктура, инвестиции, пензии, плати, енергетика и локален развој. СДС остана заробен во политиката на изговори, обвинувања и оправдувања за сопствените неуспеси.

Македонија повеќе нема време за празни ветувања. На државата ѝ се потребни резултати, стабилност, развој и заштита на националните интереси. Токму затоа граѓаните ја избраа промената и затоа очекуваат работата да продолжи уште посилно.

 

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top