Песни за Македонија

Мисирков во песната „Патник“

Крсте Петков Мисирков ( Постол, Ениџевардарско, Егејска Македонија 6/18. XI.1874 – Sofija, 26. VII 1926) – е прв национален филолог, историчар етнограф, фолклорист и публицист, револуционер и национален деец. Тој е најкомплетниот и најкомплесниот македонски славист, кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис, автор на првата книга („За Македонцките работи“, 1903) и на првото научно-литературно списание („Вардар“, 1905) на современ литературен јазик.

Во Одеса во 1905 година, Мисирков го печати првиот број на научно-литературното списание на современиот македонски литературен јазик „Вардар“. Ова списание излегло само еднаш.  Веднаш по уводот кој е преведен и на руски јазик во списанието е објавена песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, што преставува прв превод од хрватска поезија на Македонски јазик. Целото списание е  со лежерна поправка на азбуката и правописот со што што наполно го изедначува Мисирков со денешниот современ стандард. Каков е стариот македонски правопис на Мисирков во 1905 година ќе може да видите од песната  „Патник“ која ја објавуваме во продолжение:

Патник

Боже мили, кąде заідов!
Ноќ ме стигна во туѓина,
Не знам пąто, не знам трага,
Свегде на гол камен газат
Тешки нози по пустиін’а!

Ушче ноіќаі не си наідов!
Север сеч’ от снежни брда,
А туѓинец, сиромавот
По голем му мрак во мракот,
По тверда му зема тврда.

Наоколо магла паѓат,
Покрита іет месечина,
Не се видат звездни траѓи,
Маіко мила, маіко драга,
Ти да видиш своіа сина!

Да го видиш него сега
Обиколен свиіот с беда,
Ти ќе горко заплакаше,
Рака ќе ти с’ затресеше.
Од жалост го грлеіќ него!

Зашчо тебе не те слушав,
Кога си ми мен зборила:
Не од’, синко, од маіка ти,
Меко легло шчо стеле ти
Тебе постред своіи крила!

Не од’, синко, мила душо,
Ним – от кровот татковниіот,
Туѓа земіа имат своіи
Не познаіит іади твои,
Туѓа л’убов л’убит своіот!

Збореіќи со себе така,
Кон колиба іедна стигне,
Нечекано шчо іе згледа
Умореін’от пąтник сега,
И почука на вратине.

Отвараіќи све полека,
Питаіќи се, коі ќе да сум?
Глава зваѓат іедна стара.
„Даі во име Божіа дара,
Бабо, мене да преноіќам!

Не знам кąі сум, кąде заідов,
Нок ме стигна во туѓина,
Не знам пąто, не знам трага,
Свегде на гол камен газат
Тешки нози по пустиіна!

А друѓ ноіќаі кąі ке наідев!
Север сеч’, от снежни брда,
А туѓинец, сиромав
По голем му мрак во мракот
По тверда му земіа тврда.

Наоколо магла паѓат,
Покрита іет месечина,
Не се видат звездни траѓи,
Маіко мила, маіко драга
Ти да видиш своіа сина!“

„Ќе те примев іас со радост,
Ами видиш, оти спиіат
Тува сина три и ќерќи
Шчо маічино сето срце,
Сета куќа исполнуват!“

„Не далеко іет до денот,
Петле і будит самовили;
Дор загреіит денот Божиі
Мало оѓен бар положи,
Да одмрзнам студни жили!“

„Моіот оѓен ми ер скриіен,
Немам дрва гото’о нишчо,
И то мало, шчо іет нą тре,
Децава ќ им требит утре,
Каа се зберат краі огнишче!“

„За туѓинец нишчо немаш,
Туѓа маіко, коа те молит:
Туѓо дете твоіо не іет!“ –
Тогаі две му грозни солзи
Низ лицено долу капат.

„Кąі сет рąц’ от твоіта маіка,
Се’а да зберат солзи сино’!
Кąі колено да с’ одморит,
Тежок товар да с’ соборит;
Кąі іет твоіта татковина?“

Како да сет грче’і л’ути
Со тоі збор му срце стегли!
Свиіот пздрвен пąтник стоіит,
Леден пот му чело потит,
Не дават му он да мисли!

‘Ми со очи подигнати
Се обрна тоі на тамо,
Кąі од мила татковина
Свеко утро солнце сиіне,
Таму мисл’а брзат, тамо!

„За тебе пак душа дишет,
За тебе се срце биіет,
Татковино, маіќ от стреіќа,
Тебе ти се синот враіќа
И од радост солзи лиіет!

Земи го пак твоіто дете,
На век твоіо ке бидит,
Ќе те л’убит само тебе,
В твоіо поле клаі му гробо,
С твоіо цвете гроб му кити!“

П. Прерадовиќ

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top