Коментари

На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Македонија

М-р Мартин Треневски, член на Експертската влада од ВМРО-ДПМНЕ и екс-министр за иселеништво

На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија

20. март 1991 – 20 март 2026

Годишнините и јубилеите се повод кога вообичаено се слават десетгодишнини, или на секои пет години, на личности или настани, зависно од нивносо значење.

Еден таков датум, што според мене заслужуваше да биде одбележан по секоја цена, беше 20-ти март кога се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија, или попозната како Експертска влада!.

Но. наместо обележување на таа влада, молк, и од медиумите и од актуелната влада!? Како и зошто, но секако неоправдано!

Македонија како држава нема многудецениска, или многувековна традиција на државност во текот на која се менувале разни влади, што е случај со импоерии како царска Русија, османска Турција, Франција или Британија каде една влада ја наследувала претходната и каде се манифестирал континуитерт во владеењето! Нема, за жал, Дотолку повеќе затоа требаше и мораше на пригоден начин да се подбележи 35 годишнината од формирањето на Првата влада на незавоисна Македонија.

Јасен ми е мотивот, или претпоставката зошто тоа не се направи (во првата влада имаше министри кои за актуелната власт се неподобни, или поблаго речено несакани), но тоа не е причина да се игнорира и самиот такт на формирањето на таа влада што ја предводеше академик проф. д-р Никола Кљусев. Токму таа влада ги постави темелите на независна Македонија: своја армија, надворешна/дипломатска служба, монетарното осамостојување и други атрибути на независна Македонија. Зошто тоа се игнорира? Од кои причини?

Па иако таа влада некои ја нарекуваат експертска, таа влада во голема мерка беше и политичка влада! Имено, во неа имаше најмалку пет министри кои беа членови или симпатизери на сегашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот акад д-р Никола Кљусев по падот на владата, односно излрасувањето на недоверба, подоцна стана претседател на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ што во голема мерка помогна за успехот на партијата (ВМРО-ДПМНЕ) на политичката сцена во Македонија.

Не знам зошто ниту еден медиум во земјата не објави збор-два за Експертската влада. Годишнината од нејзиното формирање секако беше многу добар повод. Но тоа е веројатно цената што ја плаќаме за одсуството на нашето државничко искуство.

Најново од: Коментари

Од „војвода“ до маалска трачара

Некои можеби ги сметаат моите ставови за Македонија за радикални, но јас по природа ниту сум радикал ниту дејствувам како таков. УДБА со години ме водела како „радикален емигрант“, тврдејќи дури и дека сум подготвувал атентати, четири години имаше потерница по мене во цела тогашна Југославија, со ознака АПСИ. УДБА ме накодошила за тероризам и […]

Ламбе Арнаудов: Македонскиот ѓердан од 77.742 скапоцени камења

Македонскиот ѓердан има ексклузивно право на поседување: можеш да го носиш само ако си роден Македонец. Тој не може да се купи, да се подари или да се продаде. Тоа е ѓердан што Македонците го добиваат како дар од Господ уште со своето рождество. Со Господов благослов го носат сѐ до преминувањето во вечниот живот, […]

Кој е Виктор Стојанов и каква е агендата на Фондација „Македонија“?

Правото лице на Виктор Стојанов од фондацијата Македонија го видовме деновиве на интернет каде отворено се бакнува со маж и бара отворено маж да го прави среќен. Но да одиме од почеток. Виктор Стојанов е претседател на софиската Фондација „Македонија“, организација што под превезот на културна, хуманитарна и образовна соработка спроведува активности насочени кон ширење […]

ЕДЕН ДЕН ВО МАКЕДОНСКОТО СЕЛО НА ИДНИНАТА

Да замислиме дека поминале десетина години и дека она за што денес зборуваме веќе не е желба, туку стварност. Рано утро е во едно македонско село. Сонцето се појавува зад планината, овчарот го собира стадото, а од малата селска фурна веќе мириса на топол леб. На чардакот од една стара, обновена куќа појадуваат гости од […]

СДС се јави. Зошто се јави? За свечено да соопшти — ништо!

СДС се јави за да го критикува видеото „Силно светнал ден“ посветено на 35-годишнината од независноста на Македонија. Зошто се јави? Затоа што, нели, секој ден мора нешто да каже. А кога нема што суштински да понуди, најлесно е да се создаде поделба дури и таму каде што пораката повикува на обединување. Видеото за независноста […]

Наравоучението од Букурешкиот договор

Букурешкиот договор од 10 август 1913 година е една од најдлабоките рани во македонската историја. Македонија била ставена на преговарачката маса, но Македонците немале место околу неа. Други ги повлекувале границите, ги делеле градовите и селата и решавале под чија власт ќе живее македонскиот народ. Македонскиот глас постоел. Биле испраќани меморандуми, изработувани карти и упатувани […]

Македонскиот глас што Европа не сакаше да го слушне

Македонците не молчеа пред опасноста од поделба во Букурешт. Неколку месеци пред потпишувањето на Букурешкиот договор, на 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Санкт Петербург — Гаврил Константинович, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков — потпишаа Меморандум за независност на Македонија. Документот беше упатен до британскиот министер за надворешни работи Едвард […]

Пелинце испрати јасна порака: Македонија нема повеќе простор за предавства

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски беше јавно ветување дека државните и националните интереси нема повторно да бидат жртвувани под притисоци и уцени Пелинце не е обично место за политички говори. Таму секој збор има поголема тежина, затоа што сè потсетува на борбата и државотворната мисла на македонскиот народ. Затоа изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека […]

To top