Македонски легенди

Георги Радулов

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Георги Радулов (29. IX 1942 – 14 VI 2025) e македонски културно-национален деец, борeц за македонската кауза во Бугарија. Бил соосновач и заменик-претседател на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и со години тој ја проучувал историјата на својот македонски народ. Дипломирал на два технички факултети и бил редовен професор на Електро-машинскиот факултет при Рударско-геолошкиот универзитет „Свети Јован Рилски” во Софија, каде што од 2001 до 2005 година бил и негов декан.

Проф. д-р Георги Радулов – Радуле е роден на 29 септември 1942 година во селото Кремен, Неврокопско, Пиринска Македонија. По завршувањето на основното училиште во родното село и средното образование во Банско, дипломирал на два технички факултети: на Електро-машинскиот факултет при Рударско-геолошкиот универзитет и на Транспортниот факултет при Техничкиот универзитет во Софија. Бил редовен професор на Електро-машинскиот факултет при Рударско-геолошкиот универзитет „Свети Јован Рилски” во Софија по предметот „Автоматизација на рударството”, каде што од 2001 до 2005 година бил и негов декан. Има објавено неколку учебници за техничките училишта.

Независно од неговата професија, Радулов бил општествено ангажиран. Бил соосновач и заменик-претседател на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и со години тој ја проучувал историјата на својот македонски народ. Како резултат на неговата работа во 1997 година во Софија е објавена книгата “Историја на Македонија – апологија на македонизмот“.

Оваа книга ја претставува историјата на македонскиот народ, од антиката до средината на XX век, и таа е првата книга од ваков вид објавена во Бугарија и на бугарски јазик. Поради искажаните ставови за одбрана на засебниот македонски национален идентитет, авторот и книгата предизвикаа бурни реакции во Бугарија, и беа цел на бројни критики и притисоци.

Од книгите на историска тема тој ги има објавено уште: „Кремен – минато и наследство“ и „Кој ја фалсификува историјата?“. Книгата „Кој ја фалсификува историјата” била одговор на антимакедонскиот памфлет „Десетте лаги на македонизмот” на бугарскиот историчар Божидар Димитров. Во ова дело проф.д-р Георге Радулов Радуле научно и аргументирано ја брани псоебноста на македонскиот народ, јазик, култура и историја.

За неговите истражувачко-публицистички заслуги тој е носител на високото признание Духовен воин на Македонските духовни конаци (за 2007 г.) во Струга.

Георги Радулов починал на 14 јуни 2025 година.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top