Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

Томе Вељаноски

Томе Вељаноски

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција.

Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала силен поттик да го запишува она што народот со поколенија го создавал и усно го пренесувал. Најнапред собирал народни песни, а потоа почнал да ги запишува и приказните што ги знаел и ги слушал.

Повеќе од четириесет години Цепенков собирал приказни, песни, пословици, поговорки и гатанки. Запишувал народни верувања, клетви, благослови и баења, обичаи и обреди, детски игри, соништа и нивни толкувања. Неговото внимание го привлекувале и занаетите, говорот и секојдневниот живот на луѓето.

Особено значајно е што лично ги запишувал фолклорните и етнографските материјали. Така, покрај содржината, зачувал и драгоцени особености на народното раскажување и јазичното изразување. Неговите записи претставуваат богат извор за проучување на македонскиот фолклор, етнологија и јазик.

Меѓу најпознатите приказни поврзани со неговото име е „Силјан Штркот“. Преку необичното патување и преобразувањето на Силјан, приказната отвора прашања за непослушноста, созревањето, семејството и вредноста на домот. Нејзината фантастика и човечките пораки ѝ обезбедуваат посебно место во македонското книжевно наследство.

Значајно место зазема и неговата „Автобиографија“, напишана во 1896 година. Во неа Цепенков оставил сведоштво за сопствениот живот, семејните прилики, тешкотиите и средбите што го обликувале неговиот пат. Делото е вреден извор за разбирање на општествените и културните прилики во Македонија во XIX век, особено на животот во Прилеп.

Неговото обемно наследство е собрано во десет книги, кои ја покажуваат широчината на неговата работа и богатството на народниот дух што успеал да го зачува. Цепенков е и автор на драмското дело „Црне Војвода“, со кое дал придонес и во развојот на македонското драмско творештво.

Во знак на почит кон неговото дело, Институтот за фолклор во Скопје од 1979 година го носи името „Марко Цепенков“. Тоа е признание за човекот што својот живот го посветил на зачувувањето на народното паметење.

Споменот на Марко Цепенков нè потсетува дека јазикот, приказните и обичаите живеат кога ги чуваме и им ги пренесуваме на следните поколенија. Неговото дело останува трајна обврска да го познаваме, почитуваме и негуваме македонското културно наследство.

Песна за: Марко Цепенков

Во Оревоец село, Марко се роди,
во градот Прилеп, занает доби,
терзиски дуќан, си отвори тој,
да си го обезбеди, животот свој.

Пред дуќан негов, многу често,
во редица, луѓе му стојат,
облека за себе, да си кројат,
костуми и бечви, за да шијат.

По градови и села, Марко шета,
облека таму, тој им шија,
за приказни и песни, слуша,
незапишани, нив не ги пропушта.

Со баби, често разговори прави,
за басни и лекови здрави,
децата мали, многу ги сака,
на сите, им милува рака.

По пазари, Марко често оди,
со народот многу, разговори води,
запишува таму, сé и сешто,
запишаното, не се губи лесно.

Марко Цепенков, на Балканов наш,
се издигна, за генијален маж,
запиша многу, приказни и песни,
Македонија со нив, духовно се лесни.

Со Шишмана, Марко направи средба,
записите, Шишман за да ги прегледа,
Шишман на Марко отчет му даде,
од записите негови, книга ќе издаде.

Радосен Марко, книгата ја држи в раце,
облеан од солзи, како дете плаче,
ти подарувам Македонијо, богати дела,
Македонијо мила, имаш нација зрела!

Томе Велјаноски – Марулецот,
Гетеборг, Шведска.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

To top