Коментари

Македонскиот народ никогаш нема да се откаже од своето име, историја и идентитет


Свекрва

Грчки официјални лица често го повторуваат ставот дека Македонија е грчка. Според нив, „Македонија била, е, и ќе остане грчка.“ Иако Македонија никогаш не била грчка, овој категоричен став на Грците е само продолжување на сонот на Атина за Голема Грција (Магали Елада – 1844 – 1923 год.). Во оваа идеја и програма за создавање на голема грчка држава на Балканот и во Мала Азија е вклучена и Македонија.  

Уште во далечната 1844 година, претензиите на Грција спрема Македонија јавно биле промовирани во Грчкото собрание со говорот на претседателот на Владата, Јоанис Колетис. На остварувањето на големодржавната програма, која предвидува возобновување на Византија, активно работеле сите грчки влади. Така за време на Источната криза (1875–1878) Грција барала територијални компензации за неутралноста, а пред Берлинскиот конгрес, разни грчки здруженија во османлиската држава, поддржувани од Грчката влада, испраќале петиции до големите сили во кои биле претставени грчките претензии спрема Македонија.

Грчките влади, за разграничување на сферите на претензиите во османлиските владенија на Балканот, воделе преговори првин со Србија, а подоцна и со Бугарија. При создавањето на Балканскиот сојуз (1912), Грција и Бугарија не договориле линија на разграничување во Македонија и во Тракија. Пред почетокот на Втората балканска војна, Грција се спогодила со Србија за заедничка граница во Македонија и потпишала договор за сојуз против Бугарија.

По Втората балканска војна, со Букурешкиот мировен договор (1913), Грција анектирала 34.356 км2 или 51% од територијата од Македонија. По Првата светска војна, со Нејскиот договор со Бугарија (27. IX 1919) и со Договорот во Севр со Грција (10. VIII 1920), на Грција и била дадена и Западна Тракија, одземена од Бугарија. Турција, со успешната војна (1920–1922), и ставила крај на експанзијата на грчката држава. Меѓутоа, со конвенција наречена „Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на малцинставата“, извршена е „доброволнa“ размена на населенијата, односно принудното иселување на Македонци од Егејска Македонија во Бугарија, а по Мировниот договор со Турција, од Бугарија, Мала Азија и Кавказ, се доселени малоазиските Грци во Егејска Македонија.

По Втората светска војна, пред и во времето на Париската мировна конференција, Грција пројавила територијални претензии кон јужниот дел од Албанија, еден дел од НР Македонија и Пиринскиот дел на Македонија во Бугарија. Во последната деценија од минатиот век, по распадот на Југословенската федерација и прогласувањето на државното осамостојување на РМ, Грција презела акција за организирање балканска конференција на државите потписнички на Букурешкиот договор. По одбивањето од Романија и Бугарија, Грчката влада разговарала со Слободан Милошевиќ за поделба на РМ меѓу Србија и Грција (извор: МЕ, Скопје, 2009).

Оваа политика на јужниот сосед трае и денес. Грција не го признава името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ и ја блокира Македонија во евроатланските интеграции. Иако самата покажува територијални аспирации кон Македонија, Атина го покажува своето лицемерие и го обвинува „Скопје“ за крадење на македонското културно наследство и за ирендентизам.

Всушност, ако некој нема право на македонското име, идентитет и култура, а со тоа и на македонската територија, тоа се Грците. Уште во 19 век германскиот балканолог Јакоб Фалмерајер изјави дека „родот на Хелените во Европа е уништен… и ниту една капка благородна и чиста хеленска крв не тече низ вените на христијанското население во денешна Грција“. Да беа вистински наследници тогаш Грците немеше да го направат геноцидот врз Македонците и насилно да ги иселуваат од Егејскиот дел на Македонија.

Сеуште се свежи ѕверствата на Грците извршени вр македонскиот народ. Во поштата заробена од бугарската армија во јули 1913 година во Разлог, грчките војници во своите писма сведочат за крвавиот пир кој го направиле додека минувале низ македонските села и градови за време на Втората Балканска војна. Тие во нив се фалат дека каде поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени и дека ги запалиле сите села на славофоните и т.н..

Еден од грчките војници ќе напише дека „по заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силувавме сите млади момички што ги фативме. Друг пак ќе напише: Со радост ги палиме словофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: Ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен. Друг пак ќе забележи дека ,,ова што се случува сега  не се правело никогаш по Христа“.

Грчката војска во 1913 година направиле невиден масакр, геноцид над цивилното македонското население од Сер до Солун, преку Кукуш, Дојран и Струмица. Андартите по наредба на грчката влада убивале без да прават разлика  во возраст и пол. Меѓутоа, ваквото однесување не било ново. Андартите тоа го правеле на крајот на 19 и почетокот на 20 век, особено по почетокот на грчката вооружена пропаганда во 1904 година, за да тоа да продолжи за време на Балканските војни, меѓу двете светски војни, како и за време и по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција (1946/49). Сепак, геноцидот врз Македонците извршен во периодот од 1913 до 1918 година, се смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција.

Извршените убиства од страна на грчките андарти во овој период, потоа палежите, пљакосувањата, протерувањата на Македонците, како и промената на македонските топономи кои таму опстојувале уште за време на Римската, Византиската и Османлиската империја, покажуваат дека Македонија никогаш не била грчка. Но, исто така опстојувањето на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и покрај целиот прогром укажуваат дека никој не може да му го одземе правото на македонскиот народ на неговото име, идентитет и култура.   

Македонскиот народ никогаш нема да се откаже од своето име, историја и идентитет. Но, обидите да се негира македонскиот народ ги потпалуваат идеите за Голема Албанија, Голема, Грција, Голема Србија и Голема Бугарија, а со тоа се загрозува не само иднината на Македонија, туку и на Грција, Балканот и ЕУ. Грција носи историска одговорност за она што се случува на Балканот. Доколку се случи крвавиот балкански пир, тогаш за Грција ќе остане не само со срамот за она што е направено во минатото туку и за она што Грција како држава можеше да го спречи, а не го спречи. Без разлика на однесувањето на Атина, Македонија нема да потклекне на уцените за промена на името, ќе продолжи по својот пат и ќе успее.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top