На прво место

Реципроцитет наместо нови отстапки: Македонија нема да прифаќа дополнителни условувања

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, каква што повторно нудат СДС и Венко Филипче.

Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и доследно исполнување на обврските од двете страни. Потребен е отворен и искрен дијалог, но и јасно почитување на преземените обврски. Македонија нема да прифаќа нови условувања и дополнителни барања кои не се дел од европските критериуми.

Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата политика на попуштање и сервилност која со години ги поткопуваше македонските национални позиции. Наместо да извлечат поука од грешките на минатото, тие ги нудат истите политики што ја доведоа државата во политички и дипломатски ќор-сокак.

Филипче сѐ почесто настапува со ставови кои се совпаѓаат со официјалните позиции на Софија, наместо со интересите и очекувањата на македонските граѓани. Наместо да бара реципроцитет и почитување на македонските позиции, тој предлага нови отстапки и враќање на политики кои граѓаните веќе еднаш ги отфрлија.

Наместо да ги бранат државните и националните интереси, СДС и Филипче се подготвени на нови отстапки без јасни гаранции, без конкретни резултати и без сигурност дека тие ќе донесат каков било напредок за Македонија.

Граѓаните јасно порачаа дека ја поддржуваат европската иднина на државата, но не по цена на нови понижувања, условувања и оспорувања на македонскиот идентитет, јазик и историско наследство. Европската интеграција не смее да биде процес во кој само Македонија исполнува обврски, додека другата страна останува без одговорност за сопствените преземени обврски.

Националните интереси, идентитетот и достоинството на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички трговии и нови отстапки.

Времето на еднострани отстапки заврши. Време е за реципроцитет, заемно почитување и еднаков третман.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на европскиот пат на Македонија, но нема да прифати уцени, диктати и дополнителни барања кои излегуваат надвор од европските стандарди и критериуми. Очекуваме и Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи достоинствено, одговорно и принципиелно да ги брани државните и националните интереси и нема да дозволи евроинтегративниот процес да се претвори во механизам за нови уцени и притисоци врз македонскиот народ и држава.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ. 1903 – Ослободено е Крушево Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во […]

Честит Илинден до сите Македонци каде и да се!

Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот. Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со […]

Илинденското востание – македонската епопеја за слобода и сопствена држава

На 2 август 1903 година македонскиот народ се крена против османлиското ропство и пред светот ја покажа својата решеност да живее слободно во сопствена држава Илинденското востание од 1903 година претставува еден од најсветлите и најзначајните настани во поновата историја на Македонија. Тоа не било ненадеен и изолиран бунт, туку врв на долгогодишната организирана борба […]

Крушевскиот манифест – повик за слобода, братство и заедничка борба против тиранијата

Крушевскиот манифест е еден од најзначајните документи на Илинденското востание и Крушевската Република. Испратен од Штабот на крушевските востаници до муслиманското население во околината, тој претставува повик за заедничка борба против тиранијата, насилството и ропството, без разлика на верата и народноста. Крушевскиот манифест Браќа земљаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници […]

To top