Коментари

Ламбе Арнаудов: По повод ИЛИНДЕН

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

При здрава свест, морална, политичка и правна одговорност наместо Честитки за големиот празник ИЛИНДЕН упатувам АПЕЛ до сите честити луѓе, патриоти, граѓани на Република Македонија и пред сé до членовите, симпатизерите и почитувачите на делото на ВМРО и на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, да ја одбраниме и спасиме нашата ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА од конечно исчезнување користејќи ги сите легитимни СРЕДСТВА, што ги има на располагање на македонскиот народ за да се одбрани себе си, своите идни поколенија, татковината и сиот род македонски.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!

Во прилог е репринт на мојата колумна од Ноември 2017 година:

Ламбе Арнаудов: Тотална распродажба заради ликвидација

Надвор од НОМО според член.0 став.0 алинеја.0 се подготвува спроведување на распродажба на незаконски стекнат имот од страна на трговското друштво со неограничена одговорност (за сега) запишано во судскиот регистар под име “Сојуз на дилери и сервисери на Македонија’’, скратено СДСМ со седиште на улица Бихачка ББ, непосредно до зградата на фирмата ќерка “Мелничко воденичарска работилница’’ со кратенка МВР и делумно е во сопственост на мајката фирма СДСМ чија основна дејност е мелење, пропуштање низ вода и обработка на субјекти.

Распродажбата на МВР не се однесува на делот кој веќе е продаден, со договор во четири очи на 15-ти и 29-ти октомври 2017 година. Останатиот најголем дел од оваа фирма е народен имот во сопственост на граѓаните и за среќа таа никако и никогаш повеќе нема да биде предмет на било каква распродажба.

Заради доспеани, а ненаплатени долгови од странски кредитори, надворешни инвестициски фондови и домашни доверители, а сé во функција за опстојување на гореспомнатата фирма се распишува оглас за:

РАСПРОДАЖБА

На имот кој никогаш не бил во нивна сопственост или било каков друг вид на времено или трајно располагање за што е потребна брза реализација на трансферот. Истовремено ги известуваме потенцијалните купувачи дека цените се извонредно поволни и многу ниски од разбирлива причина бидејќи стоката што е предмет на продажба е присвоена, насилно одземена и украдена од вистинските сопственици, нашите прадедовци, дедовци и татковци кои во своите оставински тестаменти, познавајќи нé какви недомаќини сме не имаат целосно разбаштинето со што губиме секакво наследно и сопственичко право.

Напоменуваме, дека трговските спогодби ќе се склучуваат исклучиво во четири очи без тендер надгледувани од вујко Сем и блудницата Вавилонска со што се гарантира апсолутна дискреција за цената, вредноста и името на идните сопственици.

Предмет на распродажбата се следните артикли:

  1. Име. Го продаваме по багателни цени за докрај да ја обезвредниме неговата вистинска и непроценлива вредност, сé со цел да не е конкурентно на светскиот пазар и да не ја загрозува монополската позиција за името во корист на друга фирма.
  2. Идентитет. Со оваа распродажба се елиминира со закон определениот наследник да нема право да ја оспори оваа расподажба на името и во некои поповолни услови на пазарот да си го врати во своја сопственост.
  3. Јазик. Со ова се елиминира секаква опасност од можен ризик за потпишување на документи со текст и правно дејство на јазик кој не постои.
  4. Историја. Осигурување на потполно изчезнување на докази за времено движење на имотот низ годините, десетолетијата, вековите сé до денешен ден со што поимот имотен лист станува безвреден.
  5. Народ. Е, народ нема. Без овие предходни распродадени вредности народот ќе се врати во фаза на раја или уште полошо на модерни робови и ќе биде предмет на размена по принцип на првобитниот, најпримитивен вид на трговија, проста размена производ за производ.

Сето останато што не е предмет на овој договор за распродажба езера, реки, планини, рамнини, пасишта, шуми, рудни богатства, градови, села, патишта, станбени згради, болници, фабрики и сé друго останато автоматски ќе му припадне на купувачот по принцип плати четири носи сé. Нашата парола е Задоволен купувач, наша обврска! Затоа побрзајте навалете цените се многу поволни.

Ние, вистинските законски сопственици, граѓаните на Република Македонија со чест и обврска кон нашите предци, заради наше избавување и грижа за идното потомство бараме од институциите на државата пред се од државниот правобранител веднаш да стави времена забрана на оваа срамна, бандитска и незаконска постапка за распродажба на сé она што е свето за нашиот народ. Сепак свесни сме, дека од ова барање нема да има фајде, затоа што искуството нé научило да не веруваме на празни соништа и на зборови на измамници.

Народе мој, сакам да те предупредам дека доаѓаат историско тешки, но и срамни времиња. Ќе ти треба голема смиреност, истрајност, здрав разум, вештина и заедничка храброст од сите. Предизвиците пред кој си исправен народ наш напатен се огромни. Ама, токму од напатените народи излегуваат силни и креативни личности. Длабоките лузни врежани во вашите души се непобитна потврда за тоа. Убаво знаеш дека народ не може никогаш да биде поразен, народ може само сам себе да се посрамоти. Сега е моментот да ја согледаш разликата помеѓу понудените реформи промена на систем и држава од една страна и татковината од друга која ти е род од прво колено.

Сега треба смело да им порачаш на џамбазите и праматарите да продолжат да продаваат свињи, магариња и бижутерија. Ова се премногу скапоцени вредности за да поминуваат низ вашите лепрозни раце. На вас, кастрираните евнуси маскирани во некои политичари, колумнисти, советници, аналитичари, новинари и невладини активисти, боледувате од лесно пренослива болест и пред да го заразите граѓанството престанете со купување на честа на својот народ во замена за срамна понуда за подобар живот. Ветувањата за полни стомаци и дебели газови само можат да ти наштетат, тие авал не прават, тие главата ќе ти ја изедат.

Не рекле старите попусто “Ако среќа се огледаше во ситост, тогаш и воловите би биле среќни кога ќе се најадат слама’’. Сега е неопходно да застанеш храбро и да се спротиставиш енергично во одбрана од сé што ти се подготвува. Еве ти несекојдневна прилика од публика каде што зборуваш за другите да се трансформираш во актер за кого со восхит ќе зборуваат. При тоа немој да заборавиш што и да направиш за татковината никогаш не е доволно. Направи го тоа веднаш. Утре е доцна. Сетнина нема.

Во спротивно ќе дојдат многу туѓинци кои прв пат ги гледаш чии јазици нема да ги разбираш, нивните традиции и обичаи нема да ги познаваш заради што ќе се чувствуваш странец дома. Многумина ќе бидат принудени да заминат, тие малку што ќе останат ќе бидат претворени во био роботи или модерни робови без чувство за радост и за тага кој ќе им работат на новопечените чорбаџии како аргати и измеќари. Ќе им ги уредуваат градините, ќе им ги чистат домовите, ќе им ги шетаат домашните миленици, ќе разнесуваат млеко и весници и ќе менуваат мелни пелени за возрасни. Ќе се претворите во редок ендемски примерок и ќе бидете управувани од туѓинци кои немаат никакво разбирање за вашиот начин на живот. Твојата Македонија и понатака ќе биде совршена интеграција на природните убавини, културно историски споменици, духовно наследство ама ти сето тоа нема да го гледаш, нема да го чувствуваш и нема да се радуваш затоа што тоа нема да биде твое и на него ќе гледаш како духовна пустелија.

Ноември 2017г.

Освестете се колку ДОЦНИМЕ и УВЕРЕТЕ СЕ дека е дојдено нож до коска.

ДА ЖИВЕЕ ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА !!!

И ќе ја одбраниме затоа што Македонија има и ќе има многу Илинденци.

ДА ЖИВЕЕ ИЛИНДЕН !!!  ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top