Коментари

СЕЌАВАЊЕ ЗА ПАТРИОТИЗМОТ НА БОГДАНОВСКИ, ТРАНТАЛОВСКИ И ТРПОСКИ

1drag12
*

1drag12

На сликата се: Владо Транталовски, Драган Богдановски и Сласе Трпоски во Минхен 1990 год. 

По распадот на југо-федерацијата, група патриоти ја напуштаат партијата МААК и ја формираат партијата ВМРО-ДПМНЕ ,пред која ќе застанат: Борис Змејковси. Драган Богдановски, Лубчо Георгиевски и браќата Гојко и Мане Јаковлевски од Германија, а со задача да се борат за самостојна и обединета Македонија. А Спасе беше ополномоштен да дели пристапници за ВМРО-ДПМНЕ. Тој таа партија, со група македонски патриоти од Сиднеј, на 27 јули 1990 година ја формираат и во Сиднеј, Австралија, на која подоцна ќе и се приклучуваат активисти и бизнисмени и од другите градови на Нов Јужен Велс, кои ќе допринесат финансиски да ја зајакнат партијата, која на првите демократски избори, оджани на 11.11.1990 година, таа ќе освои 38 пратнички места. Личност за контакт со Македонија им послужи Дијана Транталовска преку која се испраќаа пораки преку факсови, а и добиваа записи од новини за успехот на партијата во Парламентот на Р.Македонија. 

На 11 јануари 1991 година Спасе повторно се враќа во Македонија. За кон крајот на јануари 1991 година, тој, со  активисти од ВМРО-ДПМНЕ, во Охрид, ќе му го растураат основачкиот собир на Владо Голубовски за прогласување на новоформираната партија ВМРО-ДП.

Но од подоцнежните разговори со Владо Транталовски и со ќерка му Дијана, Спасе ќе биде вчудовиден од нивните изјави дека во партијата се јавиле негативни струења. УДБ-а успеала партијата начисто да ја расклинка. На Богдановски не му издавале влезна воза за во Македонија. А главните функции повторно ги завзеле поранешните угнетувачи на македонскиот народ.  Мнозинството од членството се разочарало од пасивниот однос на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната вазлна политика.  

На Јуни 1990 година Спасе Трпоски со Владо Транталовски отпатувале на средбата со Драган Богдановски во Минхен.

Разговорите биле загрижувачки во врска односот на Георгиевски и Змејковски кон симпатизерите и пратениците од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие му се пожалиле на Богдановски, како на иницијатор, да превземе соодветни мерки против нив за да не и се случи најлошото на партијата.

На враќање од Минхен преку Виена, Спасе ќе отпатува во Австралија, а Владо со возилото на Спасета ќе се врати во Македонија.

Само што се вратил Спасе во Сиднеј, бил повикан на изборен состанок на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кој бил закажан за на 1 март 1991 година. Каков шок. Во Одборот, кој предвреме бил испланиран, се изнапикале разни шпиуни, кодоши и лизурковци, кои се претставувале дека се овластени од Змејковски. Партиските документи останале кај Спасета, кој ги чувал кај себе се до следиот изборен состанок што се одржал во октомври 1991 година.

Па така, Спасе им ја препуштил партијата ВМРО-ДПМНЕ за Сиднеј и Нов Јужен Велс на луѓе кои подоцна ќе се натпреваруваат за тоа кој ќе ги преземе владеачките места, по кои кавги и расправии ќе основаат и два истоимени партиски ограноци со двојни лидери, за на крај, жалосно но вистинито, таа партија да биде начисто уништена.

Овде ќе цитираме еден исечок од писмото на Спасета испратено до Драган Богдановски на 6.6.1991 година, во кое се зборува токму за оваа ВМРО-вско партиска ујдурма во Сиднеј: – Драгане, ние во Сиднеј основавме секција на ВМРО-ДПМНЕ. Ти знаеш дека јас бев овластен од Скопје и лично од Дијана Транталовска за да ги зачленувам  луѓето во партијата. Но, што се случи после тоа. Кога го видоа кариеристите нашиот успех, се обидоа да не растурат. И успеја во тоа. Не може да се истрпи нивното однесување.

Драгане, за кратко времеи овде (во Сиднеј) ќе дојде до поделба на секцијава, каква што и се случи на секцијата во Мелбурн… 

(Ова е дел од биографските спомени на Спасета, кои се извлечени од книгата „Спасе Трпоски – живот и дело“ на Иван Трпоски, а во издание на Македонското литературно друштво „григор Прличев“ од Сиднеј, објавена во „Ирис“ Струга 2008 година) 

А неодамна од печат излезе и најновата книга за Драган Богдановски „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во Македонија, а во уредништво на Ангело Вретоски и Мендо Волкановски. 

Иван Троски

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top