Коментари

ЛАГИТЕ НА БРИСЕЛ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

1odor

1odor Пишува Тодор ПЕТРОВ

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето… Македонија доби нестандардна процедура за преговори за членство во Европската Унија. Сите почнуваат со Меѓувладина конференција на која се утврдува Преговарачка рамка, Македонија до одржување на Меѓувладината конференција доби три задачи поради бугарското вето, рамно на објава на војна, полно со омраза против Македонскиот народ. Прво да се склучи Протокол за спроведување на Договор, второ да се одржи Политички состанок ЕУ-Македонија и трето Собранието на Македонија да ги впиши бугарите во Уставот на државата. Е, дури откако сето ова ќе се стори, ќе се свика и одржи Меѓувладината конференција ЕУ-Македонија за утврдување на Преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската Унија, со услови кои никогаш не можат да се исполнат. Преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, треба да се претворат во агонија за асимилација и денационализација на Македонскиот народ, а Македонија од држава треба да стане територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија.

Прв чекор, Владата потпиша Протокол за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 17 јуни 2017 година. Протоколот во кој се содржани сите идентитетски, образовни и историски прашања е врз основа на членот 12 од Договорот, во кој се зборува за годишен извештај. Но, Протоколот не претставува обичен годишен извештај, бидејќи од 2017 година одржани се само две меѓувладини комисии, Протоколот претставува Анекс на Договорот. Затоа, ЕУ му придава посебно значење и го инкорпорира во француската Преговарачка рамка. Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа Протоколот на 17 јули 2022 година.

Втор чекор, На 19 јули 2022 година се одржа Политички состанок ЕУ-Македонија на кој се донесоа заклучоци со кои се поздравува Протоколот од 17 јули 2022 година и се препорачува впишување на бугарите во Уставот на Македонија како предуслов за одржување на Меѓувладината конференција на која ќе се утврди Преговарачката рамка.

Запамтете, Македонија се уште нема Преговарачка рамка, предложена од Францускиот претседател Макрон на 23 јуни 2022 година, наводно корегирана со дополнителните 4 услови од Бугарското Собрание, на 30 јуни 2022 година.

Во отсуство на Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија, не’ залажаа дека Македонија започнува скрининг процес од Европската Унија кој треба да трае од септември 2022 година, ќе трае 16 месеци, заклучно со ноември 2023 година, како анализа на состојбата во земјата во однос на усогласеноста на домашното со законодавството на Унијата. Практично најдоцна во овој период, треба да се извршат уставните изменувања и дополнувања.

Македонците можеби се сиромашни и гладни, ама ниту нафта пијат ниту на гранка растат.

За да ја залажат јавноста откога Македонија не доби датум за почеток на преговорите во 2018 година, најавија скрининг процес. И, Македонија од 27 септември 2018 година заклучно со 31 мај 2019 година веќе спроведе еден скрининг со Европската Унија. Овој новиот скрининг од септември 2022 до ноември 2023 е реприза, бидејќи нема Меѓувладина конференција.

Трет чекор, Од септември треба да почне постапка за донесување на уставни амандмани за впишуање на софиските врховисти и колаборационисти како бугари во преамбулата и членот 78 од Уставот, без реципроцитет и Македонците да се впишат во Уставот на Бугарија.

Впрочем, бугарската унилатерална изјава за Македонскиот јазик, дека Софија не го признава и за неа претставува дијалект на бугарскиот јазик, не претставува ништо друго туку непризнавање на Македонскиот народ и непризнавање на Македоцните во Бугарија за кои не спроведува 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права!

Кон унилатералната изјава на Софија за македонскиот јазик во прилог на Преговарачката рамка, Бујар Османи придодаде и македонска унилатерална изјава во која се откажа од дијалектите на Македонскиот јазик во соседните земји, поради непризнавањето на Македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Македонците очекуваат да не бидат изгласани изменувања и дополнувања на Уставот на државата Македонија!

Етнички бугари во Македонија, Албанија и Косово НЕМА! Македонија не смее да впиши во Уставот софиски врховисти и колаборационисти за бугари, тоа претставува почеток за системска демонтажа на Македонската држава.

Македонија влезе во лавиринтот на Брисел без почеток и без крај… Агонија која може да заврши само со итно и безуслвно раскинување на Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас… Господ напомош нам Македонците и Македонија.

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top