Коментари

Чемер и гнев ја преплавија македонската душа!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва 

Чемер и гнев ја преплавија македонската душа! 

„Во овој момент, во ова историско место Св. Отец Прохор Пчински и на овој историски ден – Илинден, кога објавувам дека е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, душава ми е преполна со радодост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар до Места и до Бистрица, заплискувајќи ја целата македонска земја, сакајќи од македонскиот народ да го измијат десетвековниот ропски срам од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава…“ – ќе истакне на почетокот од својот говор Панко Брашнаров на Првото заседание на АСНОМ, 

На  Првото заседание на АСНОМ оддржано на 2 август 1944 година, беа поставени темелите на македонската дежава, прва после Самоиловата држава. Поради остварувањето на вековниот сон, за создавање на македонска држава, душата на Панко Брашнаров му треперала од радост, како што му треперела душата на секој присутен делегат дојден од сите делови на Македонија. Со содавањето на македонската држава, како што тогаш ќе каже Брашнаров, и „починатите народни херои можеа во мир да го гледаат изгревот на слободата“, а пак коските на старите илинденци на Гоце Делчев и на новите илинденци – партизаните кои загинаа за слобода на Македонија да најдат мир во своите вечни почивалиште расеани по цела Македонија.

По повеќе од седумдесет години постоење македонска држава, прво во рамките на федеративна Југославија, а потоа од осамостојувањето во 1991 година до денес како независна и самостојна Република Македонија, период во кој македонскиот народ се стекнал со признание во целиот свет, денес душата на македонскиот народ е исполнета со тага, а коските на македонските херои од првиот и вториот Илинден се превртуваат во своите гробови.

Чемер и гнев ја преплавија македонската душа, гледајќи како власта со невидена леснотија го распродава се она што македонските дејци го стекнаа со реки крв. Никој не може да сфати како и зошто власта предводена од СДСМ и ДУИ во последните пет години ја растурат државата, ги уништуваат темелите поставени со Крушевската Република и АСНОМ, уништувајќи ги притоа институциите и распродавајќи ги националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата,

Револтот на народот е голем, особено откако се разбра дека македонската историска комисија за 250000 евра, колку што заработиле за 3 години, се договорила со бугарската комисија дека заеднички се Цар Самоил, Св Кирил и Методиј, Св Климент и Наум, нешто што нема врска со науката, туку само со политиката. Тоа значи дека за да влезат во ЕУ, по откажувањето од антиката, ја продале и македонската средновековна историја, а со бугаризирањето на Самоиловото царство, на кое се повикува и Брашнаров, се прави и обид за видоизменување на значeњто на АСНОМ, со што би се пресекле континуитетот, корените на македонскиот народ.

Со ретуширањето на македонската историја, јасно се препознаваат обидите на Софија да докажат дека до 1944 година сме имале заедничка историја, дека во 1944 година не сме формирале македонска ами нова „бугарска“ држава (две држави ист народ) мешутоа тоа не сме го знаеле, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека Македонци не постојат. Сето ова значи дека ако Македонците се Бугари Софија има право на Македонија и дека еден ден можат комотно да испратат еден инжинериски полк за да ги заштитат Бугарите во Македонија или да ги срушат сите македонски споменици кои според нив ја „негираат и навредуваат“ т.н. бугарска вистина за бугарскиот карактер на Македонија. 

Дека кај нас се е можно, покажува инфомацијата која ја пласираа медиумите дека античките поставки се повлечени од Археолошкиот музеј, наводно за конзервација. Ако истите се во депоата е добро, но навистина би било лошо ако тие се продадени од криминогените структури или подарени на Атина, само за да не ги иритираме Грците.

Следствено на тоа, се предвидува промената на учебниците, во кои ќе се учи историја по теркот на Софија, а како што тргнала работата, еден ден на барање на бугарската истоириска комисија може ќе дојде и до палење на македонските историски книги како што тоа го направија  на 10 мај 1933 година Германците. Тогаш националсоцијалистите запалија повеќе од 20.000 книги на „неподобните автори“. Односно се што не беше германско му го предадоа на огнот. Така и кај нас може да се случи на барање на Софија, СДСМ и ДУИ се што произлегло од Институтот за историја, Институтот за македонски јазик и МАНУ, односно „се што е македонско да му го предадат на огнот“.

За ваквото можно сценарио сами сме криви. Додека македонските дејци на старото Гоцево ВМРО и македонските партизани се бореа за слободна и обединета Македонија, во 2001 година власта преку МАНУ говореше за поделба на единственото слободно парче македонската територија. Тогаш се заговараше  размена на територии и население, при што Тетово, Гостивар и Дебар требаше да се размени со територија од Преспанскиот дел на Албанија, а како што подоцна пренесуваат медиумите во 2009 година, тогашните бугарофили во власта се залагаа остатокот „да се однесе кај нашите во Бугарија“.

Ако е познато дека во тоа време поделбата била прифатена од српскиот премиер Зоран Ѓинѓиѓ, а исто така ако е позната изјавата која приближно гласи дека „ако не прифатиме таква поделба ќе настанат такви случувања поради кои ќе зажалиме“, изгледа дека настаните кои денес ни се случуваат повторно се во пресрет на решавање на Косовското прашање, Идеите на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски кој зеде бугарски пасош сега ги турка коалицијата на власт СДСМ и ДУИ.

Со Рамковниот договор од Охрод 2001 година, Законот за терторијална поделба од 2004 година, како и со прифаќањето на Тиранската платформа и донесувањето за Законот за употреба на јазиците, Македонија е практично поделена. Судирот помеѓу раководството на Обвинителството и Финасиската полиција, само покажа во која мерка земјата е поделена,  и колку македонскиот дел од власта е немоќен пред ДУИ.

Всушност за судбината на земјата решаваат Тирана и Софија, но не и Македонците, бидејќи благодарение на СДСМ и ДУИ повеќе нема ни А од АСНОМ-ска Македонија. Но, благодарение на ним, нема ни инстутуција која може да застане во одбрана на националните интереси.

Засега сето тоа македонскиот народ и останатите зедници немо го гледаат. Но нивите души се исполенти со чемер и доколку нема предвремени избори за да на мирен начин ја остранат оваа предавничка власт, можно е еден ден да го истурат својот гнев на улица.  

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top