Коментари

Свекрва : Секој десетти во Скопје е нечиј шпион!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва 

„ (Градот-нз) е преполн со многу конзулати и сомнителни продавници, кои со сигурност може да се припишат на поединечни филијали на тие конзулати. Многубројни, незапослени и со проблематична егзистенција, луѓето ве среќаваат на секој чекор и на секој час на улица, тие ве следат, не знаеш ни зошто, каде си пошол, со таа глупава ориентална итрина што им ѕирка од очите, одат потоа кај нивните газди, известувајќи ги за „вестите“ и потпишувајќи ги признаниците… Со мирна душа и чиста совест може да се каже дека секој десетти во Скопје е нечиј шпион…“– пишува Патар Кочиќ во текстот „Слики од Стара Србија и Македонија“, објавен во сараевскиот весник „Ден“ во септември 1905 година.

Во рамките на српската пропаганда во Македонија, истакнатиот српски писател и политичар Петар Кочиќ (Стричичи, 29.06.1877 – Белград, 27.08.1916) поминал помалку од десет месеци во Скопје во 1905 година. Тука работел како учител по српски јазик и литература во локалната гимназија и учителска школа, кои биле сместени во истата зграда. Во овој период, на сцената на скопското здружение „Српско коло“, во своја режија, ја постави својата едночинка „Јазовец на суд“, кој се смета за првиот театарски настан во историјата на Скопје. На изведбата на претставата присуствувале претставник на турските власти и сите конзули, освен австрискиот.

Кочиќ бил отворен, директен, чувствителен и праведен, па за кратко време успеал да ги освои срцата на повеќето негови ученици, но и да ја загуби наклонетоста на оние кои вистински управувале со христијанскиот дел од скопската чаршија во тие кризни години. Поради неговите особини, се нарушила врската со тогашниот српски конзул, што пак делуваше на должината на неговиот престој во Скопје.

Имено, од моментот кога пристигнал во градот, Кочиќ пишувал дописни извештаи за сараевскиот весник „Дан“ во кои се занимава со атмосферата што ја затекнал во градот. Во статијата „Слики од Стара Србија и Македонија“ тој ќе напише:

 „ (Градот-нз) е преполн со многу конзулати и сомнителни продавници, кои со сигурност може да се припишат на поединечни филијали на тие конзулати. Многубројни, незапослени и со проблематична егзистенција, луѓето ве среќаваат на секој чекор и на секој час на улица, те ве следат, не знаеш ни зошто, каде си пошол, со таа глупава ориентална итрина што им ѕирка од очите, одат потоа кај нивните газди, известувајќи ги за „вестите“ и потпишувајќи ги признаниците… Со мирна душа и чиста совест може да се каже дека секој десетти во Скопје е нечиј шпион…“

На Кочиќ ова не му беше доволно, па во продолжението на статијата го напишал и ова:

„Зборот конзул е тежок и гломазен збор. На крајот на краиштата, како се зема, на пример, кога ќе се додаде придавката англиски, руски, француски и австриски, тогаш е страшен и морничав. Кога пред него ќе се стави придавката бугарски, грчки и српски, тогаш тој збор не вреди ни луле тутун. Уште повеќе, таа потоа ги расположува Турците за шега и смеа, па тие веднаш се фаќаат за мустаќите и со иронична насмевка прашуваат: „Кач пара (колку пари)?

Со своите провокативни „објави“ во тогашните медиуми, Кочиќ собра многу симпатии, но и многу напријатели. Иако ги собра симпатиите на сите негови ученици, тој исто така создаде завист и нетрпеливост кај некои свои колеги. Истите тие и повиканите едвај дочекаа згодна прилика за да се ослободат од славниот, но незгоден и непосакуван гостин.

По повод статијата „Една фамозна свадба“, објавена во белградска „Политика“ на 22 јули 1905 година, во која Кочиќ ја опишува свадбата во која српскиот архимандрит Сава ја мажи ќерката за „бугараш“ во Тетово, претставникот на српскиот генерален конзул во Скопје го тужел писателот до министерството во Белград. Со решение од 20 октомври 1905 година Министерството побарало да биде префрлен Кочиќ од Скопје во Битола. Меѓутоа, тој го одбил трансферот, сметајќи го за незаслужена казна и тргнал за Белград. Но, поради своеволно напуштање на местото и неизвршување на наредбата за преместување, Петар Кочиќ бил отпуштен од српската државна служба  со акт на Министерството од 14 ноември 1905 година.

По повеќе од еден век во Скопје се гледаат истите слики. Градот е преполн со шпиуни, невладини организации кои се нивни испостави и кои им испорачуваат потребни информации, луѓе кои ве следат на социјалните мрежи и поинаку, потоа ве прислушкуваат и т.н, Како последица на сето тоа медиумите одвреме навреме ќе објават прислушкувани разговори, видеа каде се гледа како луѓето од власта бараат мито, како земаат пари.

Исто така, одвреме на време повторно се слушаат луѓе со иронична насмевка како прашуваат за „Кач пара (за колку пари)? Имено, отворено ве прашуваат дали сакате да влезете во ЕУ, односно колку пари барате за да се откажете од историјата, од идентитетот. јазикот и културата.

Меѓутоа, ако некој се обиде да се спротиставува на социјалните мрежи или пак со некој текст како Кочиќ, тогаш луѓето кои ве следат, веднаш ќе ве обвинет за говор на омраза и како во минатото може да се случи истиот да остане без работа или пак да го снајде уште многу понепријатни нешта.

Ништо не е сменето. Се уште има луѓе кои за пари ќе продадат се! Но уште повеќе има луѓе кои и покрај сиромаштијата, и покрај сите непријатности и тешкотии низ кои минуваат не можат да се купат. Тие сеуште активно се спротиставуваат на распродажбата на националните интереси. 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top