Коментари

Ламбе Арнаудов: ТИТАНОТ МАРКО ВИСТИНСКИ СИН МАКЕДОНСКИ!

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Голем Човеку МАРКО, ТИ благодарам што денес ме направи да се чувствувам горд и среќен и да се радувам искрено на вистинските вредности со кои сите нé научи, дека животот е убав затоа што од време на време ќе се роди ЧОВЕК. Проштевај МАРКО што, иако си дете те нарекувам ЧОВЕК зошто ТИ си многу повреден од илјадници и илјадници луѓе заедно, и уште многу кои никогаш нема никој од нас да израсни во ТИТАН-ЧОВЕК ни приближно рамен на ТЕБЕ.

1Marko-1

Денес кога доплива во пристаништето во Охрид после 64 км препливана најдолга делница во историјата на маратонското пливање во еден здив, солзи радосници ни навреа на сите кои бевме таму, клечиме пред ТЕБЕ и длабоко ТИ се поклонуваме и од срце ТИ БЛАГОДАРИМЕ наш, на сите СИН со кој се ГОРДЕЕМЕ.

Почитуван мој МАРКО, ТИ денес и изминативе денови и години на сите нас ни залепи по една жешка шлаканица од која додека сме живи ќе ни црвенеат образите (оние кои имаат образ).

Нé научи што е челична волја, екстремно висока издржливост, жилавост и трето што е најважно, импресивно и восхитувачки кај ТЕБЕ, тоа што секој збор што го даде и го исполни, одржа.

Четврто, сигурно и неповторливо, тоа што го правиш го правиш со невидена скромност и кога поминуваше мирно достоинствено меѓу ТВОИТЕ почитувачи кои скаменети се чудевме, но искрено, топло и со благодарност се радуваме на светски постигнатиот резултат, ТИ МИЛИНА наша како да ни кажуваше: “Ова е моја должност“ и нормално без никаква задршка ТВОЕТО постигнување им го подари на својот македонски народ и на твојата татковина МАКЕДОНИЈА, порачувајќи ни дека сите овие генијални дела и натчовечки залагања никогаш не се доволни за да се оддолжам на мојот народ и мојата татковина.

Права е среќа што сам, веројатно по Божја промисла тргна во остварување на овие највисоки дострели што еден човек може да ги достигне.

Ако ТЕ земаа под свое разни матрапаси, ти ќе победуваше, ќе соборуваше рекорди, а други ќе се китеа.

ТИ Благодарам ТЕБЕ лично и на ТВОИТЕ најблиски што на импресивен и зачудувачки начин ТЕ сочуваа од ситните патуласти човечиња, а ТИ КОЛОС безвремен.

ТИ докажа дека вистинските вредности се кај обичниот, мирен и трудољубив народ, а не во  вештачки градени митови и елити бели мермери од надвор, а скапани и мувлосани одвнатре.

64 километри е растојание од твојот, мојот и од сите сакан Охрид до Битола.

Тие кои денес најмногу црвенеат посрамотени од твоето епохално дело, со црни и сиви мерцедеси придружувани од десетина горили и стопиран сообраќај мачно им е и негодуваат додека ги извозат нивните скапо платени возачи еднакво како што тие го возат својот народ.

Марш на власта, истајте се сите. Претседател, премиер, министри, обвинители, судии, директори, академици, свештени лица, претседатели на разни комисии предавнички, владини, невладини организации, институти, корумпирани полицајци, заведени, војни старешини, хорор дипломати и други антимакедонски елементи.

МАРШ НА СИТЕ !

НЕ НИ ТРЕБАТЕ !

НИЕ  ГО  ИМАМЕ  МАРКО !!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top