Историја

Документ од 1904 година: Бугарија се обврзала да ги прогонува и казнува македонските револуционери

Македонска Нација

Во договор со Отоманската Империја, бугарската влада презела обврска да спречува револуционерни комитети, чети и активности поврзани со македонското ослободително движење.

Малку познат документ од февруари 1904 година сведочи дека Кнежеството Бугарија презело конкретна обврска пред Отоманската Империја да го забрани организирањето и функционирањето на револуционерни комитети на својата територија, да го спречува создавањето чети, како и да ги гони и казнува лицата кои би биле обвинети за нарушување на редот и јавниот спокој во пограничните провинции на империјата.

Овој документ е особено значаен затоа што се однесува на периодот веднаш по Илинденското востание, кога македонското револуционерно движење било изложено на силни притисоци од повеќе страни.

Во продолжение е превод на делови од оригиналниот текст на македонски јазик:

ДОГОВОР
меѓу Турската Империја и Кнежевството Бугарија

Денес, во февруари 1904 година, Неговото Превозвишение…

Член 1. — Бугарската кнежевска влада се обврзува да ги преземе сите неопходни мерки за да го забрани организирањето и функционирањето на револуционерните комитети на својата територија, да го спречи создавањето на чети, да ги гони и казнува сите оние што би се покажале виновни за нарушување на редот и јавниот спокој во пограничните провинции на империјата;

Документот е пренесен во изданието:

ГОДИШНИК
на
Софискиот универзитет
и
Правниот факултет

Книга 1

Годишник на Софискиот универзитет и на Правниот факултет

Софија — Национална печатница на Н. Ковачев — 1906 година

Во француската верзија на текстот, објавена како „Спогодба меѓу Турската Империја и Кнежевството Бугарија“, се наведува дека таа не го нарушува пријателството меѓу двете страни, туку има цел да ги зацврсти нивните односи и да спречи интриги и вознемирувања што би можеле да го нарушат мирот и доброто разбирање.

СПОГОДБА
меѓу Турската Империја и Кнежевството Бугарија

Оваа спогодба во ништо не ги нарушува пријателството и благонаклоноста што отсекогаш постоеле меѓу двете империи, туку има цел уште повеќе да ги зацврсти врските на пријателство што ги поврзуваат, како и да спречи секоја интрига и вознемирување што би можеле да ги нарушат мирот и доброто разбирање.

Денес, во февруари 1904 година, делегациите на високите договорни страни, овластени од Неговото Превозвишение Големиот везир, од една страна, и од Неговото Превисочество Кнезот на Бугарија, од друга страна, по размена на нивните овластувања и откако одлучија да ги уредат пријателските односи што отсекогаш постоеле меѓу двете империи, се согласија за следново:

Член 1. — Бугарската кнежевска влада се обврзува да ги преземе сите неопходни мерки за да го забрани организирањето и функционирањето на револуционерните комитети на својата територија, да го спречи создавањето на чети, да ги гони и казнува сите оние што би се покажале виновни за нарушување на редот и јавниот спокој во пограничните провинции на империјата.

Овој историски извор претставува значајно сведоштво за односот на тогашната бугарска држава кон македонското револуционерно движење во периодот по Илинденското востание.

Токму затоа документот отвора сериозни прашања за политиките што се воделе кон македонските револуционерни организации на почетокот на XX век, но и за денешните обиди историските настани да се прикажуваат еднострано и надвор од контекстот на времето.

Извор: „Годишник (Annuaire)“, Софиски универзитет, Правен факултет.

Благодарност за пронаоѓањето на документот до Дунек Македонски.

Најново од: Историја

1998–2000: Од првата смена на власта до тивкото наталожување на кризата

Периодот од 1998 до 2000 година беше вовед во една од најчувствителните етапи во поновата македонска историја — време на прва демократска смена на власта, косовска криза, бегалски бран, евроатлантско позиционирање и сè поизразени безбедносни и меѓуетнички тензии. Периодот од 1998 до 2000 година претставува прв дел од една од најбурните и најчувствителни етапи во […]

Теории за изгубениот гроб на Александар Македонски

Архивски текст од 2013 година од Гордана Димовска: Од необичните тврдења за артефакти во Илиноис до теоријата дека посмртните останки на Александар се наоѓаат во Венеција, мистеријата за неговиот гроб и понатаму ја буди светската јавност. Овој текст се реобјавува како архивски прилог за една од најголемите историски и археолошки мистерии поврзани со Александар Македонски. […]

Документи од времето на царицата Елисавета: Македонците постоеле многу пред Тито

Руски документи од XVIII век: Македонците запишани како посебен народ и „македонска нација“ Во документи од времето на руската царица Елисавета Петровна, поврзани со населувањето на православни народи од Балканот во Руската Империја, јасно се спомнуваат Македонците, а во посебни списоци доселеници се заведени како припадници на „македонска нација“. Историските документи понекогаш зборуваат посилно од […]

Како современата историографија го обликуваше ликот на Александар Македонски

Од Драјзен до Тарн – научните толкувања што го претворија Александар во една од најистражуваните личности во светската историја Еден од поактивните научници кои во поново време се занимавале со ликот и делото на Александар Македонски забележал: „Ние сите ја интерпретираме големата драма на Александар во прифатливите услови на нашето искуство и во нашите соништа.“ […]

Александар Македонски меѓу историјата, митот и вечната македонска вистина

Ликот и делото на Александар Трети Македонски со векови остануваат предмет на истражување, восхит и толкувања, но и поле на судир меѓу историските факти, легендите и современите обиди за присвојување на минатото. Во време кога различни политички и идеолошки центри се обидуваат да ги преобликуваат историските факти и да ги присвојуваат достигнувањата на древните цивилизации, […]

Мијак кој се покајал поради антимакедонската пропаганда во 1939 година

Ристо Огњановиќ-Лоноски е роден во мијачкото село Галичник во 1870 година, во семејството Лоновци. Како млад човек заминал на печалба со својот татко во Солун, каде што се запишал во Егзархиската гимназија. Подоцна школувањето го продолжил во Учителската школа „Свети Сава“ во Белград, специјално отворена за деца од Македонија, со цел создавање кадар што ќе […]

Македонскиот јазик признат во американски дикументи од 1919 година

Архивски документ на американската Служба за имиграција сведочи: „Сите тие зборуваат македонски“ Историските архиви чуваат бројни сведоштва за постоењето и употребата на македонскиот јазик многу пред неговата официјална кодификација во 1945 година. Еден таков значаен документ потекнува од 26 април 1919 година и е издаден од Службата за имиграција при Министерството за труд на Соединетите […]

Српски конзул во Битола за Македонскиот јазик во 1892 година

Српскиот конзул во Битола, Димитрије Боди, во извештај до министерот за надворешни работи на Србија, Владан Ѓорѓевиќ, во 1892 година запишал значајно сведоштво за употребата и афирмацијата на македонскиот јазик во образованието. Во својот извештај тој наведува: „…Она што се случува во овој град, господине министре, според моето скромно мислење може да предизвика далекусежни последици […]

To top